Прејди на содржината

Ношпал

Координати: 41°10′58.08″N 21°27′5.04″E / 41.1828000° СГШ; 21.4514000° ИГД / 41.1828000; 21.4514000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ношпал

Поглед на селото Ношпал

Ношпал во рамките на Македонија
Ношпал
Местоположба на Ношпал во Македонија
Ношпал на карта

Карта

Координати 41°10′58.08″N 21°27′5.04″E / 41.1828000° СГШ; 21.4514000° ИГД / 41.1828000; 21.4514000
Регион  Пелагониски
Општина  Могила
Област Пелагонија
Население 294 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7215
Повик. бр. 047
Шифра на КО 02085
Надм. вис. 570 м
Слава Свети Никола Летен
Ношпал на општинската карта

Атарот на Ношпал во рамките на општината

Ношпал — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името на селото првпат е споменато во 1568 година и е изведено од лично име врз основа на именката „ношт“ (ноќ).[2]

Според кажувањата на постарите жители, името е во тесна врска со самата историја на селото. Имено, првите жители на селото биле Пајонци од Мариово и Мијаци од Порече кои се занимавале со овчарство. За време на колењето на животното, нож се користел само при одземањето на животот на животното, а останатиот процес вклучуваќи го и дерењето на кожата бил изведен со рака, палците ја имале улогата на ножеви. Со кованица од зборовите „нож“ и „палец“ се добило името Ношпал.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 588 метри.[3]

Тоа е полско село, лево од Црна Река, во средишниот дел на Пелагонија. Околни села се: Клепач, Добрушево, Вашарејца и други.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Батински Пат, Горни и Долни Ливади, Најденица, Гладно Поле, Круша, Лимејца, Тумба, Меѓуанови, Бела Црква и други.[4]

Селото има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родовите.[4]

Од општинското средиште Могила е оддалечено 16 километри, а од градот Битола е оддалечено 26 километри.[5]

Ваквата местоположба блиску до реката Црна која предизвикувала чести поплави била причина селото да биде поплавено во големата поплава во февруари 2015 година.[6]

Историја

[уреди | уреди извор]

Околу 500 метри северно од селото е месноста Бела Црква, каде што има остатоци од ѕидови, мермерни камења и се наоѓа кладенец. Меѓу мештаните се верува дека била римска црква. Таму во минатото биле ископани и гробови. И на месностите Тумба и Под Тумба, во близина на коритото на реката, биле пронајдени камчиња и ќерамиди. Јанов Гроб е уште една месност со старини.[4]

Ношпал се наоѓа на стариот пат Битола-Прилеп. По преданието, по тој пат се движеле Татарите, турската војска и други.[4]

Не се знае кога е основано денешното село. По една група на родови, се верува дека е доста старо село. Во пишаните извори првпат се споменува помеѓу 1650 и 1750 година. .[4]

Во XIX век, Ношпал било села во Битолската каза на Отоманското Царство.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[7]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 10,5 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 921 хектар, па според тоа селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Економијата на село Ношпал е централизирана околу земјоделство и сточарство. Секоја година во Ношпал се произведува голема количина на тутун, пиперка и жито, додека пак сточарството главно се состои од крупен добиток и живина во мала мера за домашни потреби и дел за продажба.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948462—    
1953487+5.4%
1961572+17.5%
1971546−4.5%
1981545−0.2%
ГодинаНас.±%
1991427−21.7%
1994360−15.7%
2002348−3.3%
2021294−15.5%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ношпал живееле 240 жители, сите Македонци.[8] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ношпал имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[9]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ношпал се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.[10]

За време на Првата светска војна, Ношпал бил дел од општината Добрушево и имал 342 жители.[11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[12]

Селото е средно по големина, но со намалување на бројот на жителите. Така, во 1961 година селото броело 572 жители, а во 1994 година 360 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Ношпал живееле 348 жители, од кои 347 Македонци и 1 останат.[13]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 294 жители, од кои 280 Македонци и 14 лица без податоци.[14]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 320 462 487 572 546 545 427 360 348 294
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[15]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[16]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[18]

