Семоа
Семоа Semois | |
---|---|
Семоа во Бујон | |
Местоположба | |
Земја | Белгија, Франција |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Арлон |
• координати | 49°40.906′N 5°49.218′E / 49.681767° СГШ; 5.820300° ИГД |
• надм. вис. | 410 м |
Устие | |
• место | Монтерме |
• координати | 49°52′50″N 4°44′18″E / 49.88056° СГШ; 4.73833° ИГД |
Должина | 210 км |
Големина на сливот | 1.329 км2 |
Проток | |
• просечен | 35 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Меза→ Северно Море |
Семоа (француски: Semois / Semoy, валонски: Simwès / Smwès, германски: Sesbach, луксембуршки: Setzbaach) — река во Белгија и Франција, северозападна Европа. Тече од подгорскиот крај на Ардените во Белгија и Франција, па се влева во Меза како нејзина десна притока.[1]
Реката извира кај Арлон во белгиската покраина Луксембург, недалеку од границата со кнежевството Луксембург. Тече во западен правец, минува низ селото Боан на Семоа, па влегува во Франција и се влева во Меза околу 10 км низводно од гратчето Монтерме. Целото течение е долго 210 км.
Семоа минува и низ други населени места како Шини, Флоранвил, Ербемон, Бујон (вкл. месностите Доан и Пупеан) и Врес на Семоа — сите во Белгија.
Историја
[уреди | уреди извор]Реката првпат се споменува во II век како Sesmara. Во следниот период, на подрачјето се доселило монгубројно германско население. Крај реката се појавиле низа населени места како Сесомирс (664), Сесмарус (950), Сесмоа (1104) и Семоар (1244).
Реката го дала своето име и на позната сорта тутун кој се одгледува во тој крај.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Scheffel, Richard L.; Wernet, Susan J., уред. (1980). Natural Wonders of the World. United States of America: Reader's Digest Association, Inc. стр. 340. ISBN 0-89577-087-3.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Семоа на Ризницата ?
- Семоа на базата „Сандр“
- Семоа — GeoNames
|