Прејди на содржината

Катедрала Свети Петар (Болоња)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Митрополитската катедрала Свети Петар (Сан Пјетро) (catedrèl ed San Pîr во Болоња) е главното и централно место за вршење на богослужба во градот Болоња. Таа претставува мајката црква на истоимената надбискупија.

Катедралата Свети Петар во Болоња

Катедралата се наоѓа на улицата Виа Индипенденца, во срцето на историскиот центар на градот, недалеку од базиликата Сан Петронио и Свети Архигинасио.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првата црква била сместена надвор од некогашните ѕидини за која некои научници претпоставувале дека служела како еден вид на катедрала. Тогашната катедрала првично била посветена на светите Набор и Феликс и истата веројатно води потекло некаде од 4 век. Тогашната црквa била уништена во пожар кој се случил во 906 година. По пожарот била донесена одлука да се обнови катедралата со сосема нова изведбa во рамките на селенитските ѕидини, кои заштитувале само мал дел од остатоците на римск��та Бононија од насилните варварски упади. Градбата во близина на Портата Сан Касијано (подоцна наречена Порта Свети Петар и Павле) е сместена до ранохристијанската камбанарија во равенски стил и имала елипсовиден изглед во основата и кружна на самиот врв. Таа била дел од претходно постоечки култен комплекс веројатно од периодот на 6 век. Подоцна била вградена во останатот комплекс кој водел потекло некаде помеѓу X и XI век. Во делото кое го претставувало еден цртеж-релјеф изработен од Џулијано да Сангало кој се чува во Ватиканската библиотека, а се однесува на крстилницата која некогаш постоел во непосредна близина, јасно се гледало дека октагоналната планиметрија, со четири порти одговарала на кардиналните точки со четири апсиди. Тој изглед потполно се поклопувал со Крстилницата на Аријанците од градот Равена. Сето ова довело до претпоставката дека крстилницата и спиралната камбанарија (изградени на тој начин за да бидат ориентирани против дејството на ветровите што преовладувале во тој регион) биле дел од изгубениот комплекс посветен на култот на Аријанците идентичен со оној на градот Равена. Црквата вои тоа време била долга 57 метри. Пожарот кој избил на 1 август 1141 година ја оштетил толку многу што било препорачана нејзина целосна реконструкција. Работите за реконструкција и проширување му биле доверени на архитектот и Магистер Алберто. Новата катедрала била осветена од страна на папата Луциј III во 1184 година. Новата црква која била изградена од тули, била со должина од 70 метри, широка 26,80 метри и висока 23 метри. Била изведена и презентирана во типичен ломбардско-емилијански романски стил со трипартитна истакната фасада. Составена од три кораби со изострен лак. Корабите биле поставени врз полистилни столбови и вкупно три апсиди кои одговараат на трите кораби. Во истото тоа време камбанаријата била подигната од претходните 31 метар на 40 метри.

Во 1220 година, експертот Вентура (шампионски мајстор од Комо) започнал со изградба на нова мермерен порта од јужната страна на црквата, наречена портата на лавот. Леандро Алберти и Вазари биле воодушевени и восхитени од новата порта, толку многу што самиот Вазари, и покрај неговата добро позната аверзија кон средновековните дела, Изгледот на портата го опишал во второто издание на Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти. Во описот на Алберти било наведено дека влезот на портата била составен од два лава од секоја страна изработени од црвен мермер од кои пак се издигале две колони што завршувале со краен лак. Над влезот постојат два теламона од секоја страна на кои биле прикажани по еден млад човек и старец, седнати, но и наведнати, со рацете потпрени на нивните прекрстени нозе. Со таква поставеност тие ги потпирале искривените столбови кои завршувале врз наредниот лак. Христос бил извајан во делот на лунетата заедно со Свети Петар од десната страна и со Свети Павле од левата страна.

Камбанаријата на катедралата

По уништувачките земјотреси кои предизвикале рушење на покривот на црквата во 1222 година и покривот на хорот во 1228 година, се поттикнале плановите со кои требало да се извршат нови реставрации.Таа задача му била доверена на мајсторот Тура. Сите потфати биле завршени во 1234 година. Во наредните години, Алберто го изградил прозорецот со роза над вратата од фасадата (1252), но и новиот висок олтар (1261). Новите големи базилики кои се граделе на почетокот, но и набрзо се завршувле во градот (Сан Доменико и Сан Франческо), била наметната потребата од зголемување на големината на катедралата. Такви потфати за проширувања биле изведени во наредните векови.

Во 1396 година на фасадата бил изграден висок трем (портик). На двапати истиот бил обновен и тоа помеѓу 1467 и 1500 година. Некаде околу 1477 година, сликарите Франческо дел Коса и Ерколе де Роберти работеле во капелата Гарганели. Нивниот циклус на фрески имал забележително влијание врз Николо дел'Арка и Микеланџело (добар дел биле оштетени или целосно отстранети во потфатот на обновата. Само еден фрагмент бил зачуван и тој се наоѓа во националната институција Пинакотека национале во Болоња).

По наредба на кардиналот Габриеле Палеоти, почнувајќи од 1575 година, градбата на катедралата била темелно реструктуирана особено од внатрешната страна, започнувајќи од делот на апсидата и хорот. Работите на почетокот му биле доверени на Доменико Тибалди, а потоа и на Пјетро Фиорини. Тие модифицирани измени биле толку интензивни и инвазивни што сводовите морале да се срушат во 1599 година. Доменико Тибалди бил под големо влијание на неговиот помлад брат Пелегрино, кој го презентирал реформскиот проект на црквата. Архитектурата (проектот) била елаборирана од страна на св. Карло Боромејски (1538-1584),[1] првиот студент во градот,[2] а подоцна и папски легат од 1560 до 1565 година.[3] Тој период било времето додека бил во тимот на вице-легатот Пјер Донато Чези.[4][5]

Во меѓувреме, во 1582 година црквата била издигната на ранг на „митрополитска црква“ (епископска столица со јурисдикција над епископите и епархиите на истата територија) од страна на папата Григориј XIII.

Катедралата конечно била обновена на почетокот на седумнаесеттиот век според проектот на Џовани Мазента и Николо Донати. Со новиот готски стил модифицирани се апсидата, сводовите (од вкрстени фарми), сводовите на пиластрите со нови изострени сводови кои биле типични за готсккиот стил. Потоа дел од страничните ѕидови биле изменети, но дел урнати за да се направи простор за капели и сацелуми. Со тоа целосно се изменила оригиналната романска иконографија. За време на изведбата била урната „лавовската врата“. Денес можеме да му се восхитуваме само на еден од теламоните со искривената колона. Исто така восхитувачка била и капелата на крстилницата на катедралата која води потекло од осумнаесеттиот век, но и двата лава кои се користеле како еден вид на столпчиња.

Внатрешноста дефинитивно и целосно била уредена помеѓу 1743 и 1747 година под раководство на архитектот Алфонсо Тореџиани, а по директна наредба на папата Бенедикт XIV и на поранешен архиепископ од Болоња. Во тој момент стариот трем бил урнат, потоа двете капели, кои се наоѓа��е од секоја страна и новата фасада. Во 1776 година Франческо Тадолини го реконструирал таканаречениот тимпанум кој се заканувал да падне. На крајот на 19 век, поради потребите за изградба на патот via Indipendenza, бил расчитен делот пред црквата. Во исто време просторот пред катедралата познато како „Плоштад Свети Петар“, или исто така „пјаца Дуомо“ засекогаш бил отстранет.

Надворешен изглед

[уреди | уреди извор]

Ти си пастир на стадото. Кнез на апостолите

—Овој текст стоел на надворешната страна веднаш до горницата

Фасадата гледана одоздола

Фасадата била типично со барокен стил, со истакната структура и градена со црвени тули и дополнета со мермерни украси. Таа била поделена на две ленти надредени со висок корниз. Долната лента била поделена на пет дела со коринтски пиластри помеѓу деловите. Страните се совпаѓале со страничните кораби, додека трите централни делови имаат вкупно три пооделни порти, од кои сите се завртени и се отвораат кон централниот кораб. Централната порта е поголема и надградена со дел наречен фронтон (преден дел) кој го содржи грбот на Бенедикт XIV. Грбот бил поддржан од две колони. Горната лента, од спротивната страна, имала голем прозорец во центарот, кој бил поделен со коринтски пиластри на три сектори. Во пределот на долната лента, на левата страна има огромна скулптура на Свети Петар изработена од страна на Агостино Корсини. На десната страна е поставена скулптурата на Свети Павле, изработена од Фламанецот Пјеро Вершаф. Втората скулптура била завршена околу 1750 година. Целовкупната надворешна фасада завршува со класичен триаголен фронтон.

Палео-христијанската камбанарија со неправилно заоблена основа и кружен врв никогаш не била урната. Денес сè уште е восхитувачка во споредба со другата која била изградена веднаш со неа. Повисока од црквата (вкупно околу 70 метри) со квадратна основа камбанаријата била ремек-дело на саграматура стилот ист како и оној на црквата. На висина од 40 метри, постојат три простории, од кои највисоката е осветлена со квадрифора од секоја страна како составен дел на камбанаријата. Градежните работи завршиле во 1227 година. Само дрвениот изострен краен врв кој бил обложен со олово, бил изграден во 1254 година. Обновен е со ѕидање и заменет стариот дрвен дел во 1426 година.[6] Во камбанаријата се наоѓа најголемото ѕвоно, со 33 квинтали, на кое може да се свири „ала Болоњезе“, наречено „ла нона.[7] Заедно со три други ѕвона се формира концерт од вкупно 65 квинтали. Високата големина резултирала со многу силен бран, особено во фазите наречени „бегство“ и „спуштање“. Звукот е толку силен, така што секој минувач кој минувал додека одѕвонуваат ѕвоната, останувал со отворена уста и со погледот вперен нагоре.

Ова се техничките податоци на камбаните:

Прво ѕвоно (или „Гроса“, или „Баба“ или „Големото ѕвоно“):

Музичка нота: Б2; дијаметар од 166,5 cm; изработувачи: Чезаре Верници (Болоња) и Јоханес Лампрехт (Скијафуса - Швајцарија); година на поставување:1595 година; тежина: околу 3000 кг.

Второ ѕвоно (наречено „Мезана“, или „Мезаноне“):

Музичка нота: Е3; дијаметар од 120,5 cm; изработувач: Пјетро Франческо Ценсори (Болоња); година на поставување:1623; тежина: околу 1300 кг.

Трето ѕвоно (наречено „Мезанела“):

Музичка нота: Fа#3; дијаметар: од 107 см; изработувач: Анџело Расори (Болоња); година на поставување:1789 година; тежина: околу 850 кг.

Четвртото ѕвоно (наречено „Мало“):

Музичка нота: G#3; дијаметар од 95,3 cm; изработувач: Анџело Расори (Болоња); година на поставување:1788; тежина: околу 570 кг.

Камбанарискиот звук е прилагоден на интонацијата позната како „шеста“ (со оглед на интервалот помеѓу најниската (најголемата) нота и највисоката (најмалата) нота. Тој интервал бил познат како „главна шеста“. Тој звук, во целата област на Болоња, бил со особена свеченост и строг ефект, типичен за големите базилички комплекси.

Величествениот комплекс ѕвона ,бил мајсторски поставен на цврст дрвен дел наречен замок од осумнаесеттиот век. Тој преставува најголем по големина во целиот град и целата надбискупија, како и меѓу оние кои припаѓаат на системот „Болоњезе“. Бронзените делови биле ограничени од било каков систем за електрификација, автоматизација или електронска репродукција. Нивниот звук се слуша така добро и силно, само благодарение на умешноста и стручноста на локалните мајстори-ѕвонари кои ги изработиле. Тие се најзаслужни што ѝ подариле глас на кулата за време додека се изведуваат главните свечености.

Внатрешен изглед

[уреди | уреди извор]

Централен кораб

[уреди | уреди извор]
Внатрешност на катедралата
Стопа

Внатрешноста, за разлика трипартитната поделба на надворешноста, претставува огромен простор (42,89 ��етри) во ширина и (89,60 m) по должина, тој простор е ограден со свод од цилиндри со лунети. Целиот простор е поделен на три кораби, од кои двата странични се потесни нешто повеќе од 5 метри и најголемиот, со ширина од 25 метри. Внатрешноста многу наликува на базиликата во Ватикан. Таа е доста осветлена со помош на седум големи прозорци од кои три се сместени на десниот ѕид, три на левиот и еден е поставен на делот на контрафасадата во делот каде треба да бидат сместени четирите хорски места. Местата за хоровите биле додадени од страна на Тореџиани во 1755 година. Богатиот под бил поставен помеѓу 1902 и 1905 година според дизајн на Силвио Џордини.

Контрафасадата била дизајнирана од страна на Тореџиани помеѓу 1743 и 1747 година. Таа е претставена со долги крајни делови и една елегантна порта украсена со статуи изработени од Лоренцино дел Маза. Тие статуи го претставуваат крајот на завршувањето на црквата. На тој дел биле поставени и подароците добиени од папата Бенедикт XIV. На просторот над вратата, но и во страничните ниши постојат четири таканаречени доктори на Црквата (Црковни учители). На страните од главната врата, има два антички лавови со колони, кои биле преместени од Портата на лавовите. Лавовите поддржуваат стопи исто така две на број.