Ношпал е македонско село.[4]

Родови во селото се:

  • Стари родови: Волчевци (10 к.), Мусовци (3 к.) и Бошковци (2 к.), староседелци, за кои се кажува дека се тука отсекогаш или први дошле во селото.
  • Доселени родови: Куртовци (6 к.) и Сарвановци (3 к.), доселени се од Клепач, подалечно потекло од Преспа; Муртановци (5 к.), доселени се од селото Алинци, кај Прилеп; Мацаловци (3 к.), доселени се од мариовското село Дуње; Чурлиновци (3 к.), доселени се во турско време од Добрушево; Дуковци (3 к.) и Вешовци (3 к.), доселени се во 1912 година од Ерековци; Цветковци (3 к.), доселени се од Суводол, каде биле староседелци; Ѓуровци (3 к.), доселени се од Црничани, таму се доселени од Охридско; Зенговци (2 к.) и Црничановци (1 к.), доселени се исто така од Црничани, подалечно потекло од Охридско; Вашеревци (2 к.), доселени се од Вашарејца; Чарлинци (1 к.), доселени се од Горна Чарлија; Бучиновци (1 к.), доселени се од Бучин; Симоновци (2 к.), Секуловци (7 к.), Ризановци (4 к.), Поповци (3 к.), Нечиновци (1 к.), Чавкаровци (1 к.) и Никовци (1 к.), доселени се однекаде.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поглед на новата монтажна градба на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Ношпал, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горна Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Мусинци, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Добрушево, во која влегувале селата Горна Чарлија, ДОлна Чарлија, Добрушево, Мусинци и Ношпал.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0221 според Државната изборна комисија, сместено во домот на културата.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.[20] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 288 гласачи.[21]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Поглед на главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[22]
  • Бела Црква — базилика и некропола од старохристијанско време;
  • Тумба — населба од неолитско и римско време;
  • Гајтаница — населба од неолитско и доцноантичко време;
  • Св. Никола — осамен наод од римско време; и
  • Горни Ливади — населба од доцноантичко време.
Цркви[23]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]
  • Свети Никола Летен — селска слава

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Ношпал
Починати во Ношпал

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Се знае за следниве иселени родови: Овчаровци (3 к.), Ношпалци (2 к.) и Ризановци (1 к.), живеат во селото Добрушево; Бозјаковци (4 к.) и Ношпалци (1 к.), живеат во Могила; Стојковци (2 к.), живеат во Горна Чарлија; Маџарот (1 к.), живее во Оптичари; Пројковци (2 к.), живеат во Трн (село); Прпачо (1 к.), живее во Горно Оризари (населба); Муртановци (2 к.), живеат во Вашарејца и Чифлиганци (1 к.), живеат во Дедебалци.[4]

Павлевци, еден од најстарите родови во селото, целосно изумрел.

Од селото има иселено над 200 жители. Најголемиот дел се има преселено во градовите Битола, Прилеп, Скопје и Охрид, а голем дел имаат заминато и во прекуокеанските земји и низ Европа.[5]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 125.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 216. Посетено на 23 септември 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  5. 5,0 5,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 2019-09-23.
  6. „Жителите од Ношпал и Вашарејца најтешко погодени од поплавите“. kanal5.com.mk. Посетено на 2019-10-29.
  7. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  8. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237.
  9. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  10. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 13.
  11. „Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, с. 4“. Архивирано од изворникот на 2014-04-07. Посетено на 2021-08-14.
  12. „200K Volkstumskarte Jugoslawien��.
  13. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 септември 2019.
  14. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  15. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  16. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  17. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  18. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  19. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 23 септември 2019.
  20. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 23 септември 2019.
  21. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 17 октомври 2021.
  22. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  23. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  24. „Цркви“. Посетете ја Пелагонија. Архивирано од изворникот на 2013-10-03. Посетено на 27 февруари 2014.
  25. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 162.
  26. ��иколов, Борис. ВМОРО — псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.102

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]