Прејди на содржината

Парвати

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парвати, божествената мајка, го негува Ганеша, нејзиниот син.

Парвати (санскрит : पार्वाती|पार्वाती) е едно од многуте божества што се обожуваат во хинду пантеонот. Парвати се обожува како врховна божествена мајка и сите други божици во хиндуизмот се гледаат како една од нејзините инкарнации или манифестации. Од друга страна, Парвати го претставува и Шакти, т.е. нејзиниот позитивен и нежен аспект, бидејќи Парвати е божествената мајка. Исто така оваа божица е олицетворение на вкупната енергија во универзумот .

Парвати има статус на втор придружник на Шива, хинду богот на уништувањето и повторното раѓање. Сепак, таа не се разликува од Сати, поранешната придружничка на богот Шива, бидејќи Парвати е нејзината реинкарнација. Парвати е исто така мајка на две важни божества во хиндуизмот: Ганеша и Картикеја. Според некои толкувања, Парвати е сестра на богот Вишну и ќерка на Хималаите.

Кога се прикажува до Шива, Парвати има две раце. Кога не е до него, таа е прикажана со четири раце, а до неа е тигар или лав. Во принцип, Парвати е добра божица, но како и многу други хинду божества, таа ја има и својата темна страна, нејзините ужасни аспекти како Дурга, Кали или Чанди. Нејзини позитивни форми се Махагаури, Шаилпутри и Лалита.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • David Kinsley, Hindu Goddesses: Vision of the Divine Feminine in the Hindu Religious Traditions (ISBN 81-208-0379-5)