Прејди на содржината

Марсоод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марсоодот на НАСА „Кјуриосити“ од 2015 г.

Марсоод (од „Марс“ + -о- + „од“) — планетоод што се движи по површината на Марс. Мекото слетување на марсооди се врши со помош на спуштачки возила.

Марсоодот, за разлика од месечиноодот, не може да се управува од далечина со команди од оператор сместен на Земјата во реално време поради значително доцнење на командните сигнали и сигналите од планетоодот. Времето на одложување, во зависност од релативната положба на Земјата и Марс, се движи од 3 минути и 6 секунди до 22 минути и 17 секунди. Доцнењето настанува затоа што на радиосигналот, поради неговата конечна брзина на ширење, му треба време да стигне до Марс и од него до Земјата. Затоа, марсоодите се способни да работат одредено време, вклучително и движење и изведување истражувања, автономно според програмите вградени во нив, примајќи команди само од време на време.

На Марс ракувале вкупно шест марсооди за научно истражување. Две од нив: „Кјуриосити“ и „Персеверанс“, сè уште работат.

  • „Кјуриосити“ од Марсовската научна лабораторија на НАСА, бил пуштен на 26 ноември 2011 г. и слетал во рамнината Aeolis Palus во близина на Aeolis Mons (неформално „планината Шарпа“) во кратерот Гејл на 6 август 2012 г. Марсоодот „Кјуриосити“ сè уште е во должност од 2024 г. [1][2][3][4]
  • „Персеверанс“ е марсоодот на НАСА заснован на успешниот дизајн на „Кјуриосити“. Пуштен со марсовската мисија од 2020 година на 30 јули 2020 г., слетал на 18 февруари 2021 г.[5] Бил пренесен од марсовскиот вртолет Ingenuity, закачен на неговиот стомак. Иако мисијата на Ingenuity е завршена, „Персеверанс“ останува работоспособен од март 2024 г.
  1. USGS (16 May 2012). „Three New Names Approved for Features on Mars“. USGS. Архивирано од изворникот на 28 July 2012. Посетено на 28 May 2012.
  2. NASA Staff (27 March 2012). 'Mount Sharp' on Mars Compared to Three Big Mountains on Earth“. NASA. Архивирано од изворникот на 7 May 2017. Посетено на 31 March 2012.
  3. Agle, D. C. (28 March 2012). 'Mount Sharp' On Mars Links Geology's Past and Future“. NASA. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 31 March 2012.
  4. Staff (29 March 2012). „NASA's New Mars Rover Will Explore Towering 'Mount Sharp'. Space.com. Посетено на 30 March 2012.
  5. „Nasa's Perseverance rover lands on Mars“. BBC News. 18 February 2021. Посетено на 2021-02-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]