Рита Ора
Рита Сахаџију Ора (албански: Rita Sahatçiu Ora; Приштина, 26 ноември 1990 година) е британска пејачка, текстописец и глумица со албанско потекло. Живее и работи во Лондон. Рита Ора го објавила својот деби албум наречен „Ора“ во 2012 година, кој дебитирал на првото место во Велика Британија. Албумот Ора произведе три хита „Hot Right Now“, „How We Do (Party)“ и „R.I.P“, па токму затоа Рита стана изведувач со најмногу хитови на првото место во Велика Британија во 2012 година.
Нејзиниот втор албум „Phoenix“ беше објавен во ноември 2018 година. Водечкиот сингл „Your Song" се најде во топ 10 во Велика Британија, како и следните синглови „Anywhere“ и „Let You Love Me“, кои беа на првите пет места во Велика Британија, по што Рита стана првиот британски соло изведувач со тринаесет најдобри 10 синглови во Велика Британија.
Ран живот
[уреди | уреди извор]Рита е родена во Приштина, Косово (СФРЈ). Нејзината мајка Вера е психијатар, а нејзиниот татко Бесик Сахатчију е економист и основач на паб. Рита има постара сестра Елена (која е дел од нејзиниот менаџерски тим) и помлад брат Дон.[1] Родена е како Рита Сахатчију, но нејзините родители подоцна додадале Ора (што на албански значи „време“) за да може полесно да се изговара.[2]
Нејзиното семејство се преселило во Лондон, Англија 1991 кога таа имала една година. Таа пораснала во Нотинг Хил во западен Лондон,[3] каде што го посетувала училиштето Св. Кутберт и основното училиште Св. Матеј, каде што ја завршила театарска школа Салвија Јанг по дипломирањето.[4] Почнала да пее уште како помлада.[1][5][6]
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]2007—2010 година: Почеток на кариера
[уреди | уреди извор]Рита често настапувала пред публика во Лондон, а понекогаш и во пабот на нејзиниот татко. Во 2007 година Рита првпат се појави во песна кога пеела придружен вокал во песната „Awkward“ на Крег Дејвид, а потоа повторно во 2008 година во песната „Where's Your Love“ со Триничи Стајдер. Таа не се појавила официјално во двете песни.[7] Таа се појави во две песни од албумот на Џејмс Моросон „Songs for You, Thruths for Me“, како придружен вокал.[8]
Во 2008 г. таа се појавила на аудиција за Евровизија: Потребен си ѝ на својата земја, што се емитуваше на BBC One како британски изведувач за Евровизија 2009 година и се квалификувала, но се повлекла од натпреварувањето по неколку епизоди затоа што „таа не се чувствувала добро“ и сметала дека „тој предизвик не е за неа“.[9][10] Нејзината менаџерка, Сара Стентен (која исто така работела со Ели Голдинг, Џеси Џеј и Конор Мејнард), подоцна изјавила дека Рита се пријавила на натпреварот бидејќи во тоа време чувствувала дека само така може да стекне популарност. Сара исто така рекла дека натпреварот нема да ѝ помогне да стане соло пејач, туку дека ќе ѝ го отежне тоа.
Наскоро, менаџментот на Рита ја контактирала американската издавачка куќа Рок нација, и им било кажано за тоа. Рита потпишала договор за објавување со Rock Nation во декември 2008 година, како еден од нејзините први договори.[11][12] Таа направила камео изведба во музичкиот спот на Џеј Зи за песната „Young Forever“ (2009) и музичкиот спот на Дрејк за „Over“ (2010).[13][14] По потпишувањето на договорот, Рита го снимила албумот и сакала да го издаде, но издавачката куќа ја советувала да не го стори тоа, и таа започнала да работи на нов материјал за нејзиниот деби албум.
2011—2013: Пробив и Ора
[уреди | уреди извор]Во текот на 2011 година, Рита објавила кавери и видеа од нејзината работа на нејзиниот деби албум на YouTube.[15] Нејзините видеа го привлекле вниманието на ДиЏеј Фреш, кој во тоа време барал женски изведувач за неговиот хит „Hot Right Now“.[16] Рита ja отпеала песната што излегла на 12 февруари 2012 година, и се нашла на првото место на музичките листи во Обединетото Кралство.[17] Во текот на февруари 2012 година Рита настапила на турнејата на Дрејк Club Paradise Tour во Велика Британија.
