Од Википедија — слободната енциклопедија
Рендсбург-Екернферде (германски: Rendsburg-Eckernförde; дански: Rendsborg-Egernførde) — округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од исток надесно) слободниот град Кил, округот Плен, слободниот град Нојминстер, окрузите Зегеберг, Штајнбург, Дитмаршен и Шлезвиг-Фленсбург и Балтичкото Море.
Во 1867 година, Прусија основала дваесет окрузи во покраината Шлезвиг-Холштајн, меѓу кои биле окрузите Рендсбург и Екернферде. Денешниот округ бил основан во 1970 година со спојување на поранешните окрузи.
Округот се наоѓа на брегот на Балтичкото Море, помеѓу градовите Шлезвиг и Кил. Голем дел од Килскиот Канал поминува преку округот. Тој е еден од најголемите окрузи во цела Германија.
|
Грбот прикажува:
- двата лава (сино на жолто) од грбот на Шлезвиг
- лист од коприва (бело на црвено) од грбот на Холштајн
|
|
---|
| Урбани окрузи | |
---|
| Рурални окрузи | |
---|
|
54°15′N 9°45′E / 54.25° СГШ; 9.75° ИГД / 54.25; 9.75