Сент Мартин (остров)
Сент Мартин | |
корнски: Brechiek | |
Северниот брег |
|
Население | 136 (2011) |
---|---|
Мреж. реф. | |
Месност | Сент Мартин |
Унитарна управа | Острови Сили |
Церемонијална грофовија | Корнвол |
Регион | Југозападна |
Земја | Англија |
Суверена држава | Обединето Кралство |
Пошт. град | Острови Сили |
Поштенска област | TR25 |
Повикувачки број | 01720 |
Полиција | |
Пожарна | |
Итна помош | |
ЕУ парламент | |
Брит. парламент | St Ives |
Список на места: ОК • Англија • Корнвол |
Сент Мартин (корнски: Brechiek, со значење шарен предел покриен со светлина и темнина) е најсеверниот населен остров на Островите Сили во Англија. Има површина од 237 хектари.
Опис
[уреди | уреди извор]На островот има три поголеми населени места Хајер Таун, Мидл Таун и Лоуер Таун,и повеќе расфрлани фарми и куќи со вкупен број на жители 136 според пописот од 2001 година.
Постојат две пристаништа: едното е кај Хајер Таун и е наречено докот на Хајер Таун и е во функција кога е плима, а второто пристаниште е наречено Хотел док и се наоѓа кај Лоуер Таун и е во функција кога е осека. Во Хајер Таун постои пошта.
На островот има лозови насади.[1]
Северниот дел од островот за време на осека е споен со островот Вајт.
Дневен светилник
[уреди | уреди извор]На североисточниот агол од островот се издигнува висок дневен светилник обоен со бели и црвени пруги. Подигнат е во 1683 година од Томас Екинс првиот служител на Годофин семејството кој живеел на островот.
Светилникот е мазна, гранитна, кружна кула со пречник 4.8 метри и височина 6.4 метри,со конусна завршница и вкупна висина од 11 метри. Има заоблена влезна врата што е блокирана и на неа е врежан неточен датум – 1637 година. Белите пруги се обоени до 1822 година,а црвените до 1833 година, така да денес целата кула е со бели и црвени пруги.
Иако светилникот е од современ датум, тој заедно со неколкуте камени могили е вброен во важни древни споменици.[2]
Светилникот е изграден на највисоката точка на Сент Мартин, која е втора по височина на Островите Сили, и е единствената тригонометриска точка на мапата на Националната агенција за мапирање (OS) на Островите Сили, што значи дека светилникот може (ако времето тоа го дозволува) да биде виден од Корнвол и обратно од таму да се види копното на Англија.
Религија
[уреди | уреди извор]Постојат две цркви на Сент Мартин: Англиканска епархиска црква Сент Мартин и методистичка капела. И двете се наоѓаат во околината на Хајер Таун. Методистичката капела била изградена околу 1845 година.[3]
Граѓанска парохија и избирачко место
[уреди | уреди извор]Сент Мартин е една од петте цивилни епархии на Островите Сили, и е избирачко место. На оваа епархија покрај овој остров и припаѓаат и неколку ненаселени острови и гребени заедно со островите Истерн Ајлс, Греит Ганили, Вајт и Инглиш Ајланд. Од овој остров се избираат двајца советници за советот на Островите Сили. Граѓанската епархија денес не функционира.
Образование
[уреди | уреди извор]На островот постои основно образование кое е дел од Академијата на петте острови на Островите Сили (порано се нарекувало Училиште на петте острови). Учениците од средно образование се школуваат на островот Сент Мери.[4] каде и престојуваат за време на работните денови сместени во интернат, а дома се враќаат за време на викендот.[5]
Студентите се школуваат на универзитетите на копното во Велика Британија.[6] Порано LSC (англ.Learning and Skills Council), плаќал за сместување на своите студенти на копното.[7]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „St Martins Vineyard“. www.stmartinsvineyard.co.uk. Посетено на 2018-12-12.
- ↑ England, Historic. „Prehistoric cairns, field system and settlements, medieval chapel and post-medieval daymark, lookout and signal station on north east St Martin's, St. Martin's - 1016508 | Historic England“. historicengland.org.uk. Посетено на 2018-12-12.
- ↑ „St. Martin's Methodist Church“. www.scillymethodists.co.uk. Посетено на 2018-12-12.
- ↑ „Contact us | The Five Islands Academy“. www.fiveislands.scilly.sch.uk. Посетено на 2018-12-12.
- ↑ „Home to School Travel | Council of the ISLES OF SCILLY“. www.scilly.gov.uk. Посетено на 2018-12-12.
- ↑ „Schools & Colleges | Council of the ISLES OF SCILLY“. www.scilly.gov.uk. Посетено на 2018-12-12.
- ↑ „Council of the Isles of Scilly - Education“. web.archive.org. 2002-10-14. Архивирано од изворникот на 2002-10-14. Посетено на 2018-12-12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дивиот свет на Островите Сили (англиски)