Мајмунски сипаници
Мајмунски сипаници | |
---|---|
Мајмунски сипаници на раката и ногата на четиригодишно девојче во 1971 г. | |
Специјалност | Заразна болест |
Симптоми | осип, треска, исцрпеност, отечени лимфни јазли, мускулни болки, воспалено грло |
Компликации | вторични зарази, пневмонија, сепса, енцефалит и губење на видот со тешка очна зараза |
Вообичаена појава | од 5 до 21 ден по изложувањето |
Времетраење | од 2 до 4 недели |
Видови | клад I, клад II |
Причинители | вирус мајмунски сипаници |
Дијагностички метод | испитување за вирусна ДНК |
Диференцијална дијагноза | варичела, сипаници |
Спречување | вакцина за сипаници и мајмунски сипаници, миење на рацете, држење растојание |
Лекови | тековиримат, противвирусни лекови |
Прогноза | повеќето се опоравуваат |
Мајмунски сипаници (англиски: Monkeypox, скратено: mpox, познато и како африкански сипаници) — заразна болест на животните и луѓето, која се одликува со треска, општо труење и појава на егзантема.[1] Предизвикувачкиот агенс на мајмунски сипаници е вирусот mpox од семејството поксвируси (неговото поранешно име е англиски: monkeypox) и е генетски близок со вирусот Variola, предизвикувачкиот агенс на човечките сипаници.[2][3]
Во 2023 г., во Демократска Република Конго била утврдена појава на клад I мајмунски сипаници. До август 2024 г., вирусот се проширил во повеќе африкански земји, предизвикувајќи загриженост дека можеби се прилагодува за поодржлив пренос на луѓе.[4][5] На 14 август 2024 г., СЗО ја прогласила епидемијата за вонредна состојба за јавно здравје од меѓународен интерес (PHEIC).[6] Следниот ден, Шведска го пријавила својот прв случај надвор од Африка.[7]
Вакцинацијата се препорачува за лица со висок ризик од зараза.[8] Иако не постои вакцина конкретно за мајмунски сипаници, вакцините против големи сипаници се покажале како успешни.[9] Не постои насочено лечење за мајмунски сипаници; затоа, лекувањето се сосредоточува на управување на симптомите и спречување на усложнувања.[10] Противвирусни лекови како тековиримат можат да се користат за лекување на мајмунски сипаници, но нивната ефикасност не е целосно утврдена.[11]
Пренос
[уреди | уреди извор]Се верува дека вирусот мајмунски сипаници има мали цицачи во тропска Африка како негов природен резервоар.[12] Пренесувањето од животни на луѓе може да се случи преку каснувања или гребаници, ��ли преку дејности како што се лов, одерување или готвење заразени животни. Вирусот навлегува во телото преку повредена кожа или лигави површини како што се устата, дишните патишта или половите органи.[13]
Преносот на мајмунски сипаници од човек на човек може да се случи преку контакт со заразен материјал од повреда или течности од кожата, устата или половите органи, вклучително и преку допирање, близок контакт и полова дејност. Може да се распространува и преку воздушен-капен пат при зборување, кашлање или кивање.[14][15] За време на глобалната епидемија на Клад II од 2022–2023 г., преносот кај луѓето првенствено бил преку полов пат.[16]
Ризикот од зараза од фомити, како облека или постелнина загадени од заразено лице, е помал, но сепак треба да се преземат претпазни мерки.[17]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Оспа обезьян (руски)“. web.archive.org. 2010-11-23. Архивирано од изворникот на 2010-11-23. Посетено на 2024-08-17.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Centers for Disease Control and Prevention, National Center for Emerging and Zoonotic Infectious Diseases (NCEZID), Division of High-Consequence Pathogens and Pathology (DHCPP), уред. (2022). „About Mpox“. CDC (англиски). стр. /. Архивирано од изворникот на 20230513085645. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|archive-date=
(help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link) - ↑ „Mpox (formerly Monkeypox)“. NIAID (англиски). 2022. стр. /. Архивирано од изворникот на 20230502000437. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|archive-date=
(help) - ↑ „How scientists are racing to understand the new Mpox strain in the Democratic Republic of the Congo“. VaccinesWork | Gavi, the Vaccine Alliance (англиски). 30 July 2024. Посетено на 6 August 2024.
- ↑ „WHO considers public health emergency as mpox cases mount in Africa“. University of Minnesota | CIDRAP (англиски). 5 August 2024. Архивирано од изворникот 6 August 2024. Посетено на 6 August 2024.
- ↑ „WHO declares mpox a public health emergency as newer strain spreads in Africa“. www.msn.com. 14 August 2024. Посетено на 14 August 2024.
- ↑ „Sweden confirms first case of mpox strain outside Africa“. Al Jazeera. 15 August 2024. Посетено на 16 August 2024.
- ↑ „WHO Factsheet – Mpox (Monkeypox)“. World Health Organization (WHO). 18 April 2023. Архивирано од изворникот 21 April 2022. Посетено на 21 May 2023.
- ↑ Christodoulidou MM, Mabbott NA (1 January 2023). „Efficacy of smallpox vaccines against Mpox infections in humans“. Immunotherapy Advances. 3 (1): ltad020. doi:10.1093/immadv/ltad020. PMC 10598838 Проверете ја вредноста
|pmc=
(help). PMID 37886620 Проверете ја вредноста|pmid=
(help). - ↑ „WHO Factsheet – Mpox (Monkeypox)“. World Health Organization (WHO). 18 April 2023. Архивирано од изворникот 21 April 2022. Посетено на 21 May 2023.
- ↑ „Patient's Guide to Mpox Treatment with Tecovirimat (TPOXX)“. Centers for Disease Control and Prevention. 28 November 2022. Архивирано од изворникот 24 May 2023. Посетено на 24 May 2023.
- ↑ Moore MJ, Rathish B, Zahra F (30 November 2022), „Mpox (Monkeypox)“, StatPearls, StatPearls Publishing, PMID 34662033 Проверете ја вредноста
|pmid=
(help), Архивирано од изворникот 16 March 2023, Посетено на 26 May 2023 - ↑ „WHO Factsheet – Mpox (Monkeypox)“. World Health Organization (WHO). 18 April 2023. Архивирано од изворникот 21 April 2022. Посетено на 21 May 2023.
- ↑ „WHO Factsheet – Mpox (Monkeypox)“. World Health Organization (WHO). 18 April 2023. Архивирано од изворникот 21 April 2022. Посетено на 21 May 2023.
- ↑ „Mpox – How It Spreads“. Centers for Disease Control and Prevention (англиски). 2 February 2023. Архивирано од изворникот 21 May 2023. Посетено на 23 May 2023.
- ↑ „Safer Sex, Social Gatherings, and Mpox“. Centers for Disease Control and Prevention (англиски). 28 April 2023. Архивирано од изворникот 29 May 2023. Посетено на 26 May 2023.
- ↑ „Mpox – How It Spreads“. Centers for Disease Control and Prevention (англиски). 2 February 2023. Архивирано од изворникот 21 May 2023. Посетено на 23 May 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мајмунски сипаници“ на Ризницата ? |
- CDC – Mpox
- WHO – Monkeypox Fact Sheet
- "Could Monkeypox Take Over Where Smallpox Left Off?". Scientific American, 4 March 2013.
- MonkeypoxTracker – Monkeypox statistics visualization site
- PoxApp – the mpox app – Assesses skin lesions and symptoms with artificial intelligence developed by Stanford University