Саат-кула (Ресен)
Изглед
Саат-кула Ресен | |
---|---|
Цртеж на саат-кулата во Ресен од британската истражувачка Едит Дарем, 1905 г. | |
Општи податоци | |
Стил | османлиска архитектура |
Град | Ресен |
Земја | Македонија |
Урната | 1908 |
Саат-кула (Ресен) — поранешно времемерно здание во градот Ресен.[1]
Била сместена во центарот на градот, во срцето на чаршијата.
Историја
[уреди | уреди извор]Не се знае кога била изградена. Истата изгорела во 1908 година за време на Младотурската револуција, кога ресенската чаршија била запалена од Нијази-бег.[1]
Српскиот патописец Јован Хаџи Василевиќ го посетил Ресен двапати, во 1897 и 1912 година. Во неговото дело „Ресен и неговата околина“, објавено во 1927 година, за ресенската саат-кула напишал дека ѕвоното на кулата е донесено од страна на Турците од црква кај Лева Река.[2]
Обнова
[уреди | уреди извор]Во 2012 година, градот Ресен решил да постави часовник на камбанаријата на градската црква „Св. Ѓорѓи“.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Димовска-Чоловиќ, Мирјана (2008). Саат кулите во Република Македонија (PDF). Скопје: Национален конзерваторски центар-скопје; Едиција Културно-историско наследство на Република Македонија. стр. 114. ISBN 978-9989-131-08-0.
- ↑ 2,0 2,1 „И Ресен имал своја саат-кула“. Општински Информативен Центар - Ресен. Архивирано од изворникот на 2019-05-01. Посетено на 2019-05-01.
|