Нема земја за старци
„Нема земја за старци (No Country for Old Man)“ | |
---|---|
Режисер | Џоел Коен Итан Коен |
Продуцент | Скот Рудин Џоел Коен Итан Коен |
Сценарист | Кормак МекКарти (роман) |
Главни улоги | Томи Ли Џонс Џош Бролин Хавиер Бардем Кели Мекдоланд Вуди Харелсон |
Жанр | драма |
Музика | Картер Бурвел |
Кинематографија | Раџер Дикинс |
Дистрибутер | Miramax Films Paramount Vantage |
Премиера | 9 ноември 2007 |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $25,000,000 |
Бруто заработка | $171,600,000 |
„Нема земја за старци“ (англиски: No Country for Old Men) — американски филм (драма) од 2007 година, режиран од браќата Џоел Коен и Итан Коен. Главните улоги ги играат: Томи Ли Џонс, Џош Бролин, Хавиер Бардем, Вуди Харелсон и Кели Мекдоналд. Филмот е снимен по истоимениот роман на Кормак Макарти.[1][2] Филмот бил номиниран за осум награди „Оскар“, а освоил четири, и тоа: за најдобар филм, најдобра режија, најдобро адаптирано сценарио и најдобар спореден глумец (за Бардем). Покрај наградата „Оскар“, Хавиер Бардем ја освоил и наградата „Златен глобус“. Вкупно, филмот освоил 76 награди и имал 109 номинации.[3] [4] Филмот добил многу позитивни критики. Така, Роџер Еберт од „Chicago Sun-Times“ го нарекол „најдобриот филм кој го снимиле браќата Коен...“
Содржина
[уреди | уреди извор]Во филмот се зборува за пропадната зделка со дрога, по што следи игра на мачка и глушец помеѓу тројца мажи, кои меѓусебно се пресретнуваат во пустината во Западен Текса�� во 1980-те години.
За време на ловот, Левелин Мос (го игра Бролин) случајно пронаоѓа група автомобили покрај кои лежат неколку мртви тела. Пребарувајќи низ возилата, тој пронаоѓа еден ранет. Во едно од возилата има големо количество дрога, а малку понатаму, Левелин наоѓа куферче полно со два милиони долари. Тој ги носи парите дома и ѝ кажува на жената си веднаш да се спакува и да оди кај нејзината мајка. Тој пак се враќа назад на местото на злосторството за да му однесе вода на единствениот преживеан во масакрот. Тогаш, таму пристигаат други возила со криминалци, кои го бркаат и пукаат по него. Иако е ранет, успева да побегне, но знае дека криминалците ќе го гонат.
Истовремено, криминалецот и психопатот Антон Чигурх (го игра Бардем) е уапсен, но успева да го задави дежурниот полицаец во станицата и да побегне, а потоа извршува уште неколку убиства, користејќи сад со компримиран воздух. Потоа, Чигурх пристигнува на местото каде се извршила неуспешната зделка со дрогата, ги убива своите сопатници, а потоа започнува да го прогонува Левелин со цел да си ги поврати парите. Левелин бега во еден мотел, каде ги крие парите во една соба, а тој се сместува во друга соба, но не знае дека во куферчето со пари се наоѓа радио-предавател и затоа, Чигурх успева лесно да го пронајде. Така, Чигурх и Левелин продолжуваат да се бркаат, сè додека во еден хотел, Левелин не го открие предавателот. Тој успева да го рани Чигурх во ногата, но и самиот е ранет. Сепак, Левелин успева да побегне во Мексико, каде е сместен во една болница, откако претходно го фрла куферчето со парите. Во болницата го посетува платен убиец, кого го испратиле криминалците, со цел да ги најде парите. Меѓутоа, во градот пристигнува и Чигурх, кој го убива платениот убиец, а на Левелин му се заканува дека ќе му ја убие жената му, ако не му ги даде парите.
