Кевсер Селимова
Кевсер Селимова — македонска пејачка на народна музика. Во својата долгогодишна кариера, постојано настапувала во дует со Ѓорѓи Желчески.
Животопис
[уреди | уреди извор]Кевсер Селимова е родена во Ресен во 1945 година. По националност, таа е Турчинка. Селимова и Желчески живеат во Белград, а летните месеци ги поминуваат во нивнот апартман на полуостровот Истра, во Хрватска. Селимова и Желчески имаат едно дете - ќерката Ана, родена во 1980 година, во Белград, од која го имаат внукот Ерол, роден во 2012 година.[1]
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]На почетокот од својата музичка кариера, Селимова пеела турски народни песни. Таа го запознала Желчески на еден концерт во Титово Ужице, во 1959 година, каде настапила со "КУД Орце Николов", а програмата ја најавувал Желчески. Подоцна, во 1961 година, Селимова му се придружила на Желчески, пеејќи во дует со него и тогаш, таа започнала да пее македонска народна музика.
Дуетот Селимова-Желчески е најпознат по нивната изведба на народните песни: "Елено, ќерко", "Бело лице љубам јас", "Врати ми се, љуби ме", "Брала мома капини" итн. На 15 ноември 2013 година, Селимова и Желчески одржале концерт во Домот на АРМ, во Скопје, со кој го одбележале јубилејот - пет децении творештво.[2]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Selimova Želčevski, RTB, EP 12 980