Странични патеки

[уреди | уреди извор]

Страничните параклиси, по пет од двете страни се сместени во наосот, биле прошарани таканаречени амбулантски куќи надградени со хорски места кои се отвораат спрема главниот наос. Првата од левата страна е всушност капелата на крстилницата. Таа ја претставува извртената колона на Портата со лавовите. Таму не постои олтар, туку само голем мермерен простор за крштевање, дело изработено од Лорен Фердинанд де Сен-Урбен во 1698 година. На задниот ѕид, во рамките на скриената архитектура од страна на Стефано Орланди, е вградено делото Крштевањето на Христос изработено од страна на Ерколе Грацијани. Ова дело потекнува од средината на осумнаесеттиот век.

Втората, или капелата на Светото срце, е доста тесна по простор бидејќи се наоѓа во рамките на многу набиен систем за архитектонска изработка. Таа изведба се наоѓа речиси во сите капели. Украсена е со штуко детали изработени од страна на Фердинандо Роси. Таму се наоѓа и олтар изработен од Џузепе Касиоли од 1925 година. Во олтарот е претставено Исусовото устоличување и Светото срце на светите монахињи Маргарита Марија Алакок и Гелтруда.

Третата, или капелата на Светата тајна наречена и Капела Ламбертини, била реструктуирана околу 1731 година од страна на Алфонсо Тореџиани, кој поставил мермерни и бронзени одлеаноци на кои во центарот се издвојува олтарниот дел изработен од страна на Донато Крети од 1737 година. Тука е претставен светецот Игнатиј Лојолски.

Четвртата, претставува капелата на моштите. Во олтарниот дел постои украсен мермер изработен од Пјетро Фиорини некаде помеѓу крајот на 1500-те и почетокот на 1600-те години. Двата мермерни ангели на киматиумот биле изработени од Лазаро Касарио, кој починал во 1588 година. Во големата ниша лежат моштите на кардиналот Палеоти покриени со една реплика на маријанска слика која во оригинал била поставена во Рим во црквата Сан Лоренцо во реонот на Дамасо. Внатрешната декорација била дело на Карло Болди од 1918 година. Полихромните малтери пак биле дело на Фердинандо Роси изработени во 1925 година.

Петтата капела е онаа која е посветена на Сан Амброџио. Таа покажува жртвеник изработен од Џузепе Маркези наречен Сансоне. На тоа дело е прикажан Сан Амброџио некаде од 18 век. Делото е вметнато во величествената архитектура насликана од страна на Лујџи Самоџа во 1883 година.

На десната патека, првата капела е онаа на Б. Николо Албергати. Во неа ги има балустрадата и квадратурата од изработени од Стефано Орланди кои водат потекло од периодот на изградба на капелата (околу 1750 година). Олтарното епископско осветување на Б. Николо Албергати е изработено од Антонио Роси во 1748 година, додека од спротивната страна во 1992 година била поставена теракотната скулптурна група позната како Оплакување над мртвиот Христос, дело на Алфонсо Ломбарди, изработена според старо моделиран проект кој потекнува од 1522 и 1526 година. Тој модел бил создаден во стилот на избалансиран класицизам.

Оплакување над мртвиот Христос, од Алфонсо Ломбарди

Втората капела посветена на Света Ана е поставена на полихромна мермерна перспектива. Изработена е од Давиде Вентури од 1906 година. Постои мал храм во центарот кој ја содржи реликвијата на Света Ана во позлатен бакар и емајли. Овој детал е дониран од страна на кралот на Англија Хенри IV на кардиналот Николо Албергати Бенедето. Над деталот се наоѓа мала куполна фреска изработена од страна на Чезаре Мауро Треби.

Третата капела е посветена на Сан Аполинаре. Таа е со неокласичен олтар, изработен од Анџело Вентуроли и дополнително декориран од страна на Фламинио Миноци некаде во средината на осумнаесеттиот век, го содржи олтарниот дел на Сан Аполинаре за епископ од Свети Петар, дело насликано во 1737 година од страна на Ерколе Грацијани Помладиот.

