Куќи на Ахтерзан
Изглед
Творец | Клод Моне |
---|---|
Година | 1871 |
Димензии | 45.7 см × 67 см |
Место | Метрополитен, Њујорк |
Куќи на Ахтерзан е слика од францускиот уметник Клод Моне од 1871 година. Направено во масло на платно, делото отсликува крајречни градински куќи на западниот брег на реката Ахтерзан во Зандам, Холандија. Тој го насликал од браната во Зан, свртен кон северозапад. Сликата е во збирката на Музејот Метрополитен.[1]
Заднина
[уреди | уреди извор]Моне отпатувал во Холандија по совет на колегата сликар Шарл-Франсоа Добињи, кој многу му препорачал на Моне да го проучува раскошот на реката Ахтерзан. Сликите што ги создал Моне на неговото патување (честопати се нарекувани холандски пејзажи), вклучувајќи ги и Куќите, беа добро прифатени од неговите колеги импресионисти.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Houses on the Achterzaan“. www.metmuseum.org. Посетено на 24 септември 2020.