Прејди на содржината

Карол Књажевич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карол Књажевич.

Барон Карол Ото Књажевич (4 мај 1762 во Аситен, Курланд (денес Асите, Латвија) – 9 мај 1842 година во Париз) ― полски генерал и политички активист.[1]

Карол присуствувал на Витешкото училиште во Варшава. Учествувал во Полско-руската војна од 1792 година и во Косцјушковото востание во чин генерал-мајор во 1794 година.[2] Се истакнал за време на Наполеоновите војни во полските легии како командант на Првата легија. Во 1799 година бил назначен на рангот бригаден генерал. Од 1799 до 1801 година ја организирал и командувал „Дунавската легија“ (полски: Legia Naddunajska), тој се истакнал за време на Битката кај Хоенлинден.

Од 1812 година, тој бил бригаден генерал во Војводството Варшава. Учествувал во Руската кампања од 1812 година. Во 1814 година ја напуштил Полска и заминал во Франција. За време на Ноемвриското востание во 1830-1831 година, служел како претставник на т.н. Полската национална влада во Париз. Во иселеништвото, Карол бил политички поврзан со „Хотел Ламбер“ и со Адам Јежи Чарториски. Тој бил еден од соосновачите на Полската библиотека во Париз.[3] Тој починал на 9 мај 1842 година во Париз, Франција.

  • Командантскиот крст на „Воената доблест“ (Virtuti Militari ) (17 ноември 1812 година)
  • Коњаник на Легијата на честа
  1. Sokol, Stanley S.; Kissane, Sharon F. Mrotek; Abramowicz, Alfred L. (1992). The Polish Biographical Dictionary: Profiles of Nearly 900 Poles who Have Made Lasting Contributions to World Civilization (англиски). Bolchazy-Carducci Publishers. стр. 189. ISBN 978-0-86516-245-7.
  2. Mickiewicz, Adam (5 мај 2019). Pan Tadeusz: or the last foray into Lithuania (англиски). Winged Hussar Publishing. стр. 245. ISBN 978-1-950423-03-3.
  3. Stam, David H. (November 2001). International Dictionary of Library Histories (англиски). Routledge. стр. 641. ISBN 978-1-136-77785-1.