Прејди на содржината

Че Гевара

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ернесто Че Гевара)
Че Гевара
Guerrillero Heroico
Че Гевара на доброволна работа.
Направена од Алберто Корда на 5 март 1960.
Роден(а)14 јуни 1928(1928-06-14) [1]
Росарио, Аргентина
Починал(а)октомври 9, 1967(1967-10-09) (возр. 39) (погубување)
Ла Хигуера, Боливија
ПочивалиштеМевзолеј Че Гевара во Санта Клара, Куба
Организација26 јули“, Обединета партија на кубанската социјалистичка револуција,[2] Национална ослободителна армија (Боливија)
Вераниедна (атеист)[3][4]
СопружникХилда Гадеја (1955–1959)
Алеида Марч (1959-1967)
ДецаХилда (1956–1995), Алеида Гевара (родена во 1960), Камило (роден во 1962), Селиа (родена во 1963), Ернесто (роден во 1965)
Потпис

Ернесто Гевара (шпански: Ernesto Guevara; 14 јуни 19289 октомври 1967) или скратено Че (шпански: Che) — марксистички револуционер и еден од водачите на Кубанската револуција.

Гевара претставувал една од клучните личности во револуцијата на Фидел Кастро во Куба (1956-1959) како член на движењето „26 јули“. По победата во револуцијата, неколку години бил активен во промоцијата на револуционерните општества патувајќи по светот како Кубански дипломат, а потоа лично се ангажирал при ослободувањето од диктаторските режими, најпрво во Конго, а потоа и во Боливија. Во Боливија, при соработка на Централната разузнавачка агенција и боливиската војска, бил фатен и утредента убиен. Неговиот лик, како борец за ослободување на жртвите од империјализмот, и денес, неколку децении по неговата смрт, е претставуван како еден од главните симболи и икони на друштвените и политички револуции ширум светот.[5][6][7] Како строг војсководец и потполно посветен на својата револуционерна цел со морален авторитет над своите трупи,[8] тој останал контроверзна личност од голема историска значајност.

Магазинот „Time“ го прогласил Че Гевара за една од 20. најголеми светски икони и херои во нивната список на 100 највлијателни луѓе во светот во XX век.[9] Прочуената фотографија Гевара (десно), која ја направил Алберто Дијаз, била прогласена за најпозната фотографија во светот и симбол на дваесеттиот век од страна на академијата за уметности во Мериленд.[10]

Рани години

[уреди | уреди извор]

Ернесто Гевара де ла Серна е роден во Росарио, Аргентина, во добро ситуирано семејство од шпанско-ирско потекло.[11][12] Неговиот татко, Ернесто Рафаел Гевара Линч, потекнувал од шпанско-ирско семејство (мајка му била од Ирска[12]), а по струка бил архитект[12] и ѝ припаѓал на аргентинската олигархија. Неговара мајка, Селија де ла Серна, имала шпанско потекло.[12] Ернесто бил најстариот од петте деца. Две години по неговото раѓање, лекарите откриле дека тој боледува од астма; лекувањето не помогнало, па поради тоа родителите одлучиле од Буенос Аирес да се преселат во Кордоба, Алта Грасија. Иако страдал од нападите на астма кои подоцна во голема мера ќе му влијаат, Ернесто се истакнувал како спортист, често пливајќи, играјќи фудбал, голф и рагби.[13] Неговиот пријател Алберто Гранадо подоцна раскажувал како Ернесто имал чудна навика да ги шокира луѓето: „... имaше неколку прекари. Го викаа „El Loco“ (мак: лудиот)“... На пример, се фалеше со тоа што ретко се бања. Го викаа и „Chancho“ (македонски: свиња). Знаеше да каже: - помнаа шест месеци откога ја немам испрано оваа рагби маица...“[14] Во Кордоба завршил гимназија, а кога наполнил 19 години, неговото семејство повторно се вратило во Буенос Аирес за Ернесто да се запише на медицински факултет во 1948 година.

Во времето кога се регрутирале војници, тој се пријавил, а во изјавата на воената комисија пишувало дека тој е млад човек со „деликатно здравје, со хронична астма и е неспособен за воена служба“.[15][16]

Мотоциклистички дневници

[уреди | уреди извор]
Примерок на моторот од „Norton 500“ од 1961. Со овој модел Гевара тргнал на својата прва турнеја низ Јужна Америка

На 23 октомври 1951, сè уште со незавршен факултет, Ернесто од Буенос Ариес отпатувал во Кордоба од каде што со својот стар пријател Алберто Гранадо тргнал на патување кон север. На патувањето тргнале со својот стар мотор „Нортон 500“[11] на кој му го дале прекарот „Ла Подероса“ (на шпански: „Моќна“).[15]

Патувале преку Аргентила до Чиле, а оттаму по тихоокеанскиот брег каде што „Ла Подроса“ се расипал и престанал да работи. Оставајќи го моторот во Чиле, продолжиле да патуваат на север користејќи автобус или автостоп. Кога го преминале Чиле и стигнале во Перу започнале да работат во рудник како садоперачи, истоварачи на роба која доаѓала во бродовите и други физички работи. На 1 мај стигнале во Лима каде што се запознале со докторот Уга Песке, перуански научник, директор на националниот програм за лепра и поддржувач на марксизмот. Разговорите со Песке, како што Гевара подоцна кажувал, биле од големо значење при промената на неговиот став за животот и пријателите.[17] Од Перу преминале во Колумбија, а потоа воКаракас, Венецуела. Тука Гранадо, кој имал искуство со тропски болести, останал да работи, а Ернесто продолжил да патува на север. Еден од неговите познаници, со авион, го префрлил во Мајами, САД,[15] каде што престојувал околу еден месец работејќи како келнер и мијач на садови во бар. По еден месец, со авион, се вратил во Буенос Аирес.

За сево ова време, Ернесто пишувал свој дневник за патувањето т.н „Мотоциклистички дневници“ (шпански: „Diarios de motocicleta“) кој, неколку години подоцна, бил добро продаван ширум светот,[18] а во 2004 година се појавил и на филмското платно под името „Мотоциклистички дневници“. Подоцна Гевара изјавил дека за време на патувањето низ Латинска Америка доживеал „близок контакт со сиромаштијата, гладот и болестите“ заедно со „невозможно лечење на деца поради недостаток на пари“ и „умирања од постојана глад и поради казнувања“ што води до тоа да таткото „ја прифати смртта на својот син како небитна незгода“. Гевара, исто така, подоцна наводно изјавил дека токму ова искуство го навело да заклучи дека ако сака да му помогне на овој народ мора да ја напушти медицината и да размислува за политичка вооружена борба.[19]

Гватемала

[уреди | уреди извор]

На 31 август, Гевара се вратил во Буенос Аирес, а студиите ги завршил на 11 април 1953. Од 30 предмети кои тој ги полагал, на 18 добил оценка „доволен“, 8 „добар“ и на само 4 добил оценка „одличен“.[20] Завршувајќи го факултетот, Ернесто ги обавестил своите родители дека повторно ќе тргне на пат – на „северна турнеја“ која ги опфаќала скоро сите земји од брегот на Тихиот Океан во Латинска Америка, северно од Аргентина: Боливија, Перу, Еквадор, Колумбија и Средна Америка.[20] На ова патување тргнал на 7 јули 1953, со својот другар Карлос Галико Фереро. Наскоро по пристигнувањето во Ла Паз, Боливија, се запознава Алберт Рохо, по професија адвокат, а во поглед на политичките ставови левичар кој побегнал од Аргентина поради политичко прогонство. Таму Рохо бил уапсен под оптужба за тероризам, но успеал да побегне од затворот, да стигне до амбасадата на Гватемала, да побегне во Чиле, а потоа во Ла Паз (каде што го запознал Гевара). Од таму планирал да оди во Гватемала каде што на власт бил Хакобо Арбенс, тогашниот единствен демократско избран претседател во Средна Америка.[20] Во литературата се споменува дека можеби Рохо бил тој, кој во овој период ги поттикнал револуционерните нагони на Гевара и дека тој го натерал да отпатуваат на следното одредиште, односно Гватемала, каде што, според зборовите на Рохо, се случувале „нови и интересни работи“.[20] Иако најпрвин Гевара планирал од Ла Паз да оди во Каракас, Венецуела, се предомислил и заедно со Рохо отпатувал преку Панама во Гватемала. Неговиот другар Галико одлучил да остане во Лима, главниот град на Перу.

Ернесто пристигнал во Гватемала на 7 јули 1953, каде што Хакобо Арбенс ја основал демократско избраната влада чија цел била спроведување на широки социјална и аграрни реформи кои, помеѓу другото, го опфаќале укинувањето на латифундискиот систем. Аграрната реформа во Гватемала најмногу ја погодувала американската корпорација „United Fruit Company“ бидејќи во тоа време во Гватемала немало други латифундии освен оваа компанија.[21] Кога на 15 март 1954, од чехословачката фабрика Шкода во Гватемала пристигнала пратка со оружје,[22] САД ја програлисе аграрната реформа како конечен доказ за гватемалската поврзаност со СССР, а потоа покренале постапка за симнување на Арбенсо од власт. Вашингтон најавил прекин на дипломатските односи со Гватемала, а веднаш потоа и останатите соединети држави го направиле истото. По ова следело низа на воени интервенции, најпрво од соседна Никарагва и Хондурас, а потоа само од Хондурас.[21] На чело на внатрешните бунтовници бил поставен гватемалскиот офицер Кастиљо Армас.[21] Ернесто се пријавил во воените одреди кои ги организирал комунистичкиот подмладок кој го поддржувал Арбенс. Сепак, поради слабите воени активности и уште послабите успеси, Ернесто се вратил на својата лекарска позиција.

Во декември 1953,[23] Ернесто, во Гватемала, ја запознал Хилда Гадеја, економистка од Перу која имала политички контакт како членка на левоориентираната Американска народнореволуционерна алијанса. Таа го запознала со неколку високи чиновници на арбенсовата влада, како и со неколку Кубанци кои биле поврзани со Фидел Кастро и неговото револуционерно движење „26 јули“. Името на ова движење потекнува од датумот кога Кастро во 1953 година извршил напад врз воената касарна „Монкада“ со цел да го собори диктаторскиот режим на Фулгенсио Батиста во Куба. Меѓу Кубанците кои се запознале со Ернесто бил и Нико Лопес, еден од генералите на Кастро.

По падот на Арбенсо, Гевара повторно се пријавил за борба на страната на Арбенсо, но и овој пат целата акција била неуспешна и Арбенсо побегнал барајќи заштита во амбасадата на Мексико.[а] Новиот режим набрзо ги протерал сите левоориентирани интелектуалци. Познаничката на Ернесто, Хилда, била прва затворена, а кога ја пуштиле морала веднаш да ја напишти земјата. Ернесто се спасил во амбасадата на Аргентина каде што останал сè додека не добил пасош кој му овозможил на безбеден начин да стигне во Мексико. При ова патување Гевара и пишал писмо на својата тетка Беатрис: „Пред сликата на нашиот сакан другар Сталин се заколнал дека нема да престанам да дишам сè додека таа капиталистичка машинерија не биде уништена“.[24]

Мапа на која се прикажани патувањата на Че од 1953-1956

Во почетокот на 1955 работел како доктор во болница во Мексико. Тука во јуни, истата година, го запознал Раул Кастро кој подоцна го запознал со Фидел Кастро. Во текот на првата ноќ од запознавањето на Кастро, Гевара потврдил дека токму кубанската револуционерна борба е таа која ја барал, а потоа и потпишал документ за членство во движењето „26 јули“.[25] Во овој период Гевара го добил својот познат прекар „Че“.[б]

На 24 јуни 1956, Ернесто бил уапсен од страна на мексиканската полиција, заедно со неговите Кубански пријатели (меѓу кои бил и Фидел Кастро), а на 3 јули, новинарската агенција „UPI“ објавила: „Аргентинскиот доктор Гевара ќе биде депортиран во својата родна земја поради претпоставки дека учествувал во неуспешна завера против кубанската влада на Фулгенсио Батиста“. Поранешниот Мексикански претседател, Лазаро Карденас, се вмешал во работата на полицијата и успеал да издејствува во одбрана на кубанските револуционери, па до крајот на јули, Че Гевара и браќата Кастро биле пуштени на слобода. На 18 август 1955, Хилда и Че Гевара се венчале,[23] а накратко потоа, на 15 февруари 1956, тие добиле ќерка која ја крстиле Хилдита Беатрис Гевара Гадеја. Овој брак траел 5 години, односно до крајот на кубанската револуција.

На слобода, во тајност, тие продолжиле со своите револуционерни активности. Иако Че најпрво планирал во борбата да учествува само како лекар, тој присуствувал на воените вежби кои служеле како спремање за во Куба и тамошната револуција, а неговиот воен инструктор, Алберто Бајо, го пофалил Че како најдобар герилец.[26] На 25 ноември 1956, тргнале кон Куба со изнајмениот брод „Granma“ (што во превод значи „баба“). Бродот бил наменет за најмногу 25 луѓе, а тие биле вкупно 82-ца. И покрај лошата временска состојба, тие стигнале на источниот брег на Куба, односно во Лос Каиелос (шп.„Los Cayuelos“), но тоа било 2 дена подоцна (2 декември) од планираното (30 ноември). Одејќи низ полињата со шеќерни трски, со отечени стапала и без никаква храна, само со нивните пушки и неколку шаржери муниција,[27] на 5 декември биле нападнати од единиците на Батиста кај местото Алегрија де Пио. Подоцна Гевара дознал дека токму човекот кој ги водел низ Куба бил тој кој ја кажал нивната локација на противничките сили.[27] Од вкупно 82 останале само уште 16[28] или 22-ца[29] кои се поделиле на две групи и тргнале кон Сиера Маестра каде што повторно се соединиле. Иако ранет во вратот,[27] заедно со останатите герилци, Че Гевара успеал да се извлече и сите заедно, на 21 декември, да стигнат на плантажата со кафе каде што Фидел Кастро ги чекал веќе неколку дена.

Во шумите на Сиера Маестре продолжиле со своите воени вежби собирајќи доброволци и набавувајќи опрема. Ернесто бил задолжен за производството на бомби, правел мали импровизациски рерни за печење леб, ги обучувал новите членови на воена тактика и организирал курсеви каде што неписмените членови на групата учеле да читаат и пишуваат. Сепак, групата броела малку членови, односно до март 1957, биле околу 80 герилци.

