Земјата на Израел
Изглед
32°6′11.35″N 34°47′47.1″E / 32.1031528° СГШ; 34.796417° ИГД
Музејот Ерец Израел (англиски: Eretz Israel Museum, хебрејски: מוזיאון ארץ ישראל) — основан во 1953 година во Тел Авив. Содржи голем број археолошки, антрополошки и историски артефакти организирани во серија изложбени павилјони. Секој павилјон е посветен на друга тема: стакларија, керамика, монети, бакар итн. Музејот исто така има и планетариум.
Музејското крило „Човекот и неговото дело“ содржи современи демонстрации на антички методи на ткаење, производство на накит и керамика, мелење жито и печење леб. Тел Касил, ископина во која биле откриени 12 различни културни слоеви, се наоѓа во основата на музејот.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Земјата на Израел“ на Ризницата ? |