Четвртата капела е посветена на Сан Роко. Таа има декорација изработена од страна на Џузепе Антонио Амброси. Во олтарниот дел поставен во центарот дизајниран од Камило Рускони е поставено Светото семејство со светите Роко и Џакомо Маџоре. Ова дело му се препишува на Маркантонио Франческини. Било насликано помеѓу 1727 и 1728 година. Во исто време Франческини ги насликал и Сан Петронио и Сан Панкрацио. Во куполата над наосот е сместено делото на кое е прикажано: Појавување на светецот, Папата Селестин I. Свети Петар го наведува да го избере Сан Петронио за епископ на Болоња. Ова дело е изработено од страна на Виторио Бигари во 1730 година.

Петтата капела е онаа на св. Карло Боромејски. Има илузорна архитектура од изработена од Лујџи Самоџа во 1883 година. Олтарниот дел на Сан Карло кој дели милостина е насликан од страна на Донато Крети во 1740 година.

Од дното на помалите кораби, од спротивната страна на контрафасадата, се излегува од црквата низ две врати од кои на левата се истакнува: Споменот на папата Григориј XV Лудовиг, дело на скулпторот Габриеле Брунели, а во десната има златен медалјон, изработен од Џузепе Марија Боздоган во 18 век. До вратата постои скулптура на седната лав��ца која дои две лавчиња. Скулптура е изработена од црвен веронски мермер. Ова скулптура можеби води потекло од Портата на лавовите. Интересни се статуите со средна големина кои го сочинуваат таканареченото креветче. Тие се поставени за време на Божиќните празници, во 40-тите години на минатиот век од страна на скулпторот Цесарино Винченци.

Главна капела и крипта

[уреди | уреди извор]
Презвитерието

Делот на трибината е целосно зафатен од презвитеријата, дело на Доменико Тибалди, која е подигната на неколку чекори од остатокот од црквата. Овој дел целосно е артикулиран со квадратно тело покриено со свод во вид на крст кој се отвора со две посебни апсиди, по една на секоја страна. Апсидата, има полукружна форма. Над колосалната триумфална порта, постојат два ангела кои го држат грбот на папата Григориј XV. Изгледот на главната капела е богато украсена во делот на трансептот, но и во сводовите. Тука постои дело наречено Отец, кое всушност е фреска изработена од Просперо Фонтана во 1579 година. Во делот на апсидата е сместена фреската со мотивите на Христос како ги доставува симболичните клучеви на Свети Петар, од Чезаре Фиорини и Чезаре Аретози. Оваа ферска води потекло некаде помеѓу 1500 и 1600 година. Во позадинската страна на лунетата веднаш под сводот е сместена Марија, фреска насликана од страна на Лудовико Карачи. Авторот ова достигнување го изработил во последната година од неговиот живот, односно во 1619 година.

Високиот олтар изработен од полихроматски мермер е дело на Алфонсо Тореџиани. Овој олтар е надграден со едно убаво Распетие во ромаски стил од 12 век. Распетието е изработено од кедрово дрво, составено од статуите на Исус на крстот,и статуите на Марија Магдалена и Свети Јован Евангелистот.

Главната капела води до криптата која пак ја формира основата на централната капела. Во оваа капела бил поставен бронзен воскреснат Христос, модерно дело на Паоло Гуаланди. Во олтарниот дел е претставена Света Урсула дело од Џан Џакомо Сементи од првата половина на 17 век. Во нишата се остатоците од Воскресението на Месото, изработено од Џан Пјетро Кавацони Заноти некаде во средината на осумнаесеттиот век. На тој простор има и жртвеник со Пјета со потекло од почетокот на шеснаесеттиот век.

Во криптата се наоѓа гробот на Џовани Аквадерни, основач (заедно со Марио Фани) на Италијанско католичко младинско друштво, кое подоцна се преобразило во Италијанска католичк акација.

Жртвеници

[уреди | уреди извор]

Зад камбанаријата се наоѓаат таканаречените чувари на поглавјето или сакристијата. Едната содржи различни слики, вклучувајќи и слика на Христос врзан за колоната, дело на Џован Лујџи Валесио од почетокот на 17 век. Таму исто така е и Главата на Христос крунисана со круна од трње и две мали ангелски глави изработени од Гвидо Аспертини од крајот на 15 век, потоа Свети Петар ослободен од затвор, дело на платно изработено од Џироламо Негри познат како Бокија некаде кон крајот на 17 век. Тука исто така се наоѓа и Пресвета Богородица со нејзиниот син, преставени во слава, помеѓу светите Доминик и Антониј, крајното дело на Елизабета Сирани насликано помеѓу 1664 и 1665 година, Распетието помеѓу Свети Петар, Марија Магдалена и Џакомо од Бартоломео Раменги од 1522 година, блажениот Лудовико Морбиоли ди Џулио Морина од 1593 година, прилично избрзана копија изработена од Алесандро Танари околу 1614 година. На тој простор се сместени и восхитувачките фрески на молитвата Грегор II и Гарганели II пред Пјета, во присуство на Свети Роко. Ова достигнување е изработено од Џовани Марија Тамбурини во 1640 година.[8] Во центарот пак на сводот на катедралата се наоѓа Свети Петар претставен во слава, дело на платно изработено од Џовани Франческо Спини во 1680 година.

