Прејди на содржината

Орланци (Кичевско)

Координати: 41°30′12″N 21°2′21″E / 41.50333° СГШ; 21.03917° ИГД / 41.50333; 21.03917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Орланци

Поглед кон селото на местото каде се двои асфалтниот пат за двете маала

Орланци во рамките на Македонија
Орланци
Местоположба на Орланци во Македонија
Орланци на карта

Карта

Координати 41°30′12″N 21°2′21″E / 41.50333° СГШ; 21.03917° ИГД / 41.50333; 21.03917
Регион  Југозападен
Општина  Кичево
Област Рабетинкол
Население 17 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6258
Повик. бр. 045
Шифра на КО 12050
Надм. вис. 700 м
Слава Свети Никола (летен и зимен)
Орланци на општинската карта

Атарот на Орланци во рамките на општината
Орланци на Ризницата

Орланци — мало село во областа Рабетинкол, во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Средиштето во Долно Маало

Селото се наоѓа во Кичевската Котлина, во областа Рабетинкол, во источниот дел на територијата на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 700 метри.[2] Од градот Кичево е оддалечено 7 километри и лежи во подножјето на планината Челоица.

Селото е познато во Кичевско, сместено во подножјето на југоисточната падина на масивот Голи Рид. Околни села се: Челопеци, Речани и Крушица.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Старец, Димоа Нива, Гарански Рид, Мело Ливада, Мала Ливада, Филипои Колиби, Јели, Ограѓе, Ливади, Средно Поле, Црн Лаг, Река, Слатина, Клукоо, Кошари, Орници, Песок, Поток, Станишец, Банско, Душец, Садајне, Орница, Црквиче и Попоо Гумно.[3]

Селото има разреден тип. Поделено е на Предно, Средно и Долно Маало. Првото е во североисточниот дел, а последното во југозападниот дел. Роднинските куќи се групирани и се поблиску една до друга.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Орланци спаѓа во старите населби во Кичевско. Под истото име се споменува во втората половина на XV век, кога било поголемо од денес и броело 97 словенско-христијански куќи. Селото во тоа време се наоѓало 2 километри северно од денешната положба, сместено на планинската падина во месноста Мала Ливада. Мештаните се префрлиле на денешната положба во првата половина на XIX век.[3]

Во месноста Селиште се наоѓаат остатоци од срушен храм, каде мештаните се собираат на Св. Ѓорѓи (посен). Слаби остатоци има и јужно од Орланци, каде се наоѓа црквиште и мештаните одат на Атанасовден. На месноста Попоо Гумно се наоѓаат стари гробови.[3]

Во XIX век, Орланци било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Селото изобилува со стари зачувани куќи
Поглед на Долно Маало

Атарот зафаќа простор од 12,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 732 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 212 хектари, а на пасиштата 168 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

За време на отоманскиот период, селаните сами ја поседувале земјата. По заминувањето на Турците, селаните збогатени од печалбите купувале плодна почва во рамнината околу Треска, во атарите на торбешките села.[3]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948514—    
1953474−7.8%
1961392−17.3%
1971281−28.3%
1981151−46.3%
ГодинаНас.±%
199183−45.0%
199476−8.4%
200237−51.3%
202117−54.1%

Според податоците од 1873 година, селото Орланци имало 48 домаќинства со 184 жители христијани (Македонци).[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 640 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Орланци имало 800 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Орланци се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 100 куќи.[7]

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Орланци:[8]

Домаќинства Гурбетчии Писмени Неписмени
мажи жени вкупно мажи жени вкупно
98 170 153 42 195 181 242 423

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[9]

Селото преминало од средно во мало село, коешто во 1961 година броело 392 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 76 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Орланци живееле 37 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 17 жители, од кои 14 Македонци и 3 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 640 800 514 474 392 281 151 83 76 37 17
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Во селото Орланци живеат Македонци, христијани. Во селото има староседелски и доселенички родови.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1960-тите години родови во селото се:

