Прејди на содржината

Марина Цветаева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марина Цветаева
Марина Цветаева
Роден/аМарина Ивановна Цветаева
8 октомври 1892(1892-10-08)
Москва, Руска Империја
Починат/а31 август 1941(1941-08-31) (возр. 48)
Елабуга, СССР
ЗанимањеПоет и писател
НационалностРусинка
ОбразованиеПаризки универзитет
Книжевно движењеРуски симболизам
Марина Цветаева (27 септември 189231 август 1941)

Марина Цветаева (27 септември 189231 август 1941) — руска и советска поетеса.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Во последниот дел од својата автобиографија од 1958 година, Борис Пастернак пишува за својата средба со Цветаева во 1935 година, кога за време на антифашистичкиот конгрес одржан во Париз се сретнал со неа и со нејзиното смејство. Притоа, нејзиниот сопруг и децата ја наговарале да се врати во татковината, а кога таа го прашала што да прави, Пастернак не ѝ одговорил, плашејќи се дека за неа и за нејзиното семејство животот во Русија да не биде тежок и неспокоен. Инаку, Пастернак и Цветаева биле блиски пријатели и одржувале богата кореспонденција. Притоа, Пастернак наведува дека по започнувањето на Втората светска војна, својата богата кореспонденција ѝ ја дал на чување на една своја пријателка, која работела во музејот на Скрјабин а која ја обожавала поезијата на Цветаева. Бидејќи немала многу доверба во музејскиот сеф, пријателката ги издвоила писмата на Цветаева кои ги носела насекаде со себе. Меѓутоа, една зимска вечер, додека патувала од блиското село кон Москва, таа забележала дека торбата со писмата на Цветаева ги заборавила во возот. Така исчезнале сите писма кои Цветаева му ги праќала на Пастернак.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Најпознати дела на Цветаева се збирките песни: „Вечерен албум“, „Волшебниот фенер“, „Разделба“, „Занает“, како и драмите „Жандарм херц“, „Виулица“, „Камениот ангел“ и „Феникс“.

Нејзините дела се меѓу најдобрите од руската книжевност, а таа се смета за една од најголемите поетеси во историјата на поезијата.[2] Таа живеела за време на и пишувала за руската револуција од 1917 година. Како лирски поет, нејзината страст и смело јазично експериментирање ја прават впечатлив хроничар на своето време и на длабочините на човечката свест.

  1. Света Лукић, „Ново сведочанство о Пастернаку“, во: Борис Пастернак, Доктор Живаго I (друго издање). Београд: Просвета, 1963, стр. 15.
  2. "Tsvetaeva, Marina Ivanovna" Who's Who in the Twentieth Century. Oxford University Press, 1999.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Викиизвор
Викиизвор
Викиизворот на руски има изворна содржина поврзана со оваа статија: