Општина Луково
Општина Луково
денес дел од Општина Струга | |
Местоположба на поранешната општина Луково. | |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Луково |
Површина | н.п. км2 |
Демографија | |
Население | 1.509[1] жит. |
Густина | н.п. жит./км2 |
Населени места | |
Самоуправа | |
Градоначалник | н.п. |
Совет | 9 члена |
Контактни податоци |
Општина Луково — поранешна општина во Западна Македонија, основана 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена кон Општина Струга, заедно со општините Лабуништа, Велешта и Делогожди. Локалното и поширокото население не било задоволно од ова припојување. Центар на општината било селото Луково.[2]
Населени места
[уреди | уреди изв��р]Во Општина Луково спаѓале следниве села: Безово, Брчево, Дренок, Јабланица, Лакаица, Локов, Луково, Модрич, Нерези, Пискупштина, ’Ржаново, Селци, Буринец, Збажди, Присовјани и Глобочица.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според последниот попис од 2002 година, општината имала 1.509 жители[1] и најголема етничка група биле Македонците[3]:
етничка група | припадници |
Македонци | 1.496 |
Срби | 3 |
останати | 10 |
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[3]:
јазик | говорници |
македонски | 1.500 |
српски | 6 |
останати | 3 |
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[3]:
религија | следбеници |
православни | 1.464 |
муслимани | 43 |
останати | 2 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ 2,0 2,1 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Попис на населението: јазик и религија“ (PDF). Посетено на 2011-08-17.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |