Национална палата на уметноста - Украина
50°25′20.311″N 30°31′16.7″E / 50.42230861° СГШ; 30.521306° ИГД
Палата Украина Національний палац мистецтв "Україна | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Киев |
Земја | Украина |
Националната палата на уметноста - Украина (украински: Національний палац мистецтв "Україна") или Палата Украина е објект кој се наоѓа во Киев, Украина. Зградата служи најмногу како концертна сала.
Институцијата била основана во 1970 година како најголем центар на кулрурата и уметноста. Објектот бил дизајниран од страна на група архитекти под раководство на П. Зилитски и И. Вајнер и има трапезоидна форма[1] . На сите архитекти по една година од отворањето, им била доделена национална награда за проектирање и изградба. зградата се состои од околу 300 простории.
Кристина Агилера, Енрике Иглесијас, Лучано Павароти и Софија Ротару[2] се некои од уметниците кои биле овде. Главната концертна сала има капацитет од 3,714 луѓе.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (украински) Entsyklopediya Kyiv Архивирано на 26 март 2016 г.
- ↑ (украински) Official website Архивирано на 17 септември 2008 г.