Мае
Mahé | |
---|---|
Плажа на Мае | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 411: Malformed coordinates value | |
Географија | |
Место | Сејшели, Индиски Океан |
Координати | 4°40′S 55°28′E / 4.667° ЈГШ; 55.467° ИГД |
Архипелаг | Внатрешни Острови, Сејшели |
Соседни водни површини | Индиски Океан |
Вкупно острови | 1 |
Поголеми острови | Мае |
Површина | 157,3 км2 |
Должина | 26 км |
Ширина | 17 км |
Брегова линија | 111,3 км |
Највисоко место | 905 м |
Највисока точка | Морн Сејшелоа |
Држава | |
Група | Гранитни Сејшели |
Подгрупа | Мае |
Окрузи | повеќе |
Најголема населба | Викторија (pop. 35000) |
Демографија | |
Население | 77,000 (2014) |
Густина | 490 /km2 (1.270 /sq mi) |
Етнички групи | Сејшелци (Креолци), Французи, Источноафриканци, Индијци |
Дополнителни податоци | |
Часовен појас |
|
Мреж. место | Портал |
Мае (француски: Mahé) — остров во Индискиот Океан, во североисточниот дел на Сејшелите и најголем остров во архипелагот со 157,3 км2. Во 2010 г. имал 77.000 жители[1], што претставува 86% од вкупното население на државата. На него е сместен главниот град на Сејшелите, Викторија. Островот е наречен во чест на францускиот поморски офицер Бертранд-Франсоа Мае де ла Бурдоне (1699 - 1753), управник на Маврициус.
Највисок врв е Морн Сејшелоа (905 м), кој се наоѓа во истоимениот национален парк. Жителите се сместени претежно во северните и источните делови на островот, каде се наоѓа и меѓународниот аеродром. Во јужниот и западниот дел се сместени морските национални паркови „Залив Терне“, „Порт Лоне“ и Универзитетот на Сејшелите. Понатаму во морето е расположен морскиот национален парк Света Ана, како и островите Консептион, Терез, Аноним и неколку помали островчиња.
Историја
[уреди | уреди извор]Мае први го посетиле Англичаните во 1609 г., а потоа останал непосетен сè до 1742 г. со експедицијата на Лазар Пико. На 1 ноември 1756 г. во денешна Викторија пристигнала фрегатата „Серф“ (Елен) предводена од Корнеј Никола Морфе, кој го прогласил островот за владение на кралот на Франција. Експедицијата положила „камен на сопственост“ кој денес е изложен во Националниот музеј.
Во август 1801 г. британската фрегата „Сибил“ ја зазела француската фрегата „Шифон“ на островот. Во 1812 г. Мае потпаднал под британска власт и колонијално владение сè до осамостојувањето на Сејшелите во 1976 г.
Околина
[уреди | уреди извор]Во шумите на Мае виреат ендемски растенија кои се среќаваат само на Сејшелите, како што се критично загрозеното медузино дрво (Medusagyne oppositifolia), месојадното сејшелско бардаче (Nepenthes pervillei) и голем број видови орхидеи.
Во подрачјата на Бел Омбре и пристаништето на Викторија е спроведен голем зафат за мелиорација поради недостатокот од станбен простор.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Островот живее претежно од туризмот и риболовот на туна, која се конзервира.
Управа
[уреди | уреди извор]Островот е поделен на повеќе окрузи.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Карта на Мае
-
Поглед на Викторија
-
Улица во Викторија
-
Поглед на Мае
-
Плажа
-
Пристаниште
-
Плажата на Пор�� Лоне
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Population and Housing Census 2010 Report“ (PDF). National Bureau of Statistics. стр. 8. Архивирано од изворникот (PDF) на 14 May 2014. Посетено на 12 November 2013.
- ↑ „New plan“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-04-15. Посетено на 2017-06-28.
- ↑ Карта на окрузите на Мае
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мае“ на Ризницата ? |
- Инфостраница за Мае Архивирано на 30 април 2016 г.
- Информации за островот