Слободан Чашуле
Слободан Чашуле | |
---|---|
Министер за надворешни работи | |
На должноста 30 ноември 2001 – 1 ноември 2002 | |
Претседател | Борис Трајковски |
Претходник | Илинка Митрева |
Наследник | Илинка Митрева |
Лични податоци | |
Роден(а) | 27 септември 1945 Скопје, СФРЈ денес Македонија |
Починал(а) | 17 декември 2015 Мадрид, Шпанија |
Националност | Македонец |
Партија | ВМРО-НП Нова Демократија |
Деца | Коле Чашуле |
Вероисповед | Православен христијанин |
Слободан Чашуле (27 септември 1945 во Скопје — 17 декември 2015 во Мадрид) — македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 2001 — 2002 година.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Чашуле е роден во Скопје на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, Чашуле го завршил своето образование на Папскиот католички универзитет во Лима, Перу.
Кариера
[уреди | уреди извор]- 1965 — 1967 — новинар и основател на ТВ Скопје.
- 1967 — 1974 — дописник на ТВ Скопје во Чиле и Перу.
- 1974 — 1980 — дописник за ТАНЈУГ во Латинска Америка и Карибите.
- 1980 — 1990 — главен уредник на ТАНЈУГ во Македонија.
- 1990 — 1994 — директор и главен уредник на македонското радио.
- јануари — април 1999 — Генерален директор на „Нова Македонија“ - Скопје.
На 30 ноември 2001, Чашуле станал Министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љубчо Георгиевски[2]. Во 2002 година избран е за пратеник во Македонското Собрание, од страна на ВМРО - Народна парти��а.[3]
Ззборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Починал на 17 декември 2015 година во Мадрид, Шпанија.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Габер, Виктор. За македонската дипломатија. Маргор. ISBN 9989851557.
- ↑ „Слободан Чашуле нов шеф на дипломатијата“. А1. 2 декември 2001 00:00. Посетено на 2010-12-18. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Пратенички состав“. Собрание на Македонија. Посетено на 2010-12-18.
- ↑ Почина Слободан Чашуле
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Животопис на С.Чашуле на „SEE Online“ Архивирано на 25 јуни 2007 г.
- Животопис на Чашуле на официјалното мрежно место на македонското Собрание
Претходник Илинка Митрева |
Министер за надворешни работи на Македонија 2001 — 2002 |
Наследник Илинка Митрева |