Полицитемија
Полицитемија | |
---|---|
Дијаграм | |
Специјалност | Хематологија |
Крвта се состои од еритроцити, леукоцити и тромбоцити како и течност наречена крвна плазма. Кај полицитемија, концентрацијата на еритроцитите (црвените крвни клетки) е повисока од нормалната. Оваа состојба се случува или поради зголемен број на еритроцити или поради помала количина на плазма.
Причини и ризични фактори
[уреди | уреди извор]Една од формите, наречена примарна полицитемија, е позната уште како полицитемија вера (ПВ). Оваа состојба се јавува кога коскената срцевина произведува премногу еритроцити. Над 90% од нив се зафатени со мутација на генот, наречен ЈАК2 ген, кој се мисли дека не предизвикува директно ПВ, туку го зголемува ризикот од нејзино појавување. Полицитемија вера е ретка, и претежно ги напаѓа луѓето после 60-тата година. Карактеристично е црвеното лице, предизвикано од големата концентрација на еритроцити, понекогаш погрешно толкувано како црвенило кое се јавува при консумирање на алкохол.
Друга форма е секундарната полицитемија. И овде коскената срцевина произведува еритроцити во поголеми количини, но овој пат тоа не е како одговор на недостаток на кислород. Ова може да се должи на белодробни заболувања, како што се хроничниот бронхитис или емфизем (сега познато како хронична опструктивна белодробна болест, или ХОББ) или кога некој живее на висока надморска височина. Постои уште една форма, наречена релативна полицитемија. Иако бројот на еритроцитите е нормален, плазма волуменот е намален. Причини за тоа може да бидат:
- стрес
- покачен крвен притисок;
- прекумерна телесна тежина;
- дехидратација;
- лекување и закрепнување.
Важно е да се нагласи дека полицитемијата може брзо да се дијагностицира и третира, или барем да се следи, бидејќи големиот број на црвени крвни клетки во крвта ја прават погуста, а тоа пак го зголемува ризикот од срцев удар, излив или други проблеми.
Третман
[уреди | уреди извор]Третманот вклучува редовно вадење на крв за да може да се задржи нивото на еритроцитите нормално, или пак медикаменти кои делуваат на коскената срцевина. Кај секундарната полицитемија, треба првенствено да се разгледа примарната болест која довела до секундарна полицитемија. На некои луѓе им е потребен третман за симптомите и компликациите од ова заболување, како што е чешањето. На болните од релативната полицитемија им се советува да намалат телесната тежина, да ги откажат цигарите и да ја земаат редовно терапијата која лекарот им ја препишал.
|