Катаревуса
Катаревуса (грчки: Καθαρεύουσα, Предлошка:IPA-el, буквално "прочистување [на јазикот]") е конзервативна форма на Новогрчки јазик конципиран кон крајот на 18-ти век како литературен јазик и како компромис помеѓу Старогрчкиот јазик и современиот народен јазик, Димотики. Првично, широко се користел за литературни и службени цели, иако ретко во секојдневниот говор. Во 20-ти век, тој сè повеќе се усвојувал за официјални и формални цели, додека министерот за образование Георгиос Ралис го прогласил Димотики за официјален јазик на Грција во 1976, а во 1982 премиерот Андреас Папандреу го укинал политоничниот систем на пишување и за Димотики и за Катаревуса.
Катаревуса бил осмислен од интелектуалниот и револуционерниот водич Адамантиос Кораис (1748–1833).[1] Тој дипломирал на Универзитетот во Монпелје, а поголемиот дел од својот живот го поминал во Париз. Бидејќи неговата дејност била во класичните науки, и како еден од основачите на современата грчка книжевност и важна фигура во ��рчката преродба, тој бил одбиен од византиското и последователните влијанија врз грчкото општество, и бил жесток критичар на свештенството и нивната наводна потчинетост на Османлиската империја.[2] Тој сметал дека образованието е предуслов за грчкото ослободување.
Целта на Катаревуса била да служи како компромисно решение во борбата помеѓу „архаистите“ кои барале целосно враќање на архаичниот грчки јазик и „модернистите“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Skendi, Stavro (1975). „Language as a Factor of National Identity in the Balkans of the Nineteenth Century“. Proceedings of the American Philosophical Society. 119 (2): 186–189. JSTOR 986634.
- ↑ Korais, Adamantios, Adelfikí Didaskalía Αδελφική Διδασκαλία (PDF) (грчки), стр. 3sq