Првиот сингл од нејзиниот деби албум „R.I.P“ (со Тина Темпо) бил објавен на 6 мај 2012 година.[18] Песната се појавила на врвот на топ листите во Обединетото Кралство, што ја направило број еден соло изведувач.[19] На 12 август 2012 година била објавена песната „How We Do (party)“, која достигна број еден во Велика Британија и Ирска. Тоа бил втор сингл на Рита каде се појавила како соло изведувач, а третиот излегол во 2012 година.[20]
Додека била на турнејата на Coldplay, таа најавила дека нејзиниот деби албум ќе се вика Ора.[21] Албумот бил објавен на 27 август 2012 година во Европа и Австралија и се најде на првото место на топ листите во Велика Британија.[22] Рита била номинирана за Најдобар нов изведувач, Пуш изведувач и најдобар изведувач од Велика Британија / Ирски на MTV Europe Music Awards 2012.[23] Во септември 2012 година било најавено дека Рита ќе настапи на турнејата „Еуфорија“ на Ашер во Велика Британија, која започнала во јануари 2013 година. Но, турнејата била откажана поради „професионалните и личните обврски“ на Ашер.[24] Од 23 до 30 октомври 2013 година Рита ја одржала својата прва турнеја, Ora Tour, во САД.
„Shine Ya Light“ бил објавен на 4 ноември 2012 година и станал четвртиот по ред сингл меѓу првите десет на топ листите во Велика Британија.[25][26] На 26 ноември 2012 година, Рита се појавила како специјален гостин на концерт во Тирана, Албанија на 100-годишнината од независноста на Албанија.[27] Ора ја одржа својата прва турнеја во Велика Британија под покровителство на Radioactive Tour, во јануари 2013 година, за да го промовира својот албум. Таа била номинирана за три награди на Brit Awards во 2013 година, вклучувајќи ја и наградата за најдобар нов британски уметник.[28]
2013—2017: Одвојување од Roc Nation и други проекти
[уреди | уреди извор]Во јануари 2013 година, Рита изјавила дека нејзиниот втор албум ќе биде почист и ќе има повеќе насоки од првиот.[29] На 26 февруари 2013 година, таа изјавила дека нејзиниот втор албум покажува поинаков агол на „парти девојка“.[30][31] На 24 мај 2013 година таа настапила на In New Music We Trust.[32] На 28 јуни 2013 година Рита настапила на пирамидната сцената на фестивалот Глестборн.[33]
На 18 мај 2014 година, песната „I Will Never Let You Down" се појавила на првото место на топ листите во Обединетото Кралство, станувајќи четврта по ред песна на Рита за постигнување на тој резултат, и трета како соло изведувач.[34][35] Во јули 2014 година, Рита ја издаде песната "Black Widow" со Иги Азејлија, која се појавила на првото место во Обединетото Кралство, и за првпат се најде на првите десет листи во САД, каде што била на третото место.[36] На 14 декември 2014 година, Рита настапила на Божиќ во Вашингтон, снимана во Националниот музеј.[37] На 22 февруари 2015 година, на 87-то издание на Оскари, таа ја изведе песната „Благодарен“, која се појави во филмот Зад светлината.[38] 28 јуни 2015 година Рита ја објави песната „Poison“, која се најде на третото место во Велика Британија, со што стана нејзин шести топ пет сингл во земјата.[39]
Во декември 2015 година, Рита покренала тужба против Rock Nation, барајќи да ѝ биде раскинат договорот бидејќи го потпишала во 2008 година, и дека е „неважечки“ поради калифорнискиот „седумгодишен договор“. Тужбата исто така содржела дека таа е „должна да издаде само еден албум и да не прави повеќе по објавувањето на првиот“ и дека нејзината врска со Roc Nation е „непоправливо оштетена“.[40][41] Нејзината тужба го содржела и фактот на заработка, во кој таа вели дека Rock Nation добила дваесет и пет проценти од заработката.[42] Во јануари 2016 година, Rock Nation поднесе тужба против Рита за кршење на договорот.[43] Последното судење се одржало во мај 2016 година.[44]
Во јуни 2016 година било објавено дека таа потпишала договор со Atlantic Records.[45] На 3 септември 2016 година таа настапила на концерт во Рим, заедно со други албански уметници и косовскиот оркестар.[46][47]
2018 година - сегашност:
[уреди | уреди извор]На 26 мај 2017 година Рита ја објавила првата соло песна по скоро две години, наречена „Your Song“, која се најде на седмата позиција во Велика Британија.[48][49] Вториот сингл „Anywhere“ стана единаесеттиот топ десет сингл во Велика Британија и се најде на второто место.
Во јануари 2018 година, Лиам Пејн и Рита ја објавија песната „For You“, од албумот за филмот Педесет нијанси - ослободени, во кој глумела и Рита.[50] Во февруари, песната се искачила на осмото место во Обединетото Кралство, со што стана дванаесетти сингл на Рита, а таа стана трета британска уметница која има најмногу топ десет синглови.[51] Во мај, Рита ја издала песната „Girls“, заедно со сите жени изведува��и, како Карди Би, Чарли Екс-Си-Екс и Биби Реџа.
На 18 септември 2018 година, Рита го открила името на нејзиниот втор албум „Phoenix“, а истиот ден, албумот бил достапен за претпродажба. На 24 септември, го издала четвртиот сингл од албумот „Let You Love Me“.[52] Синглот се искачил на четвртото место во Велика Британија, со што Рита била тринаесетти топ 10 сингл, соборувајќи 30-годишен рекорд за топ 10 синглови од британска жена соло уметник (претходно го држеа Ширли Беси и Петула Кларк).[53]
Дискографија
[уреди | уреди извор]Албуми
[уреди | уреди извор]Синглови
[уреди | уреди извор]- Where's Your Love (Крег Дејвид со Тинки Страјдер и Рита Ора) (2008)
- Hot Right Now (ДЏ Фреш со Рита Ора) (2012)
- R.I.P (со Тини Темпа) (2012)
- How We Do (Party) (2012)
- Shine Ya Light (2012)
- Radioactive (2012)
- Shine Ya Light (2013)
- I Will Never Let You Down (2014)
- Body On Me (2015)
- Coming Home (2015)
- Your Song (2017)
- Anywhere (2017)
- For You (2018)
- Girls (2018)
- Let You Love Me (2018)
Видеографија
[уреди | уреди извор]Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Hot Right Now | 2011 | Рохан Блер-Мангат |
R.I.P. | 2012 | Емил Нава |
How We Do | 2012 | Марк Класфелд |
Shine Ya Light | 2012 | Емил Нава |
Radioactive | 2012 | Syndrome |
Lay Down Your Weapons | 2013 | Кортни Филипс |
Torn Apart | 2013 | Ted Chung, Willie T. |
I Will Never Let You Down | 2014 | Франческо Карозини |
Black Widow | 2014 | Iggy Azalea, Director X. |
Doing It | 2015 | Adam Powell |
Poison | 2015 | Камерон Дуди |
Poison - Zdot Remix | 2015 | Vicky Lawton |
Body on Me | 2015 | Колин Тили |
Coming Home | 2015 | Џорџија Хадсон |
Your Song | 2017 | Мајкл Хаусман |
Lonely Together | 2017 | Levan Tsikurishvili, Phillip Lopez |
Anywhere | 2017 | Деклан Вајтблум |
For You | 2018 | Хана Лукс Дејвис |
Girls | 2018 | Helmi |
Let You Love Me | 2018 | Малија Џејмс |
Only Want You | 2019 | Хана Лукс Дејвис |
R.I.P. | 2019 | Еиф Ривера |
Carry On | 2019 | Џонатан Сингер-Вајн |
Ritual | 2019 | Софи Мулер |
New Look | 2019 | Татиа Пилиева |
How To Be Lonely | 2020 | Дејв Мејерс |
Bang | 2021 | Jasmine Loignon |
You For Me | 2021 | |
Seaside | 2021 | John Tashiro |
Follow Me | 2021 | |
Finish Line | 2022 | |
Barricade | 2022 | Joe Mischo |
You & I | 2023 | |
Praising You | 2023 | Таика Ваитити |
Praising You Pt II | 2023 | Таика Ваитити |
Don't Think Twice | 2023 | Таика Ваитити |
Last of Us | 2024 | dumisiwo |
Ask & You Shall Receive | 2024 | Дано Черни |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Maher, Cristin (7 ноември 2012.). „It's Rita Ora's Older Sister, Elena!“. popcrush.com. Посетено на 22 декември 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „The golden Ora“. GQ. 1 август 2013. Архивирано од изворникот на 4 август 2013. Посетено на 18 август 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ "Rita Ora's My London". London Evening Standard. Посетено на 4 November 2012
- ↑ „Sylvia Young Theatre School: The youngsters earning fame the hard way“. The Telegraph. 12 јули 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ SoulCulture. „Skullcandy Roc Nation Aviators Presents: Rita Ora | Video“. Архивирано од изворникот на 2012-09-20. Посетено на 12 август 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Rita+Ora Last.fm profile“. Архивирано од изворникот на 2013-08-10. Посетено на 12 август 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Jeffries, David. „Rita Ora Biography“. AllMusic.com. Архивирано од изворникот на 9 септември 2015. Посетено на 9 јули 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |archive-date=
(help) - ↑ „James Morrison (2) – Songs For You, Truths For Me“. discogs. Посетено на 8 мај 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Rita Ora Says Walking Off Eurovision Song Contest Saved Her Career“. Capital Radio. 26 февруари 2013. Посетено на 15 август 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Rita Ora – Your Country Needs You!“. YouTube. 22 септември 2010. Посетено на 3 април 2011.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Rita Ora files suit seeking departure from Jay Z's Roc Nation“. mobo.com. 18 декември 2015. Архивирано од изворникот на 21 јануари 2016. Посетено на 5 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Sblendorio, Peter (17 декември 2015.). „Rita Ora files lawsuit against Jay Z's record label, Roc Nation“. nydailynews.com. Посетено на 18 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Fleming, Kirsten (7 јули 2012.). „Hova's hottie“. New York Post. Посетено на 15 август 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Wete, Brad (12 април 2010.). „Drake's new 'Over' video: Watch it here“. Entertainment Weekly. Архивирано од изворникот на 2014-10-19. Посетено на 19 април 2010.. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Rita Ora Covers OutKast's 'Hey Ya!'“. rap-up.com. Посетено на 13 август 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „DJ FRESH AND RITA ORA INTERVIEW“. YouTube. Посетено на 13 август 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ "Rita Ora tops pop chart, Keane rival Beatles album hits" Архивирано на 26 октомври 2014 г.. Reuters. Посетено на 14 May 2012
- ↑ „New Music: Rita Ora F/ Tinie Tempah – "R.I.P."“. rap-up.com. 29 февруари 2012. Архивирано од изворникот на 2016-04-07. Посетено на 1 март 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Rita Ora Tops UK Singles Chart Архивирано на 16 декември 2013 г.. MTV. Посетено на 14 May 2012
- ↑ Lane, Dane (19 август 2012.). „Rita Ora scores third Official Number 1 single“. Official Charts Company. Посетено на 20 август 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Five Possible Album Names For Rita Ora's Debut, 'O.R.A.'“. Vibe. 5 јуни 2012. Архивирано од изворникот на 15 септември 2012. Посетено на 15 септември 2012.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=, |archive-date=
(help) - ↑ „Unstoppable: Rita Ora scores debut Official Number 1 album“. officialcharts.com. 2 септември 2012. Посетено на 15 август 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ "MTV Europe Music Awards: Rihanna leads nominations". The Telegraph. Посетено на 1 November 2012
- ↑ „Usher Postpones European 'Euphoria' Tour Dates“. MTV. 26 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 28 октомври 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Rita Ora: 'Shine Ya Light' – Music video“. Digital Spy. Посетено на 18 август 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Rita Ora - Chart History“. Official Charts Company.
- ↑ „Rita Ora performs in Tirana“. m-magazine.org. 29 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 14 јули 2015. Посетено на 14 ноември 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ "Brit Awards: Emeli Sande gets four nominations". BBC News. Посетено на 10 January 2013.