До 24 февруари 1957, јавноста не знаела ни дали Кастро и неговите трупи, заедно со Че, биле воопшто живи. Тој ден, екипа на американскиот „The New York Times“ на чело со Херберт Метјус, пристигнала директно во засолништето во Сиера Маестре за да го интервјуираат околу неговите герилски активности.[30] Репортажата за трупите на Кастро опфаќала опширен опис на неговите воени активности, животот во шумите, понатамошните планови и идеологијата. Самиот Кастро е прикажан како романтичен и допадлив револуционер. Со своето основно познавање на англискиот јазик и неговата харизма, ја искористил оваа прилика за да и се обрати директно на американската нација и да ги искаже своите цели. Во тој период Гевара не бил таму, но подоцна започнал да ја сфаќа важноста на медиумската пропаганда во политичката борба.

Че Гевара (лево) и Фидел Кастро (десно) при триумфалниот влез во Хавана.

Кога го напишале разгласот за младината во градот Сантјаго де Куба, Кастро му рекол на Че Гевара покрај својот потпис да напише „el comandante“.[в] Че станал строг војсководец кој дезертерите ги казнувал со смртна казна и по нив испраќал одредени трупи. На тој начин станал познат брутален и немилосрден војсководец.[31] Самиот Кастро го опишувал Че како интелигентен, храбар војсководец кој имал „голем морален авторитет над своите трупи“. Ернесто бил одговорен за отворање на илегалната револуционерна радио станица „Радио Ребелде“ (шп. „Radio Rebelde“) во февруари 1958, пеку која движењето „26 јули“ ги емитувало своите новости и пораки до народот во Куба.[8]

Во јули 1958, Че одиграл клучна улога во Битката кај Лас Мерцедес користејќи ги своите трупи за да запре група од 1500 војници испратени од генералот на Батиста, Кантиљо, со цел да ја уништат војската на Кастро. Во наредните борби, Че Гевара предводел нов воен одред насочен кон западот за да би помогнал во напредокот кон Хавана. Само тој одред бил под директна команда на Ернесто, односно Кастро немал никаков авторитет врз тие војници. Во последните денови од 1958, Че го насочил својот одред кон Санта Клара што претставувала една од одлучувачките битки за победата во револуцијата.[32][33] Неговата конечна победа во Санта Клара, каде што противничките трупи биле во многу поголем број, подоцна била опишувана како „ремек-дело во модерното војување“.[34] Медиумите контролирани од Батиста изјавувале дека Че Гевара бил убиен во таа битка, но илегалното радио „Ребелде“ ја обавестило јавноста дека трупите на Че ја заземале Санта Клара. На самиот крај на годината, 31 декември 1958, генералите на Батиста, без негово знаење, започнале да преговараат околу нивното предавање, а наредното утро Батиста побегнал од земјата.

На 8 јануари 1959, војската на Кастро, после повеќе од две години војување по шумите на Сиера Маестра, триумфално марширала низ Хавана.

По победата во револуцијата

[уреди | уреди извор]

По победата во револуцијата, на 9 февруари Че добил почесно кубанско државјанство.[35] Најпрво бил поставен за директор на централната банка на Куба, а потоа и за индустриски министер.

Кастровата влада, према оние кои се сметале за воени злосторници, по победата во револуцијата спровела мерки слични како спроведените во Нирнбершкиот процес по втората светска војна.[36] Тоа значело смртна казна за особено тешките злосторства, без разлика дали ја поддржувале револуцијата или владата на соборениот диктатор. Според изворите на кубанското министерство за правда оваа акција била поддржувана од поголемиот број граѓани. За да ги спроведе овие мерки, Кастро го назначил Че за управник на затворот „La Cabaña“ и на таа функција останал 3 месеци, од 2 јануари до 12 јуни 1959.[37] Гевара бил задолжен за расчистување на војската која до тогаш била под власт на Батиста, а исто така и за уцврстување на победата спроведувајќи „револуционерна правда“ над оние кои се сметале за предавници, шпиони или воени злосторници.[38] Во некои случаи смртната казна се извршувала со стрелање. Министерот за правда во новата влада, Раул Гомес Трето, сметал дека уникувањето на ограничувањата над смртната казна би било оправдано бидејќи ги спречувало незадоволните граѓани од земањето на правдата во своите раце, исто како што се случувало во минатото. Имајќи ги предвид 20.000 луѓе кои Батиста и неговите соработници ги убиле[39] за време на нивното владеење, истражувањето на јавноста покажало дека 93% од народот го поддржува тоа мислење.[40] Иако точниот број на извршени смртни казни варира низ изворите, се проценува дека во тоа време се убиени околу 200 луѓе.[г] Најистакнатата положба на Че Гевара во Куба било местото на главен амбасадор на Куба во светот. На 12 јуни 1959, Кастро го испратил Че на тримесечен пат низ 14 земји во светот заедно со службена кубанска делегација. Поголемиот дел од тие земји биле Африкански или Азиски. Во Јапонија поминал 12 дена (од 15 до 27 јули) учествувајќи во преговорите околу проширувањето на соработката помеѓу двете земји. Во текот на оваа посета, Че тајно[д] ја посетил Хирошима каде што американската војска пред 14 години фрлила атомска бомба. Гевара бил „навистина шокиран“ од тоа што го видел таму, односно целосната состогба и начинот на кој биле третирани болните луѓе.[41] Во остатокот од своето дипломатско патување, Че ги посетил Индонезија и Пакистан.

При враќањето во Куба, Гевара затекнал подобрена состојба и зацврстена власт која веќе започнала да спроведува социјални и економски реформи, првенствено аграрни. По повод инцидентот во Заливот на свињите, кога кубанските емигранти во САД се обиделе да ја срушат власта во Куба (што било сценирано од самите соединети држави), тој изјавил: „Ние се соочуваме со историјата и не можеме да допуштиме да бидеме исплашени! Мораме да го задржиме ентузијазмот со кој тргнавме во борба. Мораме да градиме фабрики со левата рака, а во десната да држиме пушки и со нозете да газиме црви“.[42]

На 4 март 1960, францускиот преносен брод „La Cubre“, кој пренесувал муниција до Антверпен, двапати експлодирал за време на истоварањето во Хавана. На ова место загинале над 100 луѓе.[43] Гевара им пружал прва помош на настраданите. Утредента, во спомен на жртвите од експлозијата, Алберто Корда го фотографирал Гевара со што била создадена една од невоите подоцна најпознати фотографии, фотографијата „Херојскиот герилец“ (шп. „Guerrillero Heroico“).

Револуција за време на мир

[уреди | уреди извор]

Че Гевара сметал дека и за време на мир мора да се продолжи со револуцијата, исто како што Кастро рекол по заземањето на Хавана дека револуцијата само што почнала. Идеите на Че се засновале на широк спектар различни активности како и на „доброволна работа и добра волја“, фраза за која сметал дека треба да биде модел на кој ќе се заснова поединечното единство и единството на масата. Сето тоа се обидувал да го покаже преку сопствени примери како деноноќно извршување на своите должности како индустриски министер, учествување во градежничка работа, па и сечење на шеќерни трски кога имал слободен ден.[44]

Капитализмот го сметал за „борба на волкови“ во која „само еден може да победи и тоа на штета на другите“, па се залагал за создавање на „нов човек“ кој ќе биде воден морално, а не по материјални принципи.[45]

По крајот на револуцијата, Ернесто се развел од Хилда која и рекол дека се заљубил во друга жена. Разводот бил официјално објавен на 22 мај 1959, а веќе на 2 јуни, истата година, се оженил со Алеида Марч со која добил четири деца: Алеида Гевара Марч (родена на 24 ноември 1960), Камила Гевара Марч (родена на 20 мај 1962), Селија Гевара Марч (родена на 14 јуни 1963) и Ернест Гевара Марч (роден на 24 февруари 1965). Гевара имал и едно вонбрачно дете, Омар Перес, роден на 19 март 1964.[46]

Алеида го поттикнала да слуша класична музика која подоцна многу ја засакал.[ѓ] Останатите луксузни работи кои себеси ги допуштал биле мате, како омилен пијалак, и кубанските цигариМонтекристо бр. 4“ (или на шп. „Montecristo No. 4“).[47][48]

Односите со СССР

[уреди | уреди извор]
Гевара додека шета по црвениот плоштад во Москва, ноември 1964.

Гевара бил архитектот на добрите односи помеѓу СССР и Куба.[49] Како таков, тој одиграл главна улога во донесувањето на советските јадрени ракетни глави во Куба во октомври 1962 година, што подоцна довело до т.н Кубанска ракетна криза. Во интервју за британскиот магазин „Daily Worker“, неколку дена по завршетокот на кризата, Гевара бил бесен поради предавништвото на СССР кон Куба, тврдејќи дека ракетите доколку биле под Кубанска контрола сигурно би испалиле.[50] Сем Расел, репортерот кој разговарал со Че на ова интервју, објаснил дека кога излегол бил тотално збунет опишувајќи го Гевара како „човек со топол карактер“, „очигледно висока интелигенција“, но и покрај тоа „се однесува како лудак кога збори за проектили“.[50]

Говор во ОН

[уреди | уреди извор]

Во декември 1964, Че бил официјалниот претставник на Куба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Во својот говор силно ја критикувал неспособноста на ОН во борбата против бруталниот апартхејд кој се спроведувал во Јужна Африка, прашувајќи ги сите присутни „зар ОН не можат да направат нешто да би го запреле тоа?“.[51] Че, исто така, остро ја осудувал политиката на САД во однос на црнците, критикувајќи ги дека секојдневно ги диксриминираат, а нивните убијци ги ослободуваат и штитат, па дури и ги казнуваат црнците кои ќе го побараат своето право на слобода. Гевара прашал „како тие кои го прават сето тоа можат себеси да се нарекуваат штитеници на слободата?“.[51]

Че Гевара во говорот ја претставил Латинска Америка како „семејство од 200 милиони луѓе кои имаат исти проблеми“.[51] Најавил дека овие страници од историјата ќе бидат пишувани од „гладни индијански маси, селани без земја и искористени работници“.[51]

Патувања кон крајот на 1964

[уреди | уреди извор]

На 17 декември 1964, тргнал на тримесечно патување низ светот во кое ги посетил Народна Република Кина, Египет каде што го запознал Гамал Абдел Насер, Алжир, Гана, Гвинеја, Мали, Бенин, Република Конго и Танзанија. Накнадно поминал и во Ирска и Чехословачка.

Во Алжир го одржал својот говор на конференцијата за африканско-азијска солидарност.[е] Во тој говор акцентот го ставил на следните три работи:

  • Во светот треба да се воспостави „герилски интернационализам“ позади кој ќе стојат голем број земји во процесот на ослободување и развој.
  • Тој „герилски интернационализам“ морало да се заснова на снагата и бесплатната поддршка и помош од земјите од социјалистичкиот блок, особено државите кои биле производители на оружје.
  • На крај, Че ги критикувал земјите од социјалистичкиот блок, блок кој, според него, се претворил во империјализам [52].

Центарот на блокот на социјалистички земји бил градот Москва и оваа критика била сфатена како предизвикување на Москва од страна на државата Куба, а така било сфатено поради изјавата ја дал токму Че, еден од главните команданти во револуцијата и еден од главните теоретичари на истата. Многу луѓе очекувале односите помеѓу овие две земји да бидат во голема мера влошени. Од патувањето се вратил на 14 март 1965, каде што на аеродромот во Хавана го дочекале Фидел и Раул Кастро.

На 17 јануари 1961, во Конго бил изведен државен удар и бил убиен тогашниот претседател Патрис Лумумба, а на чело на државата дошол диктаторот Моиз Чомбе. Поради тоа, оваа држава претставувала привлечно одредиште за продолжување на ернестовата револуција. Во 1965 Че, заедно со група кубански војници, тајно отпатувал во Конго за да води вооружен отпор против диктаторот. Цела година никој не знаел каде се наоѓа Че, а во медиумите се зачестувале претпоставките дека Кастро, по критикувачките говори на Че пртив СССР, одлучил да го оттргне од политичката сцена и да го ликвидира.[53] Во текот на тој период Че се наоѓал во Конго каде што, заедно со кубански герилци и други револуционери, се обидувал да организира и да спроведе револуција.

37 годишниот Че со афро-кубански колега, војник, за време на кризата во Конго

Меѓутоа, во Конго не постоел воен морал ниту пак волја за побуна, а тоа било во голема мера содржината од писмата на Че до Кастро. Војската била скоро распуштена, дисциплината многу слаба, а воените вежби се состоеле од племенски ритуали. Во едно од писмата за Фидел Кастро, Че напишал:[54]

Не сакаа дисциплина. Кога им реков дека дека обуката ќе се одвива на лице место, тие беа разочарани. Сакаа да одат на обука во Куба или во Кина, таму каде што е сè платено, комфортно и бесплатно, каде што добро можат да се најадат, каде што има пијалак и жени. Кога за време на засилените марширања им побарав да носат храна, сурово ми одговорија дека тие не биле мазги и дека нема да ја носат. Некои од револуционерните војсководци доаѓаа кај мене велејќи ми дека имаат трупи од 1000 и 2000 војници, а накратко потоа се дознаваше дека немаат никој

Гледано од друг аспект, на страната на претседателот се бореле добро организирани групи од белгиски и јужноафрикански платеници, а во последните месеци од неговата борба во Конго се бореле и Кубански емигранти кои примале инструкции директно од ЦИА. Постоеле извори кои велеле дека ЦИА знаела за мисијата на Гевара во Конго, но поради тактички причини не дозволувале тоа да излезе во јаноста..[55] Дури кога властите во Танзанија го скратиле т.н гостопримство на кубанците според одлуката на организацијата на африканското единство[55] и по испратената порака од Кастро за Че во која вели доколку примети дека не може ништо да направи, да се врати дома,[55] и Гевара, по една година од доаѓањето во Конго, во тајност се вратил во Хавана тотално разочаран.

За време на неговото отсуство, на 18 мај 1965, умрела неговата мајка Селија де ла Серна. Погребана била на аристократските гробишта „Реколета“ во Буенос Аирес во присуство на познаници и пријатели. Накратко по враќањето во Хавана, Гевара започнал со подготовки за свое ново револуционерно движење, овој пат во Боливија.

