Лабринт
Лабринт | |
---|---|
Лабринт во 2016 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Тимоти Ли Мекензи |
Роден(а) | 4 јануари 1989 Хакни, Лондон, Англија |
Жанрови | |
Период на активност | 2009–денес |
Издавачи | |
Мреж. место | labrinth.com |
Тимоти Ли Мекензи (англ. Timothy Lee McKenzie; роден на 4 јануари 1989)[1] познат по неговото уметничко име Лабринт,(англиски: Labrinth) ― англиски пејач, рапер, текстописец и продуцент. Роден е во лондонската населба Хакни и има јамајканско потекло.[2] Во 2010 година, Лабринт потпишал договор за снимање со издавачката куќа од Сајмон Кауел, Syco Music. Во 2010 година го изда�� неговиот прв соло-сингл, „Let the Sun Shine“. Песната дебитирала на трето место на британската топ-листа за синглови.[3]
��еговиот прв албум, Electronic Earth (2012), се искачил на второ место на британската топ-листата за албуми, а од него биле објавени четири синглови кои се пласирале во топ-5 на британската топ-листа. Синглот „Beneath Your Beautiful“ била прва негова песна која успеала да се пласира во топ-40 на американската Billboard Hot 100 топ-листа и се искачила на прво место во Обединетото Кралство. Песната била номинирана за „Најдобар британски сингл“ на Британските музички награди. Во ноември 2014 година, Лабринт го издал синглот „Jealous“, кој подоцна станал платинест во ОК.
Во 2018 година, австралиската пејачка Сија, американскиот диџеј и продуцент Дипло и Лабринт ја основале супергрупата LSD. Следната година, групата го издала албумот LSD. Исто така, во октомври 2019 година тој ја компонирал музиката за првата сезона од драмската серија Еуфорија; Лабринт бил номиниран во две категории за Еми награда за емисија во ударен термин, а освол една награда за синглот „All for Us“. Во ноември го објавил неговиот втор албум, Imagination & the Misfit Kid.
Во 2022 година Лабринт ја компонирал музиката за и за втората сезона од серијата Еуфорија. Музиката за серијата му донела уште две „Еми“ номинации за серија во ударен термин за песните: „I'm Tired" and „Elliot's Song"; двете песни ги напишал заедно со Зендеја.
Музичките критичари го нарекуваат „еден од најважните британски музичари од неговата генерација“.[4] Лабринт како текстописец и продуцент соработувал со многу пејачи: Бијонсе, Ријана, Ники Минаж, Еминем, Кање Вест и Викнд. За неговата продукција на албумот од Weeknd, Beauty Behind the Madness, бил номиниран за Греми награда за албум на годината. Тој, исто така, бил копродуцент на саундтракот од Кралот Лав: Подарок, и заедно со Бијонсе и Илја Салманзаде ја напишал песната „Spirit“, за која бил номиниран за Греми награда,[5] награда „Златен глобус“ и „Награда по избор на филмските критичари“.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Студиски албуми
[уреди | уреди извор]- Electronic Earth (2012)
- Imagination & the Misfit Kid (2019)
- Ends & Begins (2023)
Саундтрак-албуми
[уреди | уреди извор]- Euphoria (Original Score from the HBO Series) (2019)
- Euphoria Season 2 Official Score (From the HBO Original Series) (2022)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Interview“. CoolFM. 30 March 2011. Архивирано од изворникот на 5 April 2011. Посетено на 17 February 2013.
- ↑ „Britain's Got Talent 2013: We chat to MckNasty! - Britain's Got Talent 2018, Videos - TellyMix“. 8 May 2013. Архивирано од изворникот на 17 September 2017. Посетено на 16 September 2017.
- ↑ Peak positions on the UK Singles Chart:
- ↑ Johnston, Kathleen (15 August 2019). „Labrinth on creating the Euphoria soundtrack and working with Zendaya“. GQ. Архивирано од изворникот на 30 November 2020. Посетено на 22 November 2020.
- ↑ „Timothy McKenzie“. Grammy Awards. Архивирано од изворникот на 15 February 2022. Посетено на 15 February 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Лабринт на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|