Прејди на содржината

Ингемар Стенмарк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ингемар Стенмарк
Стенмарк во 2011
Лични податоци
Полно имеЈан Ингемар Стенмарк
Роден(а)18 март 1956(1956-03-18)(68 г.)
Јоеше, Шведска
Висина&100000000000001810000001,81 м
Тежина75 kg (165 lb)
Спорт
Земја Шведска
СпортАлпско скијање
Повлечен(а)март 1989 (на 32 години)
Ingemar Stenmark (1979)

Јан Ингемар Стенмарк (шведски: Jan Ingemar Stenmark) - поранешен шведски алпски скијач. Се смета за еден од најдобрите шведски спортисти на сите времиња[1] како и најдобар светски слаломаш и велеслаломаш на сите времиња.

Стенмарк е роден во Јоеше во покраината Лапонија во Шведска на 18 март 1956 година. Почнал да скија како петгодишно дете, а првпат победил на национален натпревар кога имал осум години.

Стенмарк е рекордер по бројот на победи во Светскиот куп, победил на 86 натпревари, додека следниот на ранг листата е Херман Маер со 54 победи. Сите победи ги остварил во слалом и велеслалом. Ретко се натпреварувал во спуст и комбинација, а супервелеслалом се појавил кога тој бил на крајот на својата кариера.

На Олимписките игри во Сараево не можел да учествува бидејќи имал статус на професионалец, па со самото тоа не ги бранел златните одличја освоени во 1980 година во Лејк Плесид. Четири години подоцна му било дозволено да се натпреварува на Олимписките игри во Калгари.

Останато

[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1976 до 1978 година, кога бил победник на Светскиот куп, заедно со тенисерот Бјорн Борг станал национална икона во Шведска. Тоа не се променило ни со неговата преселба во Монако заради пониските даночни стапки. Го преживеал земјотресот во Индискиот Океан на 26 декември 2004 година за време на престојот во Тајланд.

Освоени кристални глобуси

[уреди | уреди извор]
Сезона Дисциплина
1975 Велеслалом
1975 Слалом
1976 Вкупно
1976 Велеслалом
1976 Слалом
1977 Вкупно
1977 Велеслалом
1977 Слалом
1978 Вкупно
1978 Велеслалом
1978 Слалом
1979 Велеслалом
1979 Слалом
1980 Велеслалом
1980 Слалом
1981 Велеслалом
1981 Слалом
1983 Слалом
1984 Велеслалом

