Лице в лице (филм)
„Лице в лице“ (хрватски: Licem u lice) – југословенски филм од 1963 година, во режија на Бранко Бауер. Главните улоги ги толкуваат: Илија Џувалековски, Владимир Поповиќ, Хусеин Чокиќ, Милан Срдоч, Борис Дворник и Божидарка Фрајт. Ова е еден од првите југословенски политички ангажирани филмови во кои се зборува за неправилностите во тогашното општество. Поради тоа, некои филмски критичари го поздравиле како пресвртна точка во југословенската кинематографија и како предвесник на подоцнежнито црн бран. На Пулскиот филмски фестивал, филмот освоил „Златна арена“ за најдобар филм и за режија, како и наградата на публиката, „Елен“.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во едно градежно претпријатие се одржува партиски состанок на кој се разгледува случајот на работникот Милун (го игра Чокиќ) кој се побунил против неколку сомнителни одлуки на директорот (го игра Џувалековски), неговиот поранешен воен другар. Состанокот е закажен врз основа на анонимно писмо кое пристигнало во комитетот на партијата, а во кое се посочуваат лошата состојба во претпријатието, влошените меѓучовечки односи и неправилностите во поделбата на становите. Состанокот трае до доцна во ноќта и тогаш директорот почнува да размислува да поднесе оставка, гледајќи дека неговиот збор не може да биде последен...
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за филм
- Југословенски филмови
- Хрватски филмови
- Филмови на хрватски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови од 1963 година
- Филмови на Бранко Бауер
- Филмови со Владимир Поповиќ
- Филмови со Хусеин Чокиќ
- Филмови со Борис Дворник
- Ф��лмови со Милан Срдоч
- Филмови со Божидарка Фрајт
- Филмови со Илија Џувалековски