ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница
Мустафа Кемал Ататурк
| |
---|---|
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Пласница |
Наречено по: | Мустафа Кемал Ататурк |
Нас. место: | Пласница |
Адреса: | с. Пласница |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | турски |
Контактни информации | |
Е-пошта | mustafakemal.ataturk@yahoo.com |
Телефон | 045/287-711 |
Факс | 045/287-711 |
Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ (во минатото: Основно училиште „Стив Наумов“; официјално: Основно општинско училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница; скратено: ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“) — централно основно училиште во селото Пласница, Општина Пласница.[1] Училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селото Пласница и селото Преглово.
Денес, училиштето е именувано по основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Стив Наумов.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Објектот на училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селата Пласница и Преглово.
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.
Градба
[уреди | уреди извор]Училиштето било целосно обновено во 2014 година со околу 300.000 евра помош од страна на турската владина агенција ТИКА.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Спортската сала
-
Влезот
-
Игралиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ „Невработеноста најголема закана за Пласница“. Радио Слободна Европа. Посетено на 2020-10-15.