Ратка Чоревска
Изглед
Ратка Чоревска | ||
Родена | 25 февруари 1924 Штип, Кралство СХС | |
---|---|---|
Починала | 7 јануари 2016 Битола, Македонија | (возр. 91)|
Занимање | глумица | |
Сопружник | Трајко Чоревски | |
Роднини | Илина Чоревска (внука) | |
Деца | Благоја Чоревски Борис Чоревски |
Ратка Чоревска (Штип, 25 февруари 1924 - Битола, 7 јануари 2016)[1] — македонска глумица, доајен на македонската глума.
Животопис
[уреди | уреди извор]Чоревска е родена во Штип во 1924 година. Била дел од многу театарски ансамби во Македонија, но и во играни филмови. Таа од 1950 година била дел од Народниот театар во Битола каде што настапувала до 1994 година. Нејзиниот ангажман во битолскиот Народен театар останал запаметен по многу улоги. Била обитник на многу награди и признанија, а во 2010 година ја добила наградата за животно дело на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Таа е сопруга на глумецот Трајко Чоревски и мајка на глумците Благоја и Борис Чоревски. Починала во Битола на 7 јануари 2016 година.
Творештво
[уреди | уреди извор]Театрографија[2]
[уреди | уреди извор]- Саветка (Антица, 1950);
- Мартирија (Домот на Бернарда Алба, 1958);
- Лучила (Дубровнички ѓаволштилак - Пјерин, 1960);
- Цонка (Чорбаџи Теодос, 1962); Ана (Покојник, 1964);
- Велика (Бегалка, 1964); Даниела (Разбојници, 1967);
- Евгенија (Окрвавен камен, 1968);
- Стоја (Нечиста крв, 1971);
- Тештата (Крвави свадби, 1971);
- Меги Скат (Нашето бебе, 1972);
- Велика (Бегалка, 1972);
- Антоанета (Бубачки в глава, 1973);
- Раиса Филиповна (Самоубиец, 1973);
- Втора жена (Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, 1973);
- Соја (Госпоѓа министерка, 1973);
- Леди Фицбатрес (Младите се прекрасни, 1974);
- Клеона (Андромаха, 1975); Ката (Млади синови, 1977);
- Петрија (Чорбаџи Теодос, 1979);
- Јованка (Лице в лице, 1979);
- Стојна (Свадба, 1979);
- Баба Трпана (Џинот фалбаџија, 1981);
- Кнез (Трите волшебни кучиња, 1982);
- Бабата (Пубертетлии и фосили, 1985);
- Савка (Госпоѓа министерка, 1990);
- Војводата Солин (Мајстори на забуни, 1994)
Филмографија
[уреди | уреди извор]Година | Филм | Улога |
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | / |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | / |
1975 | Прва вечер ТВ-филм | Неда |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | |
1979 | Курирот на Гоце ТВ-серија | |
1979 | Наши години ТВ-серија | / |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | / |
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Бабата |
1990-1991 | Опстанок ТВ-серија | Баба Стана |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ратка Чоревска на мрежното место на ИМДб
- ↑ „Личности, Македонски автори: Годишнини“. Архивирано од изворникот на 2016-04-09. Посетено на 2016-01-23.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ратка Чоревска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)