Мадона од Магнификат (Ботичели)
Творец | Сандро Ботичели |
---|---|
Година | 1481 |
Димензии | 118 см × 119 см |
Место | Уфици, Фиренца |
Мадона од Магнификат ( (италијански: Madonna del Magnificat ) е слика од италијаскиот ренесансен сликар Сандро Ботичели. Создадена околу 1481. Денес е сместена во Уфици во Фиренца.[1].
Делото ја прикажува [[Богородица крунисана од двајца ангели. Таа го белижи отворањето на Магнификат на десната страна од книгата; на левата страница е дел од Бенедикт. Во левата рака држи калинка. За Богородица се смета дека е портрет на Лукреција Торнабуони, сопруга на Пјеро де Медичи а на двете ангелчиња кои ја држат книгата, нејзините синови Лоренцо и Џулијано. Во својата книга „Агонијата и екстази“, за животот на Микеланџело, писателот Ирвинг Стон, кој поминал неколку години живеејќи во Фиренца, Италија, тврдел дека сликата е направена за семејството Медичи во тоа време.
Неговиот циклус на Мадони, кој што го работел скоро целиот свој живот, можеби е најзначаен и највпечатлив со изразитата чувствителност, лиричност, меланхоличност, мистичност и задлабоченост во одредена ликовна мисла која е вон стилските определби од тоа време, со што Ботичели, е автентичен, оригинален и специфичен во неможноста на одредена естетска компартивистика за тој период. Неговиот сликарски поглед е специфичен и вонвременски.