Прејди на содржината

Жена со гитара (скулптура во Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон скулптурата

Жена со гитара претставува мермерна скулптура на жена со гитара. Споменикот се наоѓа на Кејот „13 ноември“ во центарот на Скопје. Автор на оваа скулптура е Синиша Новески. Скулптурата била поставена во април 2009 година.[1]

Оваа скулптура е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 36 скулптури во центарот на Скопје.[2]

  1. „Скулптурата ќе им го разубавува денот на минувачите“. Вечер. 6 мај 2009. Посетено на 2011-08-14.[мртва врска]
  2. „ИЗБРАНИ 40 РЕШЕНИЈА ОД КОНКУРСОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА“. Премин. Посетено на 2011-07-26.