Мадона со дете (Ботичели)
Творец | Сандро Ботичели |
---|---|
Година | c. 1467 |
Димензии | 71 см × 51 см |
Место | Музеј - Пти пале, Авињон |
Мадона со дете (италијански: Madonna col Bambino) е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1467. Денес е сместена во Музеј - Пти пале во Авињон.[1].
Делото спаѓа меѓу паните негови творби, видливо е влијанието на неговиот учител, сликарот Филипо Липи, но, во севкупната ликовна постапка, формите се понежно поврзани.
Неговиот циклус на Мадони, кој што го работел скоро целиот свој живот, можеби е најзначаен и највпечатлив со изразитата чувствителност, лиричност, меланхоличност, мистичност и задлабоченост во одредена ликовна мисла која е вон стилските определби од тоа време, со што Ботичели, е автентичен, оригинален и специфичен во неможноста на одредена естетска компартивистика за тој период. Неговиот сликарски поглед е специфичен и вонвременски.