Прејди на содржината

Сиднеј Посеуло

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сиднеј Фереира Посеуло (Саун Пауло, 19 април 1940) е бразилски истражувач, социјален активист и етнограф.

Тој ја почнува кариерата како помошник кај познатите браќа Вилас Боас помагајќи им на Индијанците во близина на реката Ксингу. Подоцна тој работи како директор на одделот за непознати племиња во Национална Индијанска Фондација на Бразил FUNAI и за тоа време двојно ја зголемува површината на индијанската земја во Бразил за само две години.

Работејќи во најизолираните делови во близина на Амазон, Посеуло предводеше многу експедиции, стапувајќи во контакт со изолираните бразилски племиња племиња во близина на реката Амазон, Во април 1998 година Сиднеј ја добива престижната награда “Bartolomeu de las Casas” како признание на неговото животно време поминато со правата на изолираните Индијанци во Амазонската шума. Истата година Сиднеј продолжува со својата мисија. Тој тргнува да ги посети Камајура Индијанците во пустината Сахара. Но, возејќи под тешки услови, со брзина неприлагодена на условите на патот, Фереира доживува тешка сообраќајна несреќа, во која малку недостасуваше Фереира да го загуби животот. Тоа му одзеде многу месеци на Фереира за да оздрави. Во 1998 година тој ја добива и титулата “Херој на Планетата” (“Hero of the Planet”) од детскиот магазин Time[1] или уште подобро “Херој на годината” во 2001 година од Обединетите Нации. Тој стана добро познат претставник на таканаречените изгубени племиња, нивни спасувач, кој ги криеше од надворешниот свет, од оние кои сакаат да им ја одземат земјата. Во ноември 2005 Посеуло успешно ја организира првата меѓународна средба на екперти од неколку земји. На средбата се расправаше за заштитата на изолираните племиња. Сè до 24 јуни 2006 година Посеуло беше директор на одделот за непознати племиња на FUNAI. Поради тоа што тој го критикуваше директорот на FUNAI Мерсио Переира Гомес (Mercio Pereira Gomes), поради тоа што изјавил дека бразилските Индијанци држеле премногу богата земја во кое имало златни рудници, шуми, Фереира добил отказ. Но, и покрај тоа тој и понатаму продолжува со неговите напори, бранејќи ги изолираните племиња преку невладиниот институт “Institutio Indi-genista Interamericano”.

Вистински заштитник на племињата

[уреди | уреди извор]

Сиднеј Фереира Посеуло е еден од последните вистински истражувачи. Тој има предводено стотици експедиции преку Амазон и го направил првиот контакт со девет дотогаш непознати племиња. Ако не беше тој контакт неколку од племињата би исчезнале од заразни болести или од куршуми. Истражувањето во џунглите на Јавари (Javari), за да најде трага од Корубо племето, му одзеде на Фереира неколку месеци. До средината на 2001 година околу 40 непознати племиња беа сместени, но сѐ уште никој немаше стапено во контакт со нив. Тогаш Сиднеј предводеше шест таканаречени “frente de vigilanca” тимови со цел да ја заштитуваат индијанската шума и територија, да не се дозволи проширување на доминантната власт во тој регион. После првиот контакт со племето Корубо, Сиднеј добил повеќе смртни закани од шумарски компании во близина на Вале до Јавари (Vale do Javari). Исто така тимовите коишто биле задолжени за заштита пропуштиле неколку организирани напади. Најголемиот од тие напади бил на 7 февруари 2000 година кога околу 300 организирани луѓе, вооружени со пиштоли и Молотови коктели, се обидувале да ја нападнат базата. Но набргу пристигна хеликоптер од Федералната полиција која беше принудена да употреби и огнено оружје. Фереира е свесен колку е важно повеќето од медиумите да се приклучат во заштитата на племињата и да придонесат да се зголеми свеста за вредностите на таа човечка различност. Токму поради тоа и неговиот проект се вика проект за заштита на етно околината (Programa de protecao etnoambiental). Послем се не може да се заштитуваат луѓе без да се заштити нивната земја на која што живеат. Откако беше објавена емисија за животот на Фереира и племињата на Discovery Channel се заинтересира речиси целиот Свет. Се заинтересираа и повеќе светски медиуми. Фотографери, мисионери и луди авантуристи почнале илегално да навлегуваат во земјата со цел да ги запознаат Корубо Индијанците[2].

Амазонски амбасадор

[уреди | уреди извор]

Длабоко во Амазонската Шума Сиднеј се пробивал низ гигантските лисја и грмушки. Неговиот тим тешко пешачел зад него, нервозно прашувајќи се што ќе се случи следно. Полека се приближувале до селото од изолираното индијанско племе Корубо. Некои од Корубо племето биле нападнати од шумари движејќи се во нивната територија. Племето Корубо се познати по тоа што стануваат насилни кога ќе почувствуваат опасност од надвор. Членовите од тимот на Посуело направиле најдобро што можат за да бидат пријателски настроени. Тие стоеле на крајот на селото и започнале да пеат. Посуело е вистински експерт за племињата од Амазон, па тој знае едно важно верување од Корубо “Само непријателите доаѓаат во тишина”. Неколку недели по пеењето, кое означувало гест на пријателство, Посеуло и неговиот тим полека стекнувале пријатели од Корубо. Почнале дури и да си разменуваат предмети. Индијнците им давале рачно направени ракавици, а тимот нив им ги давал капите, ножевите, грнињата. Посеуло ја убедил бразилската влада да ја заштити земјата на племето. Работата на Посеуло е опасна но тој сака да им помага на Корубо Индијанците.

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2000-08-17. Посетено на 2007-12-19.
  2. http://ngm.nationalgeographic.com/ngm/0308/feature1/