Боливија

[уреди | уреди извор]
Изменетиот лик на Гевара додека го користел тајниот идентитет именуван како Адолфо Мена Гонсалес (1966)

Во Боливија тргнал по деталните подготовки во Куба. За да не го препознаат и да го пуштат преку граница, изгледот на гевара уште во Куба бил драстично сменет. Му биле вградени вештачки заби, му ставиле очила, брада, а брковите си ги избричил, се здебелил и косата му биле скратена за да би изгледал како проќелав човек во средината на својот живот. На 3 ноември, со лажен пасош под лажното име Адолфо Мена Гонсалес, тргнал преку Москва, Прага, Виена, Бразил за да на 6 ноември стигне во Боливија. Таму пристигнал во востаничката база Њанкауасу. Просторот на оваа база, каде што Че направил и терен за воени вежби, претходно бил купен од некои боливијски комунисти по наредба на Фидел Кастро. На ова место го дочекала мала група на кубански герилци. Околу два месеци подоцна, на 31 декември, во базата пристигнал и Марио Монхе, генералниот секретар на комунистичката партија на Боливија. Договорот за соработка не бил потпишан и Че останал да се бори без поддршката на боливиските комунисти.[56]

Во руинираната Боливија кратко пред неговата смрт (1967)

Набрзо потоа владата на Боливија и Вашингтон дознале дека Гевара престојува во Боливија и издале потерница по него која опфаќала 1500 луѓе, некои припадници на боливиската војска, а другите оперативци на ЦИА.[56][57] Во наредните месеци следеле неколку огнени пресметки помеѓу герилците на Че и владините трупи. Нагло започнале поново да му се појавуваат напади од астмата и Че загубил 20 килограми, а селаните се помалку и помалку се придружувале во доброволните одреди. Се покажало и дека месните жители соработуваат со властите, особено кога за тоа биле добро наградувани.[57] Тања „Ла Гериљера“, која од почетокот на зафатот била на страната на Че, сè повеќе го губела моралот и предизвикувала нервоза кај останатите борци.[ж] Во една од посериозните пресметки на реката Рио Гранде, 31 август 1967, војската во заседа убила 10 герилци на Че меѓу кои и Тања „Ла Гериљера“. Една недела подоцна било пронајдено нејзиното мртво тело во реката, а заедно со него и една торба во која се наоѓало нејзиното писмо до својата мајка кое не успеала да го прати:[57]

Драга мајко,
сега почнав да се плашам. Не знам што ќе биде со мене. Можеби ништо, но стравот не сака да ме напушти. Често плачам. Не знам како е да се биде „храбра мајка“. Зар ти беше мајка која се плашеше? Јас повеќе не сум ни жена, ни девојка, туку само мало уплашено девојче

При гонењето на Гевара била ангажирана и специјална единица од составот на осмата дивизија на боливиската армија. Со таа трупа управувал полковникот Хоакин Зентено Анаја. Командант на специјалниот баталјон „зелени берети“ бил полковникот Андреас Селич, со југословенско потекло, кој ја водел операцијата на терен. Вкупно биле ангажирани на 1000 војници. Во борбите кои следеле учествувале и американски експерти за борба против герилци.[з]

Телото на Че по неговата смрт. Фотографијата е направена од оперативец на ЦИА, пред да го изнесат од Ла Игера (9 октомври 1967)

На 8 октомври 1967, во селото Ла Игуера, по кратка и случајна вооружена пресметка, боливиската војска во заседа го фатила Че и еден негов војник. Че бил ранет во ногата и не можел да се брани. Кога војниците сфатиле кого фатиле веднаш му се јавиле на својот претпоставен, Гариј Прада, а тој веднаш телефонирал во Вале Гранде за да го повика полковникот Зентена, командантот на осмата дивизија. Пораката за фаќањето гласела: „Го имаме тато во рацете“.[58] Фатени биле вкупно три герилци: Че, Вили Куба и Хуан Пабло Чанга. Додека војниците чекале да дојдат надлежните, го префрлиле Гевара во локалното школо. Тука прв стигнал полковникот Андреас Селич, а утредента на 9 октомври, пристигнал и агентот на ЦИА, Феликс Родригес (агент на ЦИА со Кубанско потекло кој работел под псевдонимот Феликс Рамос Медина). Со самото пристигнување, агентот веднаш им јавил во Вашингтон каде што го чекале неговиот одговор за да ја потврдат информацијата.

На пладне, истиот ден, од Ла Паза пристигнала шифрирана порака: „Направете пасош за тато“. Низ целата оваа процедура Че не сакал да одговара ништо на испрашување. Возачот на хеликоптерот, Хаиме Нино де Гусман, кој присуствувал во целата акција, подоцна го опишувал Че велејќи дека изгледал ужасно: бил ранет во десниот лист, облеката му била искината, а косата валкана. И покрај тоа, Гусман се сеќава дека: „Че ја држеше главата исправено гледајќи го секој право во очите и цело време бараше да му дадат цигара да запали“. Гусман трвдел дека му паднало жал и дека му дал луле, по што Гевара му се насмевнал и му се заблагодарил.[59] Пред самото извршување на смртната казна Гевара му плукнал во лице на еден од високите офицери кои се наоѓале околу него.[60] За извршувањето на погубувањето била избрана „зелената беретка“ на наредникот Марио Теран. Феликс Родригес му дал инструкции да не пука во главата, туку од вратот, па надолу. Во својата книга „Че Гевара – живот, смрт, легенда“, Борислав Лалич вели дека последните зборови пред стрелањето на Че биле упатени кон нервозниот наредник, велејќи: „Биди озбилен момче, треба да пукаш во човек“.[61] Меѓутоа, Џон Ли Андерсон во својата книга „Че Гевара: роволуционерен живот“ пишува дека последните зборови му биле: „Пукај кукавицо! Ќе убиеш само човек“.[62] Најпрво бил погоден во десната страна од градниот кош. Потоа во десното рано, во ногата, стомакот и во левата страна на градниот кош. Додека ги изговарал своите последни зборови некој војник испукал уште еден куршум во неговиот врат, со што во 13:10 часот Гевара го испуштил својот последен здив.

По смртта

[уреди | уреди извор]

Посмртни остатоци

[уреди | уреди извор]

По смртта на Че, Феликс Родригес присвоил неколку неговите лични предмети меѓу кои и рачниот саат кој потоа го носел на својата рака, покажувајќи го повремено на новинарите.[ѕ] Според други извори, часовникот на Че го зел полконвикот Андреас Селич заедно со неговиот пиштол.[63] Денес, некои од неговите лични предмети, меѓу кои и ламбата на батерии, се во сопственост на ЦИА. Агентот на ЦИА со кубанско потекло, Густаво Виљолдо, на денот на погубувањето отсекол еден прамен од косата на Че за подоцна, во 2007, да го продаде на аукција за 119,500 долари.[64]

По смртта, боливиските лекари му ги ампутирале дланките,[65] а боливиската војска му го однела телото на непозната локација одбивајќи да каже дали бил кремиран или погребан. Целата процедура околу посмртните остатоци на Че ја водел Феликс Родригес, агент на ЦИА, но никогаш не сведочел околу тоа.[66] Дланките му биле ставени во формалдехид и биле испратени во Буенос Аирес за да бидат идентификувани од аргентинската полиција.[65] По завршувањето на идентификацијата дланките биле испратени во Куба. На 15 октомври 1967, Кастро јавно ја објавил смртта на Че и објавил тродневна жалост.[67] Три дена подоцна Кастро и се обратил на нацијата говорејќи пред над еден милион луѓе во Хавана, а во говорот бил опишан револуционерниот лик на Че.[67]

