Прејди на содржината

Кале (Коџаџик)

Координати: 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528° СГШ; 20.60167° ИГД / 41.44528; 20.60167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале

Карта

Местоположба 41°26′43″N 20°36′6″E / 41.44528° СГШ; 20.60167° ИГД / 41.44528; 20.60167
Основни податоци
Место Коџаџик
Општина Центар Жупа
Тип

 населба


Период хеленистичко време
римско време
среден век
Портал „Археологија“

Калеархеолошко наоѓалиште во дебарското село Коџаџик. Претставува древномакедонска, римска и средновековна утвердена населба. Се наоѓа северозападно од селото, на голема височинка што има доминантна положба над пространата територија на Жупа, со можност за контрола на комуникациите во неа. На самиот врв, кој има стрмни карпи и зарамнето плато, постојат остатоци од утврдена населба. Одбранбениот бедем на калето е граден од големи камени блокови во сувоѕидица. До калето води пат послан со кршени камења - калдрма. По површината на тврдината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Во месноста Поткале, покрај патот што води за калето се гледаат гробни конструкции од камени плочи - тип циста.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069