Жени во Македонија
Жените во Македонија — жени кои живеат или се од Македонија. Тие живеат во македонското општество коешто вообичаено е патријархално. Наоѓајќи се во земја којашто била опустошена од воениот конфликт во 2001 година, жените во Македонија играле улоги во градењето на мирот во временски периоди класифицирани како претконфликтен период, период на конфликт и постконфликтен период.[1]
Традиционално, жените од Македонија вршат домашна работа. Во областа на академиците, некои жени од Северна Македонија се фокусираат на изучувањето на хуманистичките науки. Некои жени во Македонија имаат авторитетни позиции. Жените добиваат „наследство“ преку добивање мираз, бидејќи наследството традиционално се пренесува на машките наследници. Некои современи жени добиваат наследство што го делат меѓу браќата и сестрите од нивните родители. Традиционалниот начин на кој жените се поздравуваат вклучува размена на бакнежи. Со традиционалната медицина се занимаваат некои жени од постарата генерација, кои дејствуваат како верски исцелители, исцелувајќи ги луѓето од болести предизвикани од таканареченото „зло око“.[2]
Македонија го прогласила брачното силување за протизаконско во 1996 година.[3][4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ MACEDONIA: How Are Women Faring In Macedonia? Архивирано на 29 јули 2014 г., AWID, September 12, 2009, peacewomen.org
- ↑ North Macedonia, everyculture.com
- ↑ „CRIMINAL CODE OF 1996, AMENDED IN 2004“. Архивирано од изворникот на 2013-11-04. Посетено на 2013-11-03.
- ↑ Social Change, Gender and Violence: Post-Communist and War Affected Societies при Гугл книги