Победи во Светскиот куп

[уреди | уреди извор]
Датум Место Дисциплина
17 декември 1974 Италија Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
12 јануари 1975 Швајцарија Венген, Швајцарија Слалом
23 февруари 1975 Јапонија Наеба, Јапонија Велеслалом
2 март 1975 Канада Гарибалди, Канада Велеслалом
13 март 1975 САД Сан Вели, САД Велеслалом
15 декември 1975 Италија Штерцинг, Италија Слалом
11 јануари 1976 Швајцарија Венген, Швајцарија Слалом
24 јануари 1976 Австрија Кицбиел, Австрија Слалом
27 јануари 1976 Германија Цвизел, Германија Велеслалом
7 март 1976 САД Копер Маунтин, САД Слалом
14 март 1976 САД Аспен, САД Слалом
3 јануари 1977 Швајцарија Лакс, Швајцарија Слалом
10 јануари 1977 Германија Берхтесгаден, Германија Слалом
16 јануари 1977 Австрија Кицбиел, Австрија Слалом
23 јануари 1977 Швајцарија Венген, Швајцарија Слалом
6 февруари 1977 Австрија Санкт Антон, Австрија Слалом
6 март 1977 САД Сан Вели, САД Велеслалом
18 март 1977 Норвешка Вос, Норвешка Слалом
20 март 1977 Шведска Оре, Шведска Слалом
21 март 1977 Шведска Оре, Шведска Велеслалом
25 март 1977 Шпанија Сиера Невада, Шпанија Велеслалом
10 декември 1977 Франција Вал д'Изер, Франција Велеслалом
13 декември 1977 Италија Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
14 декември 1977 Италија Мадона ди Кампиљо, Италија Велеслалом
5 јануари 1978 Германија Оберштауфен, Германија Слалом
8 јануари 1978 Германија Цвизел, Германија Велеслалом
9 јануари 1978 Швајцарија Цвизел, Швајцарија Слалом
18 март 1978 Швајцарија Ароза, Швајцарија Велеслалом
9 декември 1978 Австрија Шладминг. Австрија Велеслалом
21 декември 1978 СФРЈ Крањска Гора, СФРЈ Слалом
22 декември 1978 СФРЈ Крањска Гора, СФРЈ Велеслалом
7 јануари 1979 Франција Куршевел, Франција Велеслалом
16 јануари 1979 Швајцарија Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
23 јануари 1979 Австрија Штајнах, Австрија Велеслалом
4 февруари 1979 Чехословачка Јасна, Чехословачка Велеслалом
10 февруари 1979 Шведска Оре, Шведска Велеслалом
11 февруари 1979 Шведска Оре, Шведска Слалом
4 март 1979 САД Лејк Плесид, САД Велеслалом
12 март 1979 САД Хевенли Вели, САД Велеслалом
17 март 1979 Јапонија Фурано, Јапонија Слалом
19 март 1979 Јапонија Фурано, Јапонија Слалом
8 декември 1979 Франција Вал д'Изер, Франција Велеслалом
11 декември 1979 Италија Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
12 декември 1979 Италија Мадона ди Кампиљо, Италија Велеслалом
21 јануари 1980 Швајцарија Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
27 јануари 1980 Франција Шамони, Франција Слалом
27 февруари 1980 САД Вотервил Вели, САД Слалом
1 март 1980 Канада Мон Сент Ан, Канада Велеслалом
10 март 1980 Италија Кортина д'Ампецо, Италија Слалом
11 март 1980 Италија Кортина д'Ампецо, Италија Велеслалом
13 март 1980 Австрија Салбах-Хинтерглем, Австрија Велеслалом
15 март 1980 Австрија Салбах-Хинтерглем, Австрија Слалом
9 декември 1980 Италија Мадона ди Кампиљо, Италија Слалом
10 декември 1980 Италија Мадона ди Кампиљо, Италија Велеслалом
6 јануари 1981 Франција Морзин, Франција Велеслалом
18 јануари 1981 Австрија Кицбиел, Австрија Слалом
26 јануари 1981 Швајцарија Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
1 февруари 1981 Австрија Санкт Антон, Австрија Слалом
2 февруари 1981 Австрија Шладминг, Австрија Велеслалом
8 февруари 1981 Норвешка Осло, Норвешка Слалом
11 февруари 1981 Норвешка Вос, Норвешка Велеслалом
14 февруари 1981 Шведска Оре, Шведска Велеслалом
9 јануари 1982 Франција Морзин, Франција Велеслалом
12 јануари 1982 Германија Бад Висе, Германија Слалом
17 јануари 1982 Австрија Кицбиел, Австрија Слалом
19 јануари 1982 Швајцарија Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
9 февруари 1982 Австрија Кирхберг, Австрија Велеслалом
14 декември 1982 Италија Курмајор, Италија Слалом
23 јануари 1983 Австрија Кицбиел, Австрија Слалом
11 февруари 1983 Франција Мархштајн, Франција Слалом
13 февруари 1983 Германија Тотнау, Германија Велеслалом
26 февруари 1983 Шведска Јеливаре, Шведска Велеслалом
13 децембар 1983 Италија Курмајор, Италија Слалом
20 децембар 1983 Италија Мадона ди Кампиљо Слалом
10 јануари 1984 Швајцарија Аделбоден, Швајцарија Велеслалом
17 јануари 1984 Швајцарија Парпан, Швајцарија Слалом
23 јануари 1984 Австрија Кирхберг, Австрија Велеслалом
4 февруари 1984 Бугарија Боровец, Бугарија Велеслалом
7 март 1984. САД Вејл, САД Велеслалом
15 декември 1985 Италија Алта Бадија, Италија Велеслалом
25 јануари 1986 Австрија Санкт Антон, Австрија Слалом
27 февруари 1986 Норвешка Хемседал, Норвешка Велеслалом
18 март 1986 САД Лејк Плесид, САД Велеслалом
29 новембар 1986 Италија Сестриере, Италија Слалом
14 февруари 1987 Франција Мархштајн, Франција Слалом
19 февруари 1989 САД Аспен, САД Велеслалом
  1. Farber, Michael (18 February 1980). „Ingemar Stenmark seeks fast way down - and out“. Montreal Gazette. стр. 18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]