Прејди на содржината

Коњите на Свети Марко

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коњите на Свети Марко
Оригиналните статуи
Карта
Општи податоци
ГрадВенеција
ЗемјаИталија

Триумфалната Квадрига или Коњите на Свети Марко претставуваат антички бронзени статуи кои се поставени на фасадата од базиликата Свети Марко во Венеција, Италија.

Тие биле поставени пред катедралата во 1254 година. Претходно, тие долго време биле изложени во хиподромот на Цариград. Но во текот на 1204 година, дуждот Енрико Дандоло ги испратил истите во Цариград, како дел од големиот грабеж кој се случил по заземањето на Цариград од страна на крстоносците.

Во времето на Наполеон Бонапарт, тој наредил истите да бидат однесени во Париз во текот на 1797 година, но во текот на 1815 година тие повторно биле вратени во Венеција. По 1990 година, по долга реставрација, коњите биле поставени во музејот Свети Марко, кој се наоѓа во внатрешноста на базиликата. Денешните коњи пред базиликата се копија.