Прејди на содржината

Маркови Кули (Летевци)

Координати: 41°50′57″N 21°42′15″E / 41.84917° СГШ; 21.70417° ИГД / 41.84917; 21.70417
Од Википедија — слободната енциклопедија
За други тврдини со истото име, видете Маркови Кули
Маркови Кули

Поглед кон кастелот

Карта

Местоположба 41°50′57″N 21°42′15″E / 41.84917° СГШ; 21.70417° ИГД / 41.84917; 21.70417
Основни податоци
Место Летевци
Општина Петровец
Тип

 градиште  кастел


Период римско време
доцноантичко време
Портал „Археологија“
Реконструкција на тврдината Маркови Кули

Маркови Кулитврдинагранична стража 1,6 км источно од Кожле и 1,2 км јужно од Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Претставува тесен и издаден карпест рид со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Се издига 70 м над реката. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини; денес преку тоа седло поминува автопатот Скопје-Велес. Една прастара патека ја преминува реката на тоа место, поврзувајќи ги двете антички траси на Вардарската магистрала (и денес тука водат два еднонасочни автопата) западно и источно од Маркови Кули.[1][2]

Најстари остатоци

[уреди | уреди извор]

На седлото источно од Маркови Кули ерозијата разголила низа стари гробови — од доцноримско и од железно време. На оваа позиција во доцноантичко време бил изграден граничен кастел што ги контролирал двете траси на спомнатиот магистрален пат. Напречно преку оваа тешко проодна позиција била повлечена гранична линија меѓу провинциите Македонија и Дарданија (Горна Мизија), а тврдината ги надгледувала граничните премини.

Средновековни остатоци

[уреди | уреди извор]

Во средниот век била изградена целосно нова тврдина. Нејзиното јадро, поставено на највисоката позиција, има неправилна овална форма со влез на источниот крај, бранет со масивна кула. Ова јадро и кулата потекнуваат од најстарата градежна фаза, веројатно од доцниот XII и XIII век. Една друга кула вклопена во западниот ѕид има тесна правоаголна основа и потекнува од следната (II) градежна фаза како и обѕидот до неа), од доцниот XIII или XIV век. Внатре во обѕидот стоела куќата на господарот на тврдината, чиј сутерен е потпрен на јужниот ѕид. Претставува трпезарија (рицарска сала) со димензии 24 × 6 м. Наспроти неа стоела друга градба. Целиот распоред на обновеното јадро го определува ова место како феудален замок.

На падината северно и источно од замокот се простирал стопанскиот дел, укрепен исто со малтерно обѕидие во II фаза. Има големина од 153 × 55 м, а издадените агли на западниот, југозападниот и североисточниот дел биле зајакнати со кули. Кулите имаат неправилни основи и мошне слаби ѕидови, карактеристични за тоа време. Источниот ѕид, свтрен кон седлото и најлесно ранлив, бил зајакнат со еден предѕид, потоа со уште една кула и полукула. На полукулата се гледаат вкрстени делови од постариот и помладиот ѕид, со кој тврдината била проширена кон исток (III градежна фаза). Тука е сочуван и дел од стариот ѕид со првобитното круниште (обход и парапет), вклопени странично во челото на полукулата. И на северниот дел има неколку големи преправки во вид на три паралелни ѕидови и две заѕидани порти (III фаза). Оваа тврдина е еден од најдобро запазените објекти од XIII и XIV век во Македонија, врз кој може да се следи развитокот на градежните манири од тоа време.

Градот Кожле е спомнат во српските црковни повелби од времето на Стефан Душан. Со него тогаш управувал кефалија, што значи дека бил кралска (државна) тврдина. Го контролирала Вардарскиот пат во теснините помеѓу Скопското �� Велешкото Поле. До 1230 г. кога Србите ги освоиле граничните византиски кастрони Велес, Чрешче, Штип и Просек, Кожле претставувал српска гранична стража и најистурена точка кон Византија.

„Градот” Кожле се граничел со феудалниот имот на црквата Св. Никола на Пчиња во времето на Цар Душан (Ст. Новаковиќ 1912, 701, 704). Црквата стоела на 1 км јужно од крепоста, вѕидана делумно во една пештера во кањонот на Пчиња. Во XVI век е обновена како Св. Богородица. На 200 м југоисточно од крепоста лежи друга пештера чијшто влез во средниот век бил делумно заѕидан; влезот имал горе арка, украсена со керамо-декорација. Тоа било скит (испосничка ќелија).

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  2. Микулчиќ, Иван (1996). Средновековни градови и тврдини во Македонија. Скопје: Македонска цивилизација. ISBN 9989756066. Архивирано од изворникот на 2013-10-05. Посетено на 2012-07-29.