- ↑ Daniels, Collin (14 јануари 2013.). „Rita Ora: 'Second album is much clearer'“. Digital Spy. Hearst Magazines UK. Архивирано од изворникот на 2015-01-26. Посетено на 15 јануари 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Copsey, Robert (26 февруари 2013.). „Exclusive: Rita Ora recording new album "in secret"“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2013-03-01. Посетено на 27 февруари 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Rita Ora Ready To Be More Honest on New Album“. Yahoo!. 14 јули 2013. Посетено на 20 јули 2013.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Rita Ora, Bruno Mars, Calvin Harris to play Radio 1 Big Weekend“. Digital Spy. Посетено на 1 септември 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Rita Ora dons red tassels for Pyramid Stage debut at Glastonbury“. Digital Spy. Архивирано од изворникот на 2014-10-16. Посетено на 8 мај 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Pakinkis, Tom (20 мај 2014.). „Official Charts Analysis: Jackson sells 47,764 to hit No.1 almost five years after death“. MusicWeek. Архивирано од изворникот на 2014-05-24. Посетено на 24 мај 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Daniel, Lane (18 мај 2014.). „Rita Ora scores fourth UK Number 1 single with I Will Never Let You Down“. officialcharts.com. Посетено на 31 јануари 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Ariana Grande, Iggy Azalea Triple Up in Hot 100's Top 10, MAGIC! Still No. 1“. Billboard. Посетено на 1 септември 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Thompson, Gayle (9 декември 2014.). „Hunter Hayes, Darius Rucker to Perform at 'Christmas in Washington'“. theboot.com. Посетено на 23 декември 2014.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Oscars 2015: Rita Ora confirmed to perform“. BBC. 28 јануари 2015. Посетено на 31 јануари 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Official Singles Chart Top 100 (05 July 2015 - 09 July 2015)“. Official Charts. 15 јули 2015. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Gardner, Eriq (17 декември 2015.). „Rita Ora, Pointing in Lawsuit to Roc Nation's New Interests, Demands Freedom“. The Hollywood Reporter. United States. Prometheus Global Media. Посетено на 19 декември 2015.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Rita Ora sues Jay-Z's Roc Nation“. The Daily Telegraph. London. 18 декември 2015. Посетено на 13 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Rita Ora sues to leave Jay Z label“. Yahoo. 18 декември 2015. Архивирано од изворникот на 2016-08-07. Посетено на 7 јуни 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Marsh, Julia (1 февруари 2016.). „Jay Z's Roc Nation files $2.4 million suit against Rita Ora“. Page Six. New York Post. Посетено на 5 јуни 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ New York Supreme Court (27 мај 2016.). „Notice of settlement“. nycourts.gov. Посетено на 1 јуни 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Williamson, Coral (21 јуни 2016.). „Rita Ora Signs to Atlantic Records“. musicweek.com. Посетено на 21 јуни 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Rutter, Claire (5 септември 2016.). „Rita Ora gives powerful performance as Mother Teresa is made a Saint“. Mirror. Посетено на 13 октомври 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ Mehmeti, Sonila (3 септември 2016.). „Canonization of Mother Teresa – Concert at the doors of Vatican“. ata.gov.al. Архивирано од изворникот на 2016-10-18. Посетено на 14 октомври 2016.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Your Song - Single“. Apple. Посетено на 17 мај 2017.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Rita Ora“. Official Charts Company. Посетено на 25 ноември 2017.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Davis, Jennifer (3 јануари 2018.). „Rita Ora and Liam Payne's Fifty Shades Collab Will Be Your First Favorite Song of 2018“. InStyle. Архивирано од изворникот на 2018-01-24. Посетено на 19 јануари 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ Copsey, Rob (16 февруари 2018.). „Rita Ora equals British female Official Chart record“. Official Charts Company. Посетено на 18 февруари 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ White, Jack (18 септември 2018). „Rita Ora announces her new album Phoenix will be released on November 23“. Official Charts Company. Посетено на 23 септември 2018.
- ↑ „Rita Ora enters Official UK Chart history books with the most Top 10 singles for a British female artist“. Official Charts Company. 5 октомври 2018. Посетено на 5 октомври 2018.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Рита Ора на Семрежната филмска база на податоци (англиски)