Прејди на содржината

Маринизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гамбатиста Марино

Маринизам (италијански marinismo или secentismo, „17 век“) е назив за поетски стил во кој се нафрлаат премногу зборови и фрази. Името е добиено од Џан Батиста Марини (1569-1625), и поривот да се имитира неговиот стил на пишување.

Појава и одлики

[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 17 век во Европа се јавува нов стил во уметноста, посебно во скулптурата, ликовната уметност, архитектурата. Тоа е време на големиот Микеланџело. Ова движење нашло свој одраз и во литературата, посебно во поезијата. Тоа е барокот, кој во прво време се нарекува маринизам, а поезијата маринистичка. Во оваа поезија хиперболата добива свои димензии, и се шири до необични рамки. Бујната речитост, преоптовареноста со зборови, изрази, премногу контрасти и метафори, тоа се елементите со кои се служеле овие поети.

Маринистичките поети биле мајстори на својот занает, во изразот постигнувале непредвидена звучност, а сликовитоста и музикалноста на стиховите достигнувале врв. Се пишувале љубовни стихови, а доаѓаат до израз обидите да се опејат телесните убавини на девојката, детално опишување на женската убавина. Ако петрархистите девојката ја споредувале со снег или млеко, маринистите ја споредуваат со река, планина, устата со брод, забите - корали. Посебно бил важен контрастот: ако девојката се капе во море, морската вода не е доволна да ја изгасне љубовта во неа.

Овие поети особено биле вешти во изведувањето на зборови од ист корен, а често правеле игри на зборови од женските имиња во различни комбинации.

Маринизмот се појавил во Италија, и брзо бил раширен низ Европа.