  • Староседелци: Печурковци (9 к.), Кензовци (4 к.), Поповци (4 к.), Богдановци (3 к.), Грујовци (3 к.), Радевци (3 к.), Трајковци (3 к.), Белевци (3 к.), Грубановци (3 к.), Миајлевци (2 к.), Прпачовци (2 к.), Мојсовци (2 к.), Шабановци (2 к.), Најдевци (2 к.), Симјановци (1 к.), Цекеровци (1 к.), Шилковци (1 к.), Мутавџиовци (1 к.), Митревци (1 к.), Стојановци (1 к.) и Илијовци (1 к.);
  • Доселеници: Николовци (5 к.) и Музаревци (3 к.), доселени се од селото Кладник; Тутунџиовци (2 к.), доселени се од селото Русјаци, основачот на родот бил домазет; Поп-Симјановци (1 к.), доселени се од Речани; Куслевци (8 к.), Јаневци (4 к.), Новаковци (1 к.), Мирчевци (1 к.) и Чупаревци (1 к.), доселени се однекаде; Стрезовци (4 к.), доселени се од селото Сретково, Гостиварско; Калевци (3 к.), доселени се од областа Матија во Албанија. Сосема се иселени родовите Колевци и Сиљановци.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се:[16]

  • Староседелци: Печуровци (10 к.), Грубановци (3 к.), Спасеновци (3 к.), Поповци (4 к.), од нив потекнува владиката Козма Пречистански, Мирчевци (2 к.), Чупчевци (2 к.), Влајковци (2 к.), Радевци (14 к.), Муовци (1 к.), помеѓу нив има домазет од Босна, Пашовци (1 к.) и Горевци (6 к.), помеѓу нив има домазет од селото Челопеци (од Грујовци).
  • Доселеници: Мутавџијовци (2 к.), доселени се пред 400 години од селото Кладник; Џанчевци (3 к.), доселени се од селото Стрелци; Мијаилевци (3 к.), доселени се пред околу 300 години од селото Кладник; Поп Ѓорѓевци (2 к.), доселени се пред околу 300 години од селото Лешница, па затоа ги викаат Шопки; Музаревци (2 к.), доселени се пред околу 300 години од некое село Кошино во Порече (веројатно Прилепско); Стреовци (22 к.), доселени се пред околу 500 години од селото Сретково кај Гостивар; Калевци (3 к.), доселени се пред околу 400 години од областа Матија во Албанија; Белевци (5 к.), доселени се од селото Кладник; Клумчаровци (1 к.), доселени се пред околу 250 години од селото Речани и Куслевци (15 к.), доселени се пред околу 400 години од некое село Речани кај Битола (?).

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поранешното основно училиште „Маршал Тито“
  • Поранешно основно училиште „Маршал Тито“

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Вранештица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната истоимена општина, во која покрај селото Орланци, се наоѓале и селата Дупјани, Козичино, Крушица, Миокази, Патец, Рабетино, Речани, Светораче и Челопеци. Во периодот 1950-1952, селото влегувало во рамки на некогашната Општина Челопеци, заедно со селата Лисичани, Миокази, Орланци и Челопеци.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0809 според Државната изборна комисија, сместено во селскиот дом.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[18]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 35 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Селската црква „Св. Никола“ во Предно Маало
Селската црква „Св. Недела“ во Долно Маало
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]
  • Црква „Свети Никола" — изградена во 1872 година. Поради тоа што Турците ја запалиле, во целост изгорела во 1903 година. Обновена е во 1908 година, во нејзиниот поранешен изглед, црквата претставува масонска градба. Иконостасот, кој е пренесен од старата црква, е изработен во периодот помеѓу 1882-1885 година.[22]
  • Црква „Свети Недела" — градена на темели од постара црква, која потекнува од 1938/39 година. Осветена на 7 август 2005 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.[22]

Во минатото се бележи дека селото имало 12 цркви и манастири. Од нив се зачувани само гореспоменатите две. Меѓу оние за кои се знае дека се урнати се: „Св. Атанасиј“, за која се верува дека била средновековна, но без точен датум на изградба; манастирот „Св. Богородица“ и црквата „Св. Ѓорѓи“.[2]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во или по потекло од Орланци

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од селото се имаат иселено бројни жители. Најмногу иселувања се забележани во Белград и Земун, каде по Втората светска војна се иселиле 30 домаќинства. Сосем се имаат иселено родовите Колевци и Силјановци. Родот Поповци во кичевското село Русјаци е доселен од Орланци.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 223. Посетено на 15 декември 2020.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 22–23.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 90-91.
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 154-155.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  8. Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 12 декември 2020.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. Смиљанић, Тома, (1935) Кичевија, Насеља и порекло становништва. Београд, САНУ
  17. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 15 декември 2020.
  18. „Претседателски избо��и 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 7 декември 2019.
  19. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 15 декември 2020.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. 22,0 22,1 „Цркви во Кичевкото архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2013-02-12. Посетено на 2011-04-14.
  23. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  24. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  25. 25,0 25,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]