ОУ „Петар Поп Арсов“ - Богомила
Петар Поп Арсов
| |
---|---|
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Чашка |
Наречено по: | Петар Поп Арсов |
Нас. место: | Богомила |
Адреса: | с. Богомила |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Основно училиште „Петар Поп Арсов“ (официјално: Основно општинско училиште „Петар Поп Арсов“ - Богомила; скратено: ООУ „Петар Поп Арсов“) — централно основно училиште во велешкото село Богомила и едно од трите основни училишта во Општина Чашка.[1][2]
Училиштето е именувано по македонскиот национален деец, филолог и револуционер Петар Поп Арсов.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа во повисоката зона од селото Богомила, на патот за манастирот „Св. Спас“.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во рамките на општинското основно училиште „Петар Поп Арсов“ се наоѓаат и три подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Богомила. Овие училишта се:
- Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Извор
- Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Ореше
- Подрачно основно училиште „Петар Поп Арсов“ во село Согле
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.
- ↑ „Образование“. Општина Чашка. Посетено на 2 август 2018.