Кон крајот на 1995, пензионираниот генерал Марио Вергас во разговор со Џон Ли Андерсон му кажал дека Гевара бил погребан кај старата аеродромска писта во Вале Гранде. Меѓународен тим на истражувачи копал на таа локација повеќе од една година за подоцна, во јули 1997, тим од кубански геолози и аргентински форензичари, да ги најдат остатоците од 7 тела во две масовни гробници, а едното од телата било без дланки. Боливискиот министер за внатрешни работи го идентификувал телото на Гевара по проверката на забите кои „совршено се вклопувале“ со забите кои Че ги оставил во Куба пред да замине на мисијата во Конго. Меѓутоа, во времето на ископувањето се појавил и Гари Прадо, тогашен генерал во пензија, тврдејќи дека овие изјави се лажни и дека телото на Гевара е кремирано, а пепелта е расфрлена по планините. Наредбата за кремирање на телото пристигнала директно од кабинетот на тогашниот претседател на Боливија, Рене Бариентос.[68] Уште еден сведок, Марселино Карденас, кој за време на процесот бил чувар на мртвото тело на Че, трвел дека посмртните остатоци не се негови. Тој вели дека дланките му биле отсечени поради идентификација на еден од герилците на Че кој бил убиен кај реката Рио Гранде, а ископаното тело без дланки било сигурно негово.[69] Сепак, на 17 октомври 1997, остатоците за кои се сметало дека се на Че, заедно со останатите 6 ископани тела, биле погребани со воени почести во посебно изграден мевзолеј во кубанскиот град Санта Клада каде што Че ги водел своите трупи за време на кубанската револуција.[70]

Учеството на САД во одлуката за убиството

[уреди | уреди извор]
Споменик на Че Гевара во Санта Клара со натписот „Hasta la Victoria Siempre!“ (мак. „До конечна победа“)

ЦИА и американската влада се дистанцирале од одлуката за погубувањето на Че; во меморандумот кој советникот за национална безбедност Волт Витмен Ростоу го испратил на тогашниот претседател Линдон Б. Џонсон вели дека: „некој донел идиотска одлука за Че Гевара да биде погубен“.[71] Меѓутоа, Феликс Родригес, кој подоцна тврдел дека од Вашингтон добил наредба за Че да биде сочуван жив, лично од Ла Паза ја пренел шифрираната порака „Направете пасош за тато“, што значело смрт за Гевара.[71]

Дневникот од Болвија

[уреди | уреди извор]

На Гевара му бил одземен и неговиот дневник кој го водел во Боливија, а се состоел од околу 30.000 зборови на шпански јазик, напишани на рака, вклучувајќи и избор од негова поезија и краток расказ за „младата комунистичка герилка која учи како да го победи стравот“.[72] Дневникот содржел описи околу герилската акција во Боливија.[73] Првиот запис бил направен на 7 ноември 1966, накратко по неговото пристигнување во Боливија, а последниот е напишан на 7 октомври 1967, еден ден пред да биде фатен. Во дневникот е опишано како герилците морале да започнат со својата операција многу порано поради тоа што боливиската војска го открила нивното присуство, се објаснува зашто Гевара ги поделил герилците во два одреда кои подоцна не можеле да воспостават контакт, а исто така е опишан и целосниот неуспех на операцијата. Во дневникот е опишано и несогласувањето помеѓу него и комунистичката партија на Боливија поради што Гевара имал многу помалку војници отколку што очекувал. Порај тоа, Гевара ги објаснил и проблемите со регрутирањето на нови војници, проблем кој најмногу бил потикнат поради тоа што тие најмногу го учеле кечуанскиот јазик, наместо јазикот кој се говорел во тоа подрачје на земјата, односно гварански јазик.[74] Во своите последни денови од животот Гевара станувал и сè по болен. Добивал напади на астма и некои од последните извршени напади биле со цел да се земат лекови.[75]

По смртта на Че, некои фирми ��онудиле 125.000 американски долари за да ги преземат авторските права за објавување на неговиот дневник. На 1 јули 1968, дневникот бил објавен во Куба и бил дистрибуиран бесплатно. Неговиот дневник бил брзо преведен и дистрибуиран низ целиот свет. Откако светската јавност дознала за смртта на Гевара, ги видела неговите посмртни слики и личниот дневник, ширум светот започнале да се организираат демонстрации поради начино на кој боливиската војска и американците ги третирале воените заробеници. Се пишувале артикли, посвети, а дури и песни за неговиот живот и смртта.[76][77]

Културно наследство

[уреди | уреди извор]
Палестинци со маици на кои е исцртан ликот на Гевара
Статуа на Че на местото каде што е убиен, селото Ла Игуера, Боливија
Споменик на Гевара во Ла Игуера

И неколку децении по смртта на Че, неговиот живот и дела остануваат инспирација за многу луѓе.

Британскиот политичар Џорџ Галовеј во една прилика изјавил: „Една од најголемите грешки кои САД некогаш ги направиле е тоа што ги објавија сликите од мртвото тело на Че. Неговиот изглед кој потсетува на Исус Христос обезбедува широко распространета револуционерна порака не само кон бунтовничките студенти, туку и кон срцата на верниците...“.[78] Магазинот „Економист“, исто така, ги споредил сликите на мртовото тело на Че со сликата на Андреа Мантења, „Мртвиот Христос“, а и Борислав Лалич во својата книга „Че Гевара“ една од тие слики ја споредил со сликата на Ханс ХолбајнТелото на мртвиот Христос во гробницата“.[79] На тој начин, Че Гевара станал светец на денешницата кој двапати го ризикувал својот живот за земји кои не биле негови и го изгубил животот во борба за една таква земја.[80]

Нелсон Мендела го сметал Че за „инспирација на секој човек кој ја сака слободата“.[81] Жан-Пол Сартр го опишал како „најцелокупен човек на негови години: живееше со свои зборови, говореше со своите дела, неговата приказна и приканзната за светот течеа паралелно“.[81] Во Аргентина многу средни школа го носат неговото име.[82] Колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес за Че Гевара рекол: „Би можел да пишувам илјада години на милион страни за Че Гевара“.[81] Во филмот „Марадона“ на Емир Кoстурица, славниот фудбалер ја покажува тетоважата на Че Гевара поставена на десното рамо и тетоважата на Фидел Кастро на листот од левата нога. Во Боливија, особено во областа каде што е убиен, Че Гевара, исто така, има статус на светец. Во селото Ла Игуера, месниот жител Мануел Кортес, го искажува распространетиот став со зборовите: „Како да е жив и меѓу нас, како пријател. Тој нас ни е како Дева Марија. Ние викаме: »Че, помогни ни за земјата добро да роди« и секогаш имаме добар плод“.[83][84] Таму селаните често го нарекуваат и „Свети Ернесто од Ла Игера“ (шпански: „San Ernesto de La Higuera“). Една песна на американската музичка група „Suicide“ од 1977 година е наречена „Че“ (англиски: Che).[85]

Во Куба, Че се смета за еден од најголемите народни херои (за многу од жителите и како светец).[86] Таму сè уште се сеќаваат како бесплатно работел градежнички работи и како учествувал во сечењето на шеќерните трски.[87] И денес, на кубанските пари се наоѓа негова слика во која со меч сече шеќерни трски. Фидел Кастро го нарекува „човекот со длабоки идеали, човек во чиј ум владееше сонот за борба“.[81]

Од друга страна, неговите противници го нарекуваат промотор на пропаднати идеологии и груб убиец.[88] Америкианскиот глумец Енди Гарсија кој има кубанско потекло, во 2004 изјавил дека „за Че се збори позитивно во текот на сите овие години, но постои и темна страна на приказната... тој изгледа како рок ѕвезда, но има погубено многу луѓе без судење и без одбрана“.[89] Филмот на Гарсија, „Изгубениот град“, кој наводно е забранет во неколку латиноамерикански земји, прикажува како некому му изгледа бруталноста во Куба пред и после револуцијата.[90]

Нековиот лик се штампа на многу предмети како маици, капи, шалови, шољи, тетоважи, бикини итн., а иронијата во сето тоа е што тој се борел против оваквиот потрошувачки систем. Неговиот татко, Ернесто Гевара Линч, изјавил дека е многу лут на новинарите и разни фабриканти кои бездушно го експлоатираат митот за неговиот син и го распродаваат низ светот.[91] Како и да е, Гевара останал симбол за многу млади луѓе низ светот.[92]

Архивиран материјал

[уреди | уреди извор]
  • Интервју со Гевара од 1964 при посетата на Даблин (2:53); архива на Радио-телевизија на Ирска; Гевара збори на шпански, преведувач преведува на англиски (видео)
  • Видео од 2001: Че: Устражувачка легенда (англиски - „El Che: Investigating a Legend“), англиски преводи:

Хронологија на животот на Че Гевара

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • а Во својата книга „Че Гевара“, на 52 страница Борислав Лалич пишува: „Че Гевара не пристигнав во Мексико од Гватемала како ново роден револуционер бидејќи во Гватемала не ни имало револуција, но таму тој сè повеќе му созревало сфаќањето дека лекарската диплома нема да му ја одреди животната судбина.“
  • б прекарот „Че“ се користи во Мексико, цела Латинска Америја, а најчесто е користен од Аргентинците каде што оваа изрека се говори во секојдневниот живот на граѓаните. На македонски јазик тоа би значело нешто како „пријател“ или „ортак“.
  • в Чинот „el comandante“ во војската на Кастро го претставувал чинот „мајор“ што претставувал највисок воен чин. Кастро го имал истиот тој чин, а дури 20 години подоцна, кога Гевара повеќе не бил жив, Кастро го прифатил чинот „генерал“ и ја облеков соодветната униформа.
  • г Андерсон (1997) наведува дека бојот на каснети со смртна казна, конкретно во затворот „Ла Кабана“, бил 55 затвореници. (стр. 387). Исто така, пишува и дека вкупниот број на официјално убиени луѓе низ Куба изнесувал неколку стотини (стр. 387). Со овие броеви се согласува и Армандо Лаго кој во својата скрипта ги има напишано погубените од 1957-59 со точни имиња и презимиња, односно именувани се 196 особи, а 20 се непознати. (цел документ[мртва врска])
  • д Гевара побарал јапонската влада да му одобри посета на Хирошима, но кога тие го одбиле неговото барање, Гевара тајно го напиштил својот хотел во Осака и со воз, навечер, отпатувал во Хирошима со својот помошник Омар Фернандес.
  • ѓ Дејвид Сендисон, на 66 страна од својата книга „The Life & Times of Che Guevara“, пишува дека, од класичната музика, најомилен му бил Бетовен.
  • е Подоцна се потврдило дека овој говор во Алжир му бил последниот јавен меѓународен настап.
  • ж Хајди Тамара Бунке Бидер, под прекарот Тања, е родена во Буенос Аирес со германско-полско потекло, а само во кругот на пријателите била Тамара Бунке; на патувањата во Европа и Јужна Америка носела пасош со името Хајди Бидел Гонсалес, во Берлин се појавила со пасош на кој била именувана како Марта Иријарте, а во пролетта, 1963, во Куба добила идентификациони подкументи под името Тамара Лоренсо.
  • з Некои од стручните лица пристигнале од САД, а другите од американската „Јужна команда“ во Панама, тренирани латиноамерикански трупи за борба против тероризам и герилци.
  • ѕ По победата во кубанската револуција, пријателот на Че, Оскарито Фернандес Мел, видел дека тој нема саат, па му го поклонил својот златен рачен часовник, марка Ролекс.[93]
  1. http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/7/78/Ernesto_Guevara_Acta_de_Nacimiento.jpg
  2. „Partido Unido de la Revolución Socialista de Cuba“, скратено „PURSC“.
  3. Hall 2004. "Ernesto "Che" Guevara, an atheist, has been reborn a saint in the desolate Bolivian village where he was captured and executed nearly 37 years ago. Like many a saint, he's also a tourist draw."
  4. Sanati 2007. „Mostafa Chamran“
  5. Holmes, Stephanie (2007). „-{Che: The icon and the ad}-“. -{BBC News}-. Посетено на 18 мај 2011.
  6. „-{Che: Ultimate icon of revolution}-6“. -{WordPress}-. 2008. Посетено на 18 мај 2011.
  7. -{Spanner}-, -{Huw}-. „-{Icon of the Month: Che Guevara}-“. -{ThirdWay}-. Посетено на 18 мај 2011.
  8. 8,0 8,1 -{Ignacio}- 2007, стр. 177.
  9. -{Dorfman}-, -{Ariel}- (1999). „-{Time 100: Che Guevara}-“. Time. Посетено на 18 мај 2011.
  10. Академија за уметност во Мериленд, пренесува „BBC“: „Che Guevara photographer dies“}-. Прегледано на 18 мај 2011.
  11. 11,0 11,1 -{kirjasto.sci.fi}-: Че Гевара — кратка биографија Архивирано на 10 мај 2009 г.. Проверено на 18 мај 2011.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Лалич - 2006, стр. 26
  13. Сендисон - 1998, стр август
  14. Андерсон - 1997, стр. 36.
  15. 15,0 15,1 15,2 Лалич - 2006, стр. 27.
  16. -{HyperHistory.net: Guevara, Che Ernesto}- Архивирано на 5 јуни 2009 г.: „-{...[Guevara] applied for the Argentine army before applying for university, but was rejected because of his asthma.}-“. Проверено на 18 мај 2011
  17. „Канал 4: Мотоциклистички дневници (само текст)“. Издавател „Channel4.com“. Архивирано од изворникот на 2008-06-14. Посетено на 18 мај 2011.
  18. Бестселери „New York Times“, 18 мај 2011.
  19. „On Revolutionary Medicine“; Говорот на Гевара кон кубанската војска на 19 август 1960.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 Лалич - 2006, стр. 29.
  21. 21,0 21,1 21,2 Лалч - 2006, стр. 49-50.
  22. Државно одделение на САД, архива.
  23. 23,0 23,1 Гадеја, Хилда (2008). „-{Rebel Wife}-“. The Washington Post. Посетено на 18 мај 2011.
  24. Таибо - 1999, стр. 31.
  25. Таибо - 1999, стр. 55.
  26. Андерсон 1997, стр. 194.
  27. 27,0 27,1 27,2 Гевара - 1963, стр мај
  28. Лалич - 2006, стр. 60.
  29. Андерсон - 1997, стр. 213.
  30. Архива на „The New York Times“: „Кубанските востаници во нивното скривалиште. Проверено на 18 мај 2011
  31. -Кастанеда - 1998, стр. 105 и 119.
  32. Кстро - 1972, стр. 439-442.
  33. -Доршнер - 1980, стр. 41-47, 81-87.
  34. Сендисон - 1996, стр. 39.
  35. Андерсон - 1997, стр. 397.
  36. Гомес - 1991, стр. 115-116.
  37. Андерсон - 1997, стр. 372, 425.
  38. Андерсон - 1997, стр. 376.
  39. Најс - 2007, стр. 61.
  40. Таибо - 1999, стр. 267.
  41. „Aide reveals Che Guevara's secret trip to Hiroshima“ Архивирано на 15 февруари 2009 г. (14 октомври 2007)
  42. „DocStoc: Che“. Проверено на 18 мај 2011
  43. Кубанска архива, Ла Кубре екплодираше во Хавана, 1960. Проверено на 18 мај 2011.
  44. „pbs.org: Che Guevara (1928-1967)“. Проверено на 18 мај 2011.
  45. Социјализам и човек во Куба, Запис на Гевара од март 1965 година. Проверено на 18 мај 2011.
  46. Кастанеда - 1998, стр. 264-265.
  47. Лалич - 2006, стр. 70
  48. Сендисон - 1996, стр. 66
  49. Андерсон - 1997, стр. 492
  50. 50,0 50,1 Андерсон - 1997, стр. 545.
  51. 51,0 51,1 51,2 51,3 Говорот на Ернесто Че Гевара на конференцијата на ОН, 11 декември 1964 година. Проверено на 18 мај 2011.
  52. Гевара - 1969, стр. 352–359
  53. Лалич - 2006, стр. 75
  54. Лалич - 2006, стр. 87
  55. 55,0 55,1 55,2 Лалич - 2006, стр. 91
  56. 56,0 56,1 Лалич - 2006, стр. 248
  57. 57,0 57,1 57,2 Лалич - 2006, стр. 108-110
  58. Лалич - 2006, стр. 120
  59. О. Тамајо}-, Хуан (19979). „„The Man Who Buried Che". Издавател „Miami Herald“. Посетено на 18 мај 2011. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  60. Мајкл - 1968, стр. 33.
  61. Лалич - 2006, стр. 127
  62. Андерсон - 1997, стр. 739
  63. Лалич - 2006, стр. 177-178.
  64. Лејси, Марк (2007). „„Lone Bidder Buys Strands of Che's Hair at U.S. Auction"6“. Издавател „The New York Times. Посетено на 18 мај 2011.
  65. 65,0 65,1 Андерсон - 1997, стр. 742
  66. Лалич - 2006, стр. 153
  67. 67,0 67,1 Андерсон - 1997, стр. 740-741
  68. Лалич 2006, стр, 154
  69. Лалич - 2006, стр, 156
  70. Предлошка:Наведени вести7
  71. 71,0 71,1 Лалич - 2006, стр. 186
  72. „„Bidding for Che". Издавател „Time“. 19675. Архивирано од изворникот на 2013-08-26. Посетено на 18 мај 2011. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  73. „Guevara, Ernesto "Che" (1967b). Diario (Bolivia)“. 1966–1967.
  74. Рајан - 1998, стр. 45
  75. Рајан - 1998, стр. 104
  76. Карлос Пуебло, „-{Carta al Che Архивирано на 16 октомври 2005 г.}-“ (проверено на 18 мај 2011)
  77. Карлос Пуебло, „-{„Hasta Siempre, Comandante“}-“ (проверено на 18 мај 2011)
  78. „Џорџ Галовеј: Дали Че треба да биде икона? Да!“. Издавател „The Independent“. 2007. Посетено на 18 мај 2011.
  79. Лалич - 2006, стр. 171
  80. „„Che Guevara: modern saint and sinner"1“. Издавател „The Independent“. 2007. Посетено на 18 мај 2011.
  81. 81,0 81,1 81,2 81,3 Че Гевара. „hey-che.com: Другите за Че“. Издавател „Hey-che.com“. Архивирано од изворникот на 2010-10-23. Посетено на 18 мај 2011.
  82. Попер, Хелен (2008). „„Argentina pays belated homage to "Che" Guevara". Reuters. Посетено на 18 мај 2011.
  83. Хол, Кевин (20047). „„In Bolivia, Push for Che Tourism Follows Locals' Reverence"“. Издавател „Common Dreams.org“. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help); |access-date= бара |url= (help)
  84. Лалич - 2006, стр. 202
  85. Discogs, Suicide – Suicide (пристапено на 4.5.2021)
  86. „„Che Guevara remains a hero to Cubans". Издавател „People's Weekly World“. 2004. Архивирано од изворникот на 2009-05-27. Посетено на 18 мај 2011.
  87. Валдес, Роса Тања (2007). „„Cuba remembers Che Guevara 40 years after his fall". Издавател „Reuters“. Архивирано од изворникот на 2008-02-13. Посетено на 18 мај 2011.
  88. „Отворено писмото на Пакита д'Ривере Карлос Сантана“.
  89. Дејвидсон, Питер (2006). „Енди Гарсија ја раскажува неговата Кубанска приказна“. Издавател „newsmax.com“. Посетено на 18 мај 2011.
  90. Лопес, Кетрин Џин (20066). „„Don't Let This Movie Get Lost". Издавател „National Review Online“. Архивирано од изворникот на 2009-01-13. Посетено на 18 мај 2011. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  91. Лалич - 2006, стр. 200-201
  92. О'хејган}-, Син (2004). „„Just a pretty face?"1“. Издавател „Guardian“. Посетено на 18 мај 2011.
  93. Лалич - 2006, стр. 184

