Прејди на содржината

Лесновски Ковачевиќев пролог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фрагмент од Вториот Лесновски Пролог

Вториот Лесновски пролог познат и како Лесновски Ковачевиќев пролог[1]средномакедонски килилски ракопис. Потекнува од периодот помеѓу 1330 и 1340 година. Содржи 221+ 1 пергаментен лист. Пишуван е во Лесновскиот Манастир од двајца пишувачи, од кои едниот бил Станислав Лесновски[2]. Писмото е кирилско. Украсен е со скромна орнаментика, главно изразена кај првичните букви. Содржинската структура е стара (нестиховна) од типот на Константин Мокински[3]. Има и кратки житија за некои од словенските светители. Во 1330 и 1340 година во Лесновскиот книжевен центар се препишале уште два пролога од една иста предлошка, во кои исто така со пишување учествувал Станислав Лесновски (Прв Лесновски пролог – Белград САНУ бр. 53 и Трет Лесновски пролог – Белград НБ, Стара збирка бр. 27). Овој манускрипт се чува во Белград[4], (НБ, Нова Збирка Рц 705).[5]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Илија Велев, Македонскиот книжевен XIV век,Скопје 1996, p. 45–51;
  • Илија Велев, Лесновскиот книжевен центар, Скопје 1997, p. 137–144;
  • Ѓорги Поп-Атанасов, Илија Велев и Маја Јакимовска-Тошиќ, Творци на македонската книжевност (IX–XVIII век), Скопје 2004, p. 96–104.
  1. Илија Велев, Ковачевиќев лесновски пролог, Годишен зборник на Филолошки факултет, кн. 17, Скопје 1991, стр. 189–208
  2. Илија Велев,Кирилометодиевската традиција и континуитет, Скопје 1997, p. 210–225);
  3. Илија Велев, Лесновски ковачевиќев пролог, Скопје 2004;
  4. Румяна Павлова. Пролог Рс 705 от народната библиотека на Сърбия в Белград. Старобългаристика, 1996, № 2, p. 110-128;
  5. Илија Велев, Лесновските проложни текстови и нивната редакциска застапеност, Годишен зборник на Филолошки факултет, кн.18/19, Скопје 1992/’93, p. 209–230;