Париз, кога врне
„Париз, кога врне[1]“ | |
---|---|
Оригинален филмски постер | |
Режисер | Ричард Квин |
Продуцент | Џорџ Екслроуд Ричард Квин |
Сценарист | Џулиен Дувивиер (La fête à Henriette) Хенри Џинсон (La fête à Henriette) Џорџ Екслроуд (адаптација на сценариото) |
Главни улоги | Вилијам Холден Одри Хепберн |
Музика | Нелсон Ридл |
Кинематографија | Чарлс Ланг Клод Реноар |
Монтажа | Арчи Маршек |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | 8 април 1964 |
Времетраење | 108 минути (приближно)[1][2] |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Буџет | $4 милиони (проценка) |
Париз, кога врне е романтична комедија од 1964 година. Сценариото е на Џорџ Екслроуд и е засновано врз приказната и филмот La fête à Henriette на Џулиен Дувивиер и Хенри Џинсон.
Кратка содржина
[уреди | уреди извор]Приказната зборува за сценаристот по име Ричард Бенсон (Вилијам Холден) кој е платен да напише сценарио за неговиот шеф, Г. Александр Мирхајм (Ноел Кауард). Сосема самоуверен во своите способности, тој остава само три дена пред рокот за да го напише сценариото. Габриел Симпсон (Одри Хепберн), привремена секретарка која е вработена од Бенсон да му помогне во пишувањето, доаѓа во хотелот каде што е сместен Ричард и заедно со него почнуваат да го пишуваат сценариото со име Девојката што ја украде Ајфеловата кула. Како се развива текстот, така се развива и романсата меѓу двајцата сценаристи.
Занимливости
[уреди | уреди извор]- Филмот е преработка на францускиот филм La fête à Henriette (1952), режиран од Џулиен Дувивиер.
- Според неколку биографии на Хепберн, Париз, кога врне се снимал хаотично, зашто Холден, кој имал афера со Одри во текот на снимањето на Сабрина една деценија пред Париз, кога врне се обидел да ја возобнови романсата со сега веќе венчаната глумица.[3]
- Филмот е сниман истовремено со Шарада, поради што неколку места се повторуваат во двата филма.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1
- Paris When It Sizzles на филмската база TCM
- ↑ „Paris When It Sizzles“. Variety. January 1, 1964. Посетено на 2009-05-27.
- ↑ Eleanor Quin. „Paris When It Sizzles: Overview Article“. Turner Classic Movies. Посетено на 2009-05-27.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Филмови:
Холандски во 7 лекции (1948) •
Смеа во Рајот (1951) •
Приказната на младите сопруги (1951) •
Еден див овес (1951) •
Толпата на Лавендер Хил (1951) •
Монте Карло, злато (1951) •
Ќе одиме во Монте Карло (1952) •
Таинствени луѓе (1952) •
Празник во Рим (1953) •
Сабрина (1954) •
Војна и мир (1956) •
Смешно лице (1957) •
Љубов на пладне (1957) •
Зелени палати (1959) •
Приказната за калуѓерката (1959) •
Непростено (1960) •
Појадок кај Тифани (1961) •
Час за децата (1961) •
Шарада (1963) •
Париз, кога врне (1964) •
Мојата убава дама (1964) •
Како да се украде милион (1966) •
Двајца за патот (1967) •
Почекај додека се стемни (1967) •
Робин и Мериан (1976) •
Крвна линија (1979) •
Сите се смееја (1981) •
Секогаш (1989) (камео)
Телевизија:
Маерлинг (1957) •
Љубов меѓу крадци (1987) •
Светските градини со Одри Хепберн (1993)