Тогаш, Левелин ѝ се јавува на жена си, кажувајќи ѝ да оди во Ел Пасо, но за тоа дознаваат и мексиканската мафија и Чигурх, кој ги убива сите криминалци, заедно со уште неколку луѓе, меѓу кои и самиот Левелин. Останувајќи без мајка си, жената на Левелин се враќа дома, каде ја чека Чигурх. Таа го моли да не ја убива, а тој се обидува да фрли паричка, велејќи ѝ да избере „писмо“ или „глава“. Таа одбива да избере, а во следната сцена е прикажано како Чигурх ја напушта куќата. Заминувајќи со автомобилот, во него удира друг автомобил и тој е повреден. Сепак, две момчиња му помагаат да ја преврзе скршената рака и тој си заминува, додека во далечината се слуша звукот на сирената на амбулантата.
Третата приказна во филмот го следи полицаецот Ед Том Бел (го игра Ли Џонс), кој цело време се обидува да го реши случајот со неуспешната зделка со дрогата. Тој дознава дека Левелин ги зел парите и ја убедува неговата жена да го убеди мажот да ѝ се предаде на полицијата, зашто мафијата нема да го остави. Сепак, тој не успева да го реши случајот, бидејќи доцна пристигнува во хотелот во Ел Пасо, каде Чигурх веќе го извршил својот масакр. Ед конечно се пензионира и започнува мирен семеен живот.[3][5]
Улоги
[уреди | уреди извор]Глумци | Ликови |
---|---|
Томи Ли Џонс | Шериф Ед Томас Бел |
Џош Бролин | Левелин Мос |
Хавиер Бардем | Антон Чигурх |
Кели Мекдоналд | Карла Џин Мос |
Вуди Харелсон | Карсон Велс |
Тес Харпер | Лорета Бел |
Бари Корбин | Елис |
Стивен Рут | Шефот на Велс |
Бет Грент | Мајка му на Карла |
Гарет Дилахант | Вендел |
Номинации и награди
[уреди | уреди извор]Најдобар филм (номинација)
Најдобра режија (награда) Џоел Коен и Итан Коен
Најдобар спореден глумец (награда) Хавиер Бардем
Најдобра споедна глумица (номинација) Кели Мекдоналд
Најдобро адаптирано сценарио (номинација)
Најдобра кинематографија (номинација)
Најдобра монтажа (номинација)
Најдобри звуци (номинација)
Најдобар драма филм (номинација)
Најдобар спореден глумец во драма филм (награда) Хавиер Бардем
Најдобра режија во драма филм (награда) Џоел Коен и Итан Коен
Најдобро сценарио (награда)
Најдобар филм (награда)
Најдобра глумец во споредна улога (награда) Хавиер Бардем
Најдобра режија (награда)
Најдобро адаптирано сценарио (награда)
Најдобра кинематографија (номинација)
Најдобра монтажа (номинација)
Најдобра звучна монтажа (номинација)
Најдобри миксани звуци (номинација)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Thompson, Gary (November 9, 2007). „Creep in the heart of Texas“. Philadelphia Daily News. Посетено на January 4, 2004. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ Schwarzbaum, Lisa (November 7, 2007). „No Country for Old Men“. EW.com. Архивирано од изворникот на 2014-10-22. Посетено на January 4, 2004. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help) - ↑ 3,0 3,1 „Напната игра на мачка и глушец“, Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 3.
- ↑ HRT, A Oscara dobiva...: Chicago, američki film (пристапено на 24.4.2021)
- ↑ Антена, број 867, 6.2.2015, стр. 14.
|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>
|
- Добитници на оскар за најдобар филм
- Филмови од 2007 година
- Филмови на Браќата Коен
- Филмови со Томи Ли Џонс
- Филмови со Џош Бролин
- Филмови со Хавиер Бардем
- Филмови со Вуди Харелсон
- Филмови со Кели Мекдоналд
- Филмови на англиски јазик
- Американски филмови
- Филмови снимени во Тексас
- Филмови на Miramax Films
- Филмови засновани на романи