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Лалич, Борислав (2006). Че Гевара — живот, смрт, легенда. Издавател - Компанија Новости АД. ISBN 86-7446-122-0.
  • Таибо II, Пако Игнасио (1999). „Guevara, Also Known as Che“. Издавател „St Martin's Griffin“. 2 едиција. стр. 691. ISBN 312206526 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help).
  • Андерсон, Џон Ли (1997). „Che Guevara: A Revolutionary Life“. Њујорк: Издавател „Grove Press“. ISBN 0-8021-1600-0.
  • Кастанеда, Џорџ Џ. (1998). „Che Guevara: Compañero“. Њујорк: Издавател „Random House“. ISBN 0-679-75940-9.
  • Рамонез, Игнасио (2007). „Fidel Castro: My Life“. Лондон: Издавател „Penguin Books“. ISBN 978-0-1410-2626-8.
  • Гомес Трето, Раул (1991). „„Thirty Years of Cuban Revolutionary Penal Law". Издавател „Sage Publications, Inc.“. Посетено на 26 мај 2009.
  • Најс, Френк (2007). „Che Guevara“. Издавател „Haus Publishers Ltd“. ISBN 1-904341-99-3.
  • Реј, Мајкл (1968). „„In Cold Blood: The Execution of Che by the CIA"“. „Ramparts Magazine“.
  • Бокмен, Лери Џејмс (1984). „The Spirit Of Moncada: Fidel Castro's Rise To Power, 1953-1959“. Издавател „Marine Corps Command and Staff College“.
  • Кастро, Фидел (1972). „Revolutionary Struggle 1947–1958“. Кембриџ, Масачусетс, Лондон: Издавател „MIT Press“. ISBN 0-262-02065-3.
  • Доршнер, Џон и Роберто Фабрицио (1980). „The Winds of December: The Cuban Revolution of 1958“. Њујорк: Издавател „Coward, McCann & Geoghegen“. ISBN 0-698-10993-7.
  • Сендисон, Дејвид (1996). „The Life & Times of Che Guevara“. Издавател „Paragon“. ISBN 0752517767.
  • Гевара, Ернесто „Че“ (1969). „Che: Selected Works of Ernesto Guevara“. Кембриџ, Масачусетс: Издавател „MIT Press“. ISBN 0-262-52016-8.
  • Гевара, Ернесто „Че“ (2005) [1963]. „Ocean Press/Brian Basgen“ (уред.). „Reminiscences of the Cuban Revolutionary War“ (англиски). преведено од Александра Кибли. Издавател „Ocean Press“.
  • „Надворешни работи на САД, Гватемала, 1952-1954“. објавени документи на ЦИА, меморандуми и преписи. издавател - Државниот оддел на САД. 24 април 1954. Посетено на 27 мај 2009.
  • Рајан, Хенри Батерфилд (1998). „The Fall of Che Guevara: A Story of Soldiers, Spies, and Diplomats“. Њујорк: Издавател „Oxford University Press“. ISBN 0-19-511879-0.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]


Статијата „Че Гевара“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).