Во средината на сводот на делот од Сакристијата, е поставен Свети Петар како плаче пред Богородица, последното дело на Лудовико Карачи (1616 година). На ѕидовите има четири интензивни овали од средината на 18 век кои ги претставуваат Свети Петар, Свети Павле, Свети Зама и Свети Петрониј. Сите четири дела изработени од страна на Ерколе Грацијани Помладиот. Тука вреди да се забележи и експресивната биста на Свети Петар од 19 век и прекрасното позлатено бронзено распетие од 17 век.

Во сакристијата, исто така има и антички одежди и таписерии исткаени во Рим врз основа на дизајн на Антон Рафаел Менгс, инаку директна донација од папата Бенедикт XIV.

Органи на цевки (оргули)

[уреди | уреди извор]

Во катедралата постојат вкупно три оргули:

  • старата главна оргула, напуштена и ставена надвор од употреба во 1995 година, била недопрена во својот фоничен аспект. Таа била направена од 1925 до 1929 година од страна на Кремонескиот градител на органи Џузепе Ротели. Оваа оргула еднаш била во застој и повторно ставена во употреба од страна на извесен Гати по надоградбата, со електропневматски менувач. Инструментот има 50 регистри поставени на три прирачници и педали. Поделена е на три дела по една за секоја од трите апсиди и останати два дела за на трибинита и на наосот кој е сместен најблиску до презвитериумот. Овој инструмент во фонскиот дел е изграден од два претходни составни делови, изградени соодветно, едната од Винченцо Сормани и Џовани Батиста Грепи во 1637-1641 година (на хорска мансарда лево од презвитерството) и втората од Џузепе, Филипо и Франческо Гати во 1748-1752 година и во 1756-1757 година;[9]
  • сегашната оргула е изградена во 1997-2000 година од компанијата за организатори Paccagnella со материјали од компанијата Laukhuff. Сместена е во едно тело на подот под лакот што го поврзува наосот со втората и третата странична капела. Има вкупно 54 регистри поставени на три прирачници со педала. Механизмот е со механички менувач за рачни команди и за педалата. Постои серво дел со кој се асистира за активирање на регистрите;
  • оргулата на криптата се наоѓа на подот во левиот трансепт. Овој инструмент бил изграден од страна на Антонио Бартолоти во 1785 година. Има 8 регистри поставени на една рачна во исто време и говорна табла.[10]
  1. „Chiesa di San Pietro in Bologna“.
  2. Bologna sacra: tutte le chiese in due millenni di storia.
  3. „Cronotassi dei governatori di Bologna e dei legati pontifici locali“.
  4. Bologna la Golosa.
  5. Biblioteca de "l'Archiginnasio". стр. 146.
  6. Chiesa/Cattedrale/Monastero Cattedrale di San Pietro, Bologna - trivago.it
  7. „Sounday Times - Campane in salsa bolognese“.
  8. „Cattedrale di San Pietro (Bologna)“.
  9. O. Mischiati & pp. 63-64.
  10. O. Mischiati & p. 67.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • La chiesa cattedrale e metropolitana di San Pietro in Bologna. Guida a vedere e a comprendere. Bologna: Vallecchi. ISBN 88-8252-056-0.
  • Dall'antica perduta cattedrale al San Petronio: l'evoluzione dell'architettura sacra a Bologna. Zola Predosa: BTF. ISBN no Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  • L'Italia. Emilia Romagna. Milano: Touring Club Italiano. ISBN no Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  • Oscar Mischiati, Gli antichi organi della Provincia e dell'Arcidiocesi di Bologna. Regesto, in L'organo. Rivista di cultura organaria e organistica, Bologna, Patron, 2008 (XL), pp. 5–365, ISSN 0474-6376 (WC · ACNP).

Други проекти

[уреди | уреди извор]