Лебау-Цитау (германски: Löbau-Zittau, лужички: Lubij-Žitawa) — поранешен округ во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, во Германија. Соседни окрузи му биле окрузите Бауцен на северозапад и Долношлеска Горна Лужица на север. На исток се граничел со Полска, а на југ со Чешка.
Округот бил создаден во 1994 со спојување на двата претходни окрузи, Лебау и Цитау. Во август 2008, станал дел од новиот округ Герлиц.
Главна река во округот е Лужичка Ниса, која исто така ја создава и границата со Полска. Главно е сместен на ридското подрачје на Лужичките Возвишенија; највисоката точка е Лауше („Lausche) со 793 метри надморска височина.