Од Википедија — слободната енциклопедија
Секс хормон-врзувачки глобулин |
---|
|
Назнаки |
---|
Алијаси | testis-specific androgen-binding proteinABPSHBGSBPsex steroid-binding proteinTeBGtestosterone-binding beta-globulintestosterone-estrogen-binding globulinsex hormone-binding globulintestosterone-estradiol-binding globulinSex hormone-binding globulin |
---|
Надворешни назнаки | GeneCards: [1] |
---|
|
|
Википодатоци |
|
Секс хормон-врзувачки глобулин (SHBG) или секс стероид-врзувачки глобулин (SSBG) е гликобелковина која ги врзува двата полови хормони: андроген и естроген. Другите стероидни хормони како прогестерон, кортизол и другите кортикостероиди ги врзува транскортинот. SHBG е присутен кај сите ’рбетници, освен кај птиците.[1]
Тестостеронот и естрадиолот циркулираат во крвотокот, лабаво врзани за серумскиот албумин (~54%) и кортикостероид-врзувачкиот глобулин (CBG) (исто така познат како транскортин), и во помал обем врзан цврсто за SHBG (~44%). Само мал дел од околу 1-2% е неврзан, или „слободен“, а со тоа и биолошки активен и способен да влезе во клетката и да ги активира нејзините рецептори. SHBG ја инхибира функцијата на овие хормони. Од тоа, биорасположливоста на половите хормони зависи од нивото на SHBG. Релативниот афинитет за врзување на половите хормони за SHBG е следниов: дихидротестостерон (DHT) > тестостерон > андростендиол > естрадиол > естрон.[2]