Прејди на содржината

Пегниц

Координати: 49°29′11″N 10°59′12″E / 49.48639° СГШ; 10.98667° ИГД / 49.48639; 10.98667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Пегниц
Изворно имеPegnitz  (германски)
Местоположба
Физички особености
УстиеРегниц
49°29′11″N 10°59′12″E / 49.48639° СГШ; 10.98667° ИГД / 49.48639; 10.98667
Должина79 км
(102 км со Фихтеное)
Особености на сливот
Карта на Пегниц, Регниц и околните реки

Пегниц (германски: Pegnitz) — мала река во Франконија, во сојузната покраина Баварија, Германија. Извира во истоимениот град, на надморска висина од 425 м и се влева во реката Редниц на висина од 283 м во Фирт. Оттука па натаму, реката се нарекува Регниц и на крај се влева во Мајна.

Мештаните го сметаат потокот Фихтеное (23 км) за дел (горно течение) на Пегниц. Фихтеное пак, извира во шумата Линденхарт северно од градот Пегниц.

Реката е долга околу 79 км, или 102 км ако се вклучи Фихтеное.

Во Пегниц живеат разни водни птици како патки, лиски, лебеди и галеби.

Сите притоки на Пегниц се потоци. Тие се следниве, по географски редослед:

  • Фихтеное (лева)
  • Флембах (лева)
  • Хиршбах (лева)
  • Хегенбах (лева, од страната на Помелсбрун)
  • Хапургер Бах (лева)
  • Зитенбах (десна)
  • Хамербах (лева)
  • Зандбах (лева)
  • Шнајтах (десна)
  • Ретенбах (десна)
  • Битербах (десна)
  • Ретенбах (лева)
  • Лангвасерграбен (десна)
  • Тифграбен (десна)
  • Голдбах (лева)

Градови во поречието

[уреди | уреди извор]

Од изворот до устието, ова се градовите по течението на Пегниц:

Во Нирнберг и Фирт се направени напори релата да се уреди според нејзиното природно течение по старото корито.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]