Кистринер Форланд
Кистринер Форланд | |
Тврдина Горгаст | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Меркиш-Одерланд |
Месна заед. | Голцов |
Месни единици | 3 |
Градоначалник | Бернд Корб (WG IGKV) |
Основни податоци | |
Површина | 45,97 км2 |
Надм. височина | 10 м |
Население | 2.549 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 55 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | MOL |
Пошт. бр. | 15328 |
Повик. бр. | 033472 |
Портал | www.kuestriner-vorland.de |
Местоположба на Кистринер Форланд во рамките на округот Меркиш-Одерланд | |
Координати | 52°34′6″N 14°36′35″E / 52.56833° СГШ; 14.60972° ИГД |
Кистринер Форланд (германски: Küstriner Vorland, полски: Kostrzyn) — општина во округот Меркиш-Одерланд, во Бранденбург, Германија, на границата со Полска.
Историја
[уреди | уреди извор]Општината била основана на 1 јануари 1998 со спојување на Кистрин-Киц со селата Горгаст и Маншнов. Кистринер Форланд е дел од општинската заедница Голцов.
Селото Кистрин-Киц бил западниот дел од Кистрин (денес полскиот град Костшин на Одра) до поделбата и спроведувањето на границата Одра-Ниса во 1945. Градските делови западно од реката Одра припаднале на Источна Германија и биле преименувани во Киц во 1954. Во 1991 жителте изгласале враќање на историското име.
Припоеното село Горгаст (полски: Горгошч[2]), некогаш седиште на Редот на Светиот Јован, поседува историска тврдина завршена во 1889, како дел од системот за утврдување Кистрин и парк направен според плановите на Петер Јозеф Лене.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
- ↑ Mapa Polski 1:500 000 Wojskowy Instytut Geograficzny Sztabu Generalnego W.P., Warszawa 1947
|
Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |