Кадилница
Кадилница[1][2], кандилка[3][4] или кадило[5][6] — сад што се користи за согорување на благомирис (мирисливи материи; во христијанството тоа е темјанот). Се користи во многу религии — таоизмот и будизмот (во Кина и Јапонија), хиндуизмот (во Индија) и христијанството (почесто кај православните), а ги користеле и други антички цивилизации како што се Маите, на пример.
Кадилници во православието
[уреди | уреди извор]Тоа се рачни садови за принесување кадење на Бога и служат за кадење на иконите и луѓето. За време на богослужбите во храмовите, како и за време на молитвите во домовите, се користи кадилница, која во христијанската симболика го претставува човештвото преку Исус Христос: жарот е божество, додека чадот е добар мирис на Св. Дух. Црковните отци сведочат за темјанот како пропратен чин, нагласувајќи дека на тој начин се почитуваат светите икони. Со кадењето на верниците се примаат нивните молитви и се делат осветувања кои доаѓаат невидливо како и мирисот на темјанот[7].
Домашни кадилници
[уреди | уреди извор]Кадилниците во домот најчесто се рачно изработени, направени од земја или метал и се со различни облици во согласност со христијанскиот дух. Во кадилницата се става жар од дрво (јагленот има непријатен мирис), а на жарот се става благомирис кој шири пријатен мирис. Бидејќи во градовите често нема жар, за замена на жарот се користи специјална брикета во прстени.
Кадилницата и жарта во неа ја симболизираат ��естоката љубов кон верата и топлината на христијанската душа. Мирисот на темјан ја симболизира благодатта на Светиот Дух. Кадилницата се користи при секоја молитва. Домаќинот кади, држејќи ја кадилницата во десната рака и со неа прави знак на крст. Се кадат прво постарите, а потоа помладите. Кадилницата се чува на свечено место во куќата[8].
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Отворена кадилница пред да се стави темјан.
-
Ставање темјан во кадилницата за кадење.
-
Кадилница од манастирот Љубостиња (XIV век).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „кадилница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кадилница“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кандилка“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кандилка“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кадило“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „кадило“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Церовић Н. (2014) Говор крста, Изложба у Народни музеј у Београду
- ↑ „Шта све један православни дом треба да има - Кадионица, жар и тамјан[[:Предлошка:Ботовски наслов]]“. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 14 јули 2015. URL–wikilink conflict (help)