Прва црногорска фудбалска лига
Земја | Црна Гора |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 2006 |
Број на клубови | 10 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Втора црногорска фудбалска лига |
Домашен куп | Куп на Црна Гора |
Тековен првак | Будуќност (4. титула) (2019/2020) |
Најмногу титули | Будуќност, Сутјеска (4 титули) |
Мрежно место | Службено мрежно место на ФСЦГ |
Прва црногорска фудбалска лига 2020/2021 |
Првата црногорска фудбалска лига (Прва ЦФЛ) - највисока фудбалска лига во Црна Гора. Основана во 2006 година, натпреварувањето е раководено од Фудбалскиот сојуз на Црна Гора. 10 екипи учествуваат во оваа лига. Победникот во Првата лига ги започнува квалификациите за УЕФА Лигата на шампионите од второто коло. Второ и третопласираната екипа и освојувачот на Купот на Црна Гора играат во квалификациските рунди од Лигата на Европа. Последно пласираната екипа директно испаѓа во Втората црногорска фудбалска лига, а другите две играат во баражот за Првата лига.
Историја
[уреди | уреди извор]Пред независноста
[уреди | уреди извор]Како дел од Кралството Југославија, црногорските клубови играле на Црногорското фудбалско првенство, создадено во 1922 година.[1][2][3] И покрај присуството на националното југословенско фудбалско првенство, црногорските екипи не учествувале во него. Црногорското фудбалско првенство играло до почетокот на Втората светска војна.
Најуспешни тимови во тој период биле СК Црногорац од Цетиње (10 титули), ГСК Балчиќ од Подгорица (7), ФК Ловќен од Цетиње (5), ФК Будуќност од Подгорица (4) и ФК Арсенал од Тиват (1). Додека СК Црногорац и ГСК Балшиќ ги играле сите сезони, делувањата на ФК Будуќност и ФК Ловќен биле забранети во 1935 година, бидејќи тие биле признати како работнички клубови од страна на владата на Кралството Југославија.По Втората светска војна и создавањето на Федеративна Народна Република Југославија, највисоката лига стана Првата југословенска лига. На црногорските екипи им било дозволено да учествуваат во структурата на националната лига, а Црногорската републичка лига делувала како пониска дивизија со унапредување и испаѓање помеѓу системот на југословенската лига. Најистакнати клубови од Црна Гора во овој период биле Будуќност и Сутјеска.
Будуќност бил меѓу основачите на Првата југословенска лига и член на нејзината почетна сезона. Во поголемиот дел од ерата на СФРЈ, Будуќност играл во Првата лига, додека друга екипа од Црна Гора, што била во највисокото ниво е Сутјеска. Другите екипи играле во Втората југословенска лига или во пониските редови. Меѓу нив, најуспешен бил Ловќен, кој играл двапати во квалификациите за Првата лига, но без успех на крајот од натпреварувањето.
Кога СФР Југославија се распаднала, Сојузната Република Југославија била формирана во 1992 година, а српските и црногорските екипи играле во оваа лига, иако сè уште била именувана како Прва југословенска лига. Во 2003 година, СР Југославија станала Србија и Црна Гора и фудбалската лига го следела примерот. Црногорските клубови играле во Првата лига со српските клубови од 1992 до 2006 година. Во тој период, претставници на Црна Гора во Првата лига на Југославија/Србија и Црна Гора биле Будуќност, Сутјеска, Рудар, Могрен, Зета, Ком и Јединство.
За 2004/05, со преструктуирање на системот на српско-црногорскиот фудбалско лигашки систем, била распуштена националната Втора лига, наместо да биде заменета со две регионални оддели за двете републики на сојузот со унапредување во сè уште обединетата Прва лига.
Црногорските екипи кои играле на европски натпреварувања во времето на Југославија биле Будуќност, Сутјеска и Зета.
По осамостојувањето
[уреди | уреди извор]Во 2006 година, по референдумот за независност, Црна Гора се одделила од Србија. После тоа, Црногорската прва лига била основана како највисоко национално натпреварување. На почетната сезона, членовите на Лигата станале три екипи од поранешната Прва лига на Србија и Црна Гора, седум од Втората лига и две од Црногорската републичка лига.Во периодот 2006-2017 година, лигата се состоела од 12 клуба, кои играле 33 натпревари во текот на сезоната. Од сезоната 2017/18, бројот на учесници во Првата лига бил намален на 10, со 36-неделно натпреварување.Досега 19 клубови учествувале во Првата лига. Најуспешни биле Сутјеска со четири титули и Будуќност три национални титули. Рудар и Могрен освоиле две титули. Други победници биле Зета и Титоград со една титула.
Соперништва
[уреди | уреди извор]Главното соперништво во Првата лига е помеѓу Будуќност и Сутјеска, честопати наречено црногорско дерби. Првото издание на дербито во службените натпреварувања било играно во 1932 година,[4] и до денес двата клуба играле дерби во највисокото ниво на натпреварувања во СФР Југославија, СР Југославија и, во новата ера, во Првата црногорска лига.
Друго традиционално соперништво е помеѓу Будуќност и ФК Ловќен од, бидејќи два клуба играат важни игри од 1920-тите. Тој соперник е дополнително поттикнат од фактот дека Будуќност е најголемиот клуб од главниот град Подгорица, додека Ловќен е главниот клуб од поранешната кралска престолнина Цетиње.
Во текот на првите две сезони на Првата лига, имало силно соперништво помеѓу Будуќност и Зета. Два клуба од територијата на Подгорица биле главни кандидати за титула во 2006/07 и 2007/08, а на нивниот натпревар од пролетта 2007 присуствувале повеќе од 10,000 гледачи на Градскиот стадион Подгорица. Тоа е најголема посетеност во историјата на Првата црногорска лига.
Во сезоните 2012/13 и 2013/14, имало големо мештанско дерби во Никшиќ, помеѓу Сутјеска и Челик. Во тоа време, на нивните натпревари честопати присуствувале повеќе од 7,000 приврзаници.
Во новиот период имало силни трки за титулата помеѓу Рудар и Будуќност или Сутјеска и Рудар.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Фудбалски куп на Црна Гора
- Црногорски клубови во европските фудбалски натпреварувања
- Црногорско дерби
- Втора црногорска футбалска лига
- Фудбал во Црна Гора
- Црногорска женска фудбалска лига
- Црногорски клубови во југословенските фудбалски натпреварувања (1946-2006)
- Фудбалско првенство на Црна Гора (1922-1940)
- Црногорска фудбалска република лига
- Прва црногорска футсал лига
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Traume odrastanja crnogorskog fudbala“. Vijesti.me. Архивирано од изворникот на 2016-03-11. Посетено на 23 март 2021.
- ↑ „FUDBAL U CRNOJ GORI DO DRUGOG SVJETSKOG RATA (I): Lovćen – prvi fudbalski klub“. Monitor.co.me. 15 јуни 2012. Посетено на 23 март 2021.
- ↑ „BARinfo - Naši klubovi drugačijeg imena“. Barinfo.me. Архивирано од изворникот на 6 август 2017. Посетено на 23 март 2021.
- ↑ „1932-1933“. Exyufudbal.in.rs. Архивирано од изворникот на 4 јуни 2018. Посетено на 23 март 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лигата на Weltfussballarchiv (англиски)
- Фудбалски сојуз на Црна Гора - службена страница
- Лига на soccerway.com
- на CGF
|