Стамболијски (град)
Стамболијски Стамболийски | |
---|---|
град | |
Православната црква „Света Троица“ во Стамболијски | |
Местоположба на Стамболијски во Бугарија | |
Координати: 42°08′00″N 24°32′17″E / 42.133241° СГШ; 24.537919° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Пловдив |
Општина | Стамболијски |
Управа | |
• Градоначалник | Петар Неделев |
Површина | |
• Вкупна | 14,24 км2 (5,50 ми2) |
Надм. вис. | 200 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 11,282 |
• Густина | 790/км2 (2,100/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4210 |
Повик. бр. | +359 0339 |
Мреж. место | stamboliyski.egov.bg |
Стамболијски (бугарски: Стамболийски) — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината Стамболијски во Пловдивската Област. Има население од околу 11.282 жители (2022).[1]
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во Пазарџичко-Пловдивското Поле во близина на реката Марица. Стамболијски се наоѓа на 20 километри западно од регионалниот център Пловдив и 135 км од главниот град Софија.
Историја
[уреди | уреди извор]Населбата настанала во 1873–1875 година как железничка станица, по поставувањето на железничката линија од Цариград до Белово. Линијата минува покрај селото Полатово (денес населба на градот), но новата населба се нарекувала Гара Кричим, бидејќи најголема населба во нејзината економска близина било селото Кричим, кое се наоѓа на 14 километри југозападно од станицата.
Првите доселеници биле од Перуштица, Брестовица, железничари по линијата до Пештера, трговци со жито, овошје и зеленчук, комисионери, гостилничари. Вака настанала населбата северно од пругата. До 1926 година, станицата Гара Кричим имала 224 жители.
Во периодот 1926 –1928 година овде дошле нови доселеници од Тракија и Македонија, а на пописот од 1934 година, населението во стационарската населба изнесувало 554 луѓе.
Подоцна започнала изградбата на фабрики, особено во пресрет на Втората светска војна, кога конзервната индустрија била насочена кон германскиот пазар. Први пристигнале браќата Тевекелиеви (1933-1934) од градот Елена. Градат фабрика на површина од 15 декари. Земјиштето го добиле бесплатно од општината. По нив дојдоле големите пловдивски капиталисти, браќата А��калај, кои својата фабрика ја нарекле „Алка“. Браќата Маринови изградиле фабрика за вакуум, а со италијански капитал била основана фабриката за ладилници „Родина“. Населбата постојано се развивала и станула важен индустриски и транспортен центар.
Назив и статус
[уреди | уреди извор]Со закон донесен на 11 септември 1964 година, населбата добила статус на град со нејзиното име Гара Кричим[2], но обично се нарекувала само град Кричим, испуштајќи ја придавката Гара.
Со Указ 828 на Народното собрание од 27 август 1969 година, кога селото Кричим било исто прогласено за град, градот (Гара) Кричим бил преименуван во град Нови Кричим.[3]
Со Указ 256 на Државниот совет на НРБ од 26 февруари 1979 година Нови Кричим бил преименуван во Стамболијски[4] во чест на бугарскиот политик Александар Стамболијски
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Справка за гр. Стамболийски, общ. Стамболийски, обл. Пловдив към 19.09.1964 г. – Национален регистър на населените места
- ↑ Справка за гр. Стамболийски, общ. Стамболийски, обл. Пловдив към 29.08.1969 г. – Национален регистър на населените места
- ↑ Справка за гр. Стамболийски, общ. Стамболийски, обл. Пловдив към 03.03.1979 г. – Национален регистър на населените места