Прејди на содржината

Жената која си замина (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Жената која си замина“ (филипински: Ang Babaeng Humayo) — филипински филм од 2016 година во режија на Лав Дијас (Lav Diaz), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Чаро Сантос-Консио (Charo Santos-Concio), Џон Лојд Круз (John Lloyd Cruz) и Мајкл Де Меса (Michael De Mesa). Филмот е делумно заснован врз еден краток расказ на Толстој.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Една жена е неправедно осудена и минува 30 години во затворот. По издржувањето на казната, таа планира да му се одмазди на поранешниот љубовник...