Сони Андерсон
Сони Андерсон | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 19 септември 1970 | ||
Роден во | Гојатуба, Бразил | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,81||
Позиција | напаѓач | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1988–1991 | Васко де Гама | 42 | (1) |
1992 | Гуарани | 18 | (4) |
1992–1994 | Сервет | 52 | (31) |
1994 | Марсеј | 20 | (16) |
1994-1997 | Монако | 91 | (51) |
1997-1999 | Барселона | 47 | (16) |
1999-2003 | Лион | 110 | (71) |
2003-2004 | Виљареал | 38 | (13) |
2004-2005 | Ал Рајан | 20 | (24) |
2006 | Ал Гарафа | 19 | (6) |
Репрезентација ‡ | |||
1997-2001 | Бразил | 7 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Андерсон да Силва (роден на 19 септември 1970), познат како Сони Андерсон или само Андерсон, е поранешен бразилски фудбалер кој играл како напаѓач.
Благодарение на својот фантастичен завршен удар Сони Андерсон е познат како плоден стрелец на клупско ниво, кој најдобро ќе остане запаметен по неговите настапи во Лион, Монако (играше поголемиот дел од својата кариера во странство во Франција) и Барселона.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Роден во Гојатуба, Гојас, Андерсон започнал професионално да игра фудбал со екипата на Васко де Гама, но не успеал да направи ран впечаток; а откако не успеал да постигне погодок во 18 натпревари во неговата последна сезона, тој се преселил во Гуарани. Своето прво искуство во странство тој го имал во швајцарскиот Сервет, и неговото влијание во клубот било инстант, постигнувајќи 20 гола во неговата прва сезона, а потоа му помогнал на клубот да ја освои националната лига во следната сезона, постигнувајќи 11 погодоци само во првата половина од сезоната, откако го напуштил клубот во јануари 1994 година за да прејде во екипата на Олимпик Марсеј.
По шест месеци, со Феникијците кој административно биле исфрлени од лигата поради скандал со корупција, Андерсон се пресели во друг клуб од Лига 1, екипата на Монако. Тој бил дел од победничката екипа во лигата во сезоната 1996–97 и добил поединечни признанија и слично.
Во 1997 година, Сони и се приклучил на Барселона. Тој имал сериозна борба за статусот на прв избор во нападот покрај фудбалери како Луис Енрике и Патрик Клајверт, но тој поминал добро, постигнувајќи 10 пати во Ла Лига сам во неговата прва сезона во клубот, во која Каталонците ја освоиле двојната круна. Во својата втора година, играл помалку, што предизвикало негово враќање кон Франција, откако Олипик Лион и платил на Барселона околу 18 милиони €. Тој бил многу важна фигура во офанзивата на клубот од Жерлан и еден од најзаслужните воопшто за првите две од седумте последователни титули во првенството на Франција.
На возраст од 33, Андерсон се вратил во Шпанија, потпишувајќи со Виљареал.[1] Во негова единствена целосна кампања, тој постигнал 12 гола, вклучително и еден против Реал Мадрид (1-0, по само две минути откако се појавил во игра), против поранешнниот клуб Барселона (2-1, во 89-тата минута) и против Валенсија (1-0), а во исто време и помага на популарната Жолта подморница да стигне до полуфиналето на Купот на УЕФА во сезоната 2003-04.
Сони ја завршил својата кариера во Катар. Тој потоа се вратил во Лион, за да работи со напаѓачите во тимот. Во јуни 2007 година, тој одиграл проштален натпревар на Стад Жерлан, во натпревар во кои се соочиле пријателите на Сони и Француските шампиони од 2002 година.
Во мај 2011 година, Андерсон ја започнал својата тренерската кариера, приклучувајќи му се на Нешател Ксамакс во Швајцарија. На 24 јули, по само два првенствени натпревари, тој бил отпуштен.[2]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Андерсон не успеал да го преведе неговиот клупски успех на репрезентативен план. Тој одиграл само седум натпревари, по неговото прво доаѓање во репрезентацијата во август 1997 година, против Јужна Кореја.
Титули
[уреди | уреди извор]
Васко де Гама
[уреди | уреди извор]- Серија А : 1989.
Сервет
[уреди | уреди извор]- Супер лига : 1993-94.
Монако
[уреди | уреди извор]- Лига 1 : 1996-1997.
Барселона
[уреди | уреди извор]- Ла Лига : 1997–98, 1998–99.
- Копа дел Реј : 1997–98.
- УЕФА Суперкуп : 1997.
Лион
[уреди | уреди извор]- Лига 1 : 2001–02, 2002–03.
- Француски Суперкуп : 2002.
- Лига куп на Франција : 2001-02.
Виљареал
[уреди | уреди извор]- Интертото куп : 2004.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статистика наL'Équipe (француски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Сони радост за Виљареал; UEFA.com, 9 јули 2003 година
- ↑ Neuchatel Xamax sack entire staff Архивирано на 26 октомври 2012 г.; ESPN Soccernet